Што било запалено таа ноќ догорело, пепел се сторило, саде диреците и гредите покривни уште чадат - лут чад ги гори очите и грлото.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Наоколу се рашири бел, лут чад.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се најде себеси, исправен, со пушката в раце, како со прстот в уста, доста подоцна, откако оној голем самјак се искри зад сртот, и сѐ што можеше да стори, беше да запали уште една од своите ретки цигари, а за сето време, додека повлекуваше од лутиот чад, во него се надигнуваше еден друг инает, кој за миг го смени она глупо чувство и го исполни до врвот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Како низ лут чад што штипе во очите, пред поткосените коленици му се прелеваа една во друга некои сцени препознатливи, а далечни: замрсено клопче од отуѓени луѓе со забавени движења што плетка нешто во безгласна кавга каде да се легне мртовецот - дали да остане на троседот или да се испружи на масичето со висната глава и подвиткани колена додека да дојде нарачаниот ковчег; помалиот син, Гоце, кого не можат да го одвојат од постариот и кој не само што му ја стиска туку и му ја тресе раката, постојано повторувајќи „бате, бате” во пуста надеж дека некако ќе го разбуди; жена му, не помирена ами умртвена од смирувачките средства, веќе забрадена во црна шамија, одеднаш остарена, преполовена и смалена, стопена како грутка снеговна на дланка, со прачки од раце во празниот скут; свеќата што гори над дамкосаното чело на Нако, што станува восочно до проѕирност; миризбата од козметиката на снаата, нешто меѓу темјан и колофониум; мувла од пештерска црква, а сè во мансарда од новоградба; испиени лица на светци од икони а само смртни грешници со подуени модрини под очите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Не вадејќи ја цигарата од големата уста ја цицаше и ми дуваше в лице лут чад.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)