малечок (прид.) - ќе (чест.)

На малечкиот ќе му направам двоколка од шишарки. Со тркала од кората на тикви.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но кога како малечок ќе се заразиш со пакосниот цинизам на цртачот Мањус и сценаристот Бункер, остатокот од животот го поминуваш гледајќи го светот низ шареноликата призма на црно-белиот аланфордовски свет.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И ОД НАС ЌЕ СТАНАТ ЛУЃЕ
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Најмногу заради малечкиот ќе си дојдам поскоро.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Така сторивме. И јас ѝ напишав писмо исполнето со почит и љубов.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Таа ќе отишла и ќе го кренела в раце како бебе и оти малечок ќе си го донесла дома на раце и ќе го оставела да спие дури да се истрезни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Хлапец, проклет би и посеј малечка татковина на дланките со неа да си ноќеваш со неа да се будиш и на распјат со неа ќе те одведат со еден брут ќе ве заковат, хлапец, вековите крај вас на поклон ќе доаѓаат и волчиците своите малечка ќе ги доведуваат на љубов да ги учат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)