Наеднаш една пријатна мисла му го згреа малечкото срце.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Добриот сон пак се јавуваше, желбата за слобода и Сентерлевиот рид ништо не можеше да ја уништи во нашите малечки срца.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ја мазнеше неговата мека козинка со својот образ, чувствувајќи како брзо и преплашено му првка малечкото срце, а потоа леко го сложи на тревата пред себе.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Но откако се смири малку, откако сети дека топлината на сонцето, добрината на дабот, јасиката и целиот шумски свет му го топлат малечкото срце, славејчето срона таква чудесна песна каква што порано никогаш не се беше слушнала во гората.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)