мал (прид.) - град (имн.)

Се разбира, Кавала не може да се разгледа за едно претпладне, или за еден ден, само додека грее сонцето, затоа што таа не е мал град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа не му го кажав на загрижениот директор на центарот за култура затоа, пак, тој ме извести дека пред некој ден, во еден, исто така, мал град се откажала театарската претстава поради тоа што во салата немало никој, ама баш никој што би можел да се регистрира како театарски консумент, просто речено, како публика.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Стоевме на влезот на Центарот за култура во еден мал град. Директорот на центарот, за цело време додека разговараше со мене, погледнуваше кон влезната врата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ако сакате да ја зголемите Земјата трипати, со џиновска кристална јама во средината, во неа да ставите огромен пулсирачки козји меур, а на него пак мали гратчиња, поврзани со златни пруги, по коишто со возови би се возеле мали хармоникаши - би можеле таков свет навистина и да направите!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Она што го гледаш е пулсирачки козји меур, а слика што компјутерот ја создава и на него пак мали гратчиња, ти ја праќа на екраните на очилата поврзани со златни пруги, по секоја дваесетинка од секундата. коишто со возови би се возеле Кога ќе ја свртиш главата на лево, мали хармоникаши - таков сензорот го известува компјутерот и свет можете да направите! тој соодветно на движењето на главата okno.mk | Margina #17-18 [1995] 95 ја преместува сликата на околината на десно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во информациите од разни новински агенции се истакнувало дека македонските патриоти во Македонија предизвикале "паника меѓу населението на неколку области" и дека "стотина патриоти ги нападнале полицијата и бугарските гарнизони покрај југословенската граница".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Така, на 14 септември 1942 година, „Њујорк тајмс“ ја пренесува веста преземена од Шведското телеграфско биро од Софија, имено, дека во „Бугарска Македонија избила крвава побуна“ во која „востаниците ги убиле сите бугарски службеници во неколку мали градови“ со оружје „добиено од непријателски авиони, кои се изгледа руски“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Така е, на чесен збор: во малите градови осамените и тажните се кловнови за луѓето, за оние луѓе што строго го поделиле животот на печалба, сопружничка должност и спокојство крај полната софра. Во малите градови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Новото Габреш е мало гратче со основно училиште, гимназија, пошта, банка, нова црква, аптека, неколку кафеани, водовод, канализација, струја, асфалтирани улици, полициска станица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Патуваше така Зоки од еден мал град во едно големо село, па покрај една широка река до едно долго море, дојде во една тесна улица, а потоа изби на еден малечок плоштад, па виде една ниска планина и се искачи на една висока рамница, и сѐ така патуваше и патуваше по целиот, по целиот свет...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Неодамна видов една картичка што ги определува координатите на сопственикот со три реда бројки: бројот на поштенскиот фах; телефонскиот број и E-mail адресата: John Miller 90210-5499 (212) 555 1212 100322, 9999 И додека во малите градови луѓето сè уште знаат каде живеете и можат да ве упатат ако барате некого (свртете десно зад амбарот...) основната конверзација денес се одвива околу начинот на кој се праќаат пораките од Compuserve, via Internet, до некој друг систем.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)