Но времињата се изменија... Во ноќта, во малиот дел од ноќта што им преостануваше, Татко ѝ ја откри на Мајка можноста, во Битола, да се кријат сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Се погледна на малиот дел од огледалото, другиот беше зафатен од книгите кои, се чинеше, веќе се движат низ собата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мајка, која везден ја чистеше насобраната прав од книгите, продолжи со сите нас, децата, тажно да ги прелистува книгите, гледајќи н како се мачиме и никако не можеше да ни ја смират гладоста ниту нејзините волшепства кога со преостанатиот мал дел од брашното од изминатиот месец и разретченото масло правеше вкусни пити.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Весниците што стоеја на неговата маса, под очилата, тоа лето добија жолто-сива боја, како бастросан тутун, а од првите есенски дождови накиснаа и се распарчија, и во мали делови се лизнаа по влажниот плочник, а потоа се изгубија надолу, завлечени во брзакот на реката.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Јас сум некое мало делче од исушените ливчиња на работ од монетата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Зошто секоја индивидуална енергија е мало делче од Кришна, т.е. од севишната и семоќната енергија.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тој се дал на вежбање со тегови, додека доблерот за мерење притисок му е закачен како поштарско торбиче, прави склекови со „Космодиск“ на грбот и малиот дел закачен на ’рбетот кој изгледа шашаво, но е делотворен.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Розево – црвен беше и малиот тепих, кој покриваше мал дел од блескавиот паркет, за кој Александар знаеше дека е поставен пред некој месец (Тодор мораше да и одобри на Бојана неколку слободни дена од работа, затоа што дома има мајстори).
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Иако Жилберт&Џорџ ја нагласуваат употребата на боја како револуционерно продирање, мошне копирано во рекламирањето и модата, таа не го продолжува неопходно нивното само- истражување.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ова беше уште поочевидно во раната фаза на нивната работа, кога се испраќаа себеси надвор во светот во мали делчиња, на пр. како разгледници, книги или филмови, малечки сувенири, потсетници за нивното постоење.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Издржи го засркнувачкото голтање
на фалусот на смислата
лизгавото освојување на бескрајот
во овој мал дел од времето во кое
смртта се лечи од комплекс на ниска вредност
и се докажува врз јазичето на живите
и кога затвора
и кога отвора.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)