Но мене тоа воопшто не ми пречеше. Неговата лојалност кон работата предизвикуваше дури и чувство на сигурност. Добиена телеграма од шефот на државата со порака до новиот шеф на државата обврзуваше.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Исклучително брзото давање на визата сигурно не ќе беше најдобро за мене поради овдешните, кои тајум се сомневаа на мојата лојалност кон нив.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Локалот се броеше во квазидисидентски, ама одвреме – навреме, како и цела земја мораша да ја покаже својата лојалност кон режимот, и најзгодно му беше со пуштање на маршот на гардата.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
А татко ми, како дојденец, туѓинец во овој град, не беше мигрант како сите козари, туку емигрант, човек што ја минал границата, па мораше да биде видливо лојален, да не се замери, за еден ден, со семејството да го добие бараното државјанство, да добие потврда за лојалност кон новата земја.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)