македонски (прид.) - организација (имн.)

И така Револуционерниот комитет беше чисто македонска организација по произлез и по неговиот состав, но тоа беше само работа на еден дел од една од македонските националности, врзана по име и по црковно-училишните работи со бугарскиот народ и држава и нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дел од македонските борци и активисти не сакале да ја прифатат донесената одлука.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Само еден месец по склучувањето на договорот во Плака, а согледувајќи дека се загрозени грчките национални интереси, во април 1944 КПГ донела одлука за расформирање на македонските организации СНОФ и СОВ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И во двете беа споменати македонските организации: НОВ, АФЖ и НОМС, како туѓи агентури и подривачи на комунизмот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По тој случај, ја растурија македонската организација СНОФ и ги затворија нејзиниот прв и втор секретар. Апостола Макаровски и Силјана Лилјаков.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наместо да ја открива подривачката дејност на македонските организации, тој, вели, тргна по стапалките на Апостол Макаровски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Горачинов зема здив да продолжи: — Јас, иако сум Македонец, вели, досега не сум се вклучил во македонските организации.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На 23 април, истата година, беше формирана и македонската организација НОФ (Народноослободителен фронт) во чиј состав дејствуваа и македонските организации АФЖ (Антифашистички фронт на жените) и НОМС (Народноослободителен младински сојуз).
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во тој контекст била и анализата на разузнавачите на ОСС за македонските организации во Бугарија и за односот на бугарските партии спрема иднината на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во својот извештај од 9 јуни 1944 година тие ќе истакнат дека "Бугарските Македонци, а особено членовите и симпатизерите на ВМРО, најмногу би сакале Македонија да ја видат инкорпорирана во една независна и суверена Бугарија", но сметале дека "во случај Бугарија да стане советска република, тогаш ќе треба или да остапи територии што во моментот се окупирани или ако Македонија повторно биде поделена или парцелизирана, да речеме меѓу Грција и Југославија итн., погоре споменатите партии би прифатиле една автономна Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Македонските организации Захаријадис заедно со својата дружина порано ги беше отпишал, но овој пат им дојде часот сосема да ги столчи заедно со азбуката и јазикот. Рече дека се титови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)