Влеговме во собата и гледавме во влажните ѕидови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Госпоѓа Изабел ми покажа со раката кон малиот ходник каде што некогаш беше мојата соба.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Во малиот ходник во кој мирисаше на мувла една врата беше подотворена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мојата соба имаше засебно купатило, а беше одделена од останатиот дел од станот со еден мал ходник Изабел ширум ја отвори вратата од мојата соба и ми објасни што сѐ има во неа, а потоа се повлече.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Живеам среде збегот, неколку тајфи на првата плоча, неколку на втората, многу повеќе во подрумите, испреградени меѓу себе, со мали ходничиња затнати со темница колку да се стигне до сопственото брложе.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)