македонски (прид.) - училиште (имн.)

ДРУГИ КОНФЕСИИ ВО МАКЕДОНИЈА
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На тој начин, борејќи се за создавање на македонска самостојна црква и македонски училишта со народен јазик, македонскиот народ настојувал да ја зачува националната и културната самобитност.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Радоста што ја чувствуваше Пелагија, мајката, а која не сакаше да ја споделува со мајката Перса, се должеше на можноста што нејзината ќерка ќе учи во македонско училиште.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Греота е децата вратени во Македонија да не можат да одат на македонски училишта, а онде во Гаково, иако заградени со Срби и Маџари, да учат на македонски.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Набргу беа отворени околу 87 македонски училишта со десет илјади ученици — на крајот од истата година и привремената влада на Грција на Македонците им призна право на целосна рамноправност и слободен национален развиток.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така ни велеше. А нашата учителка во декември 1947 година, кога се отворија македонските училишта, постојано ни велеше дека нашите татковци и браќа се борат за Македонија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од нив тогаш ги учевме тие песни и ги повторувавме и на часовите по мајчин јазик во тукушто отворените македонски училишта во нашите места и гласно ги пеевме и во домовите и на прошетките таму во туѓи места...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)