Исто така, поразително е сознанието дека македонските су- дии, дури и оние од повисоките судови, образовани во духот на правниот позитивизам, при [не]примената на гарантираното т.н. сиромашко право, за чиешто искористување е потребно да се соберат еден куп документи – не ја следат ниту судската пракса на Европскиот суд за човекови права, чијашто јудикатура е задолжителна за сите полноправни земји-членки на Советот на Европа, меѓу кои е и нашата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, скапотијата на водењето судски спор во РМ, во голе- ма мера, делува одвраќачки и демотивирачки при помислата на граѓаните или работниците, по институционален пат, да бараат решавање на проблемите, па дури оди дотаму што барањето прав да преку суд се гледа како свовиден луксуз.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4) Прескапи судски такси, трошоци и тарифи и непристапност до судовите поради недостиг на финансиски средства Присуството на овој системски проблем, на којшто ДСП „Ленка“ укажува во повеќе наврати, само се потврди со оваа студија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)