локален (прид.) - раководител (имн.)

Во мојот живот ја наследив и јас близината на локалните раководители на јужната Народна Република Македонија, потоа на другите владетели како Тито, па подоцна во моите дипломатски години покрај Бургиба и Јасер Арафат, Франсоа Митеран, Марио Суареш, Хуан Карлос Втори II, во чија близина ќе се најдам од 1984 до 2000-та.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како да сум го зел врз себе непостоечкиот татков аманет да ја продолжам потрагата, да ја довршам неговата невозможна историја, која сама по себе криеше една голема, глобална метафора, која ме доближуваше до филозофските размисли на Емил Сјоран за владеењето...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Откако Јагулче Дримски се прослави во овие задачи во градот на истекот на реката од Езерото, локалните раководители, со согласност од погоре, му ја доверија историската улога да раководи, не само со луѓето, туку и со водите, со водите на Езерото, со водите на реката, со водите на сите притоки што се влеваа во реката и Езерото. Беше херој на суво, а не на води.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се почувствува, мигум, дека е посилен од сите локални раководители, стигнуваше до републичкиот секретар задолжен за економскиот развој на земјата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)