манастир (прид.) - конак (имн.)

Сомневањата во нив особено ги закрепна куќата што ја подигнаа - вистински манастирски конак, околу наоколу утврден со повисоки и подебели камени ѕидови од оние на чуфлизите и на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се тргна од пред згуснатоста на дождот. Се најде на чардакот од манастирскиот конак и ја крена иконата кон северното небо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во пожарот изгореле сите манастирски конаци и скапоцените работи: книги, одежди, реликвии, амбарите со жито, бурињата со вино, бинлаците со ракија кои пукале како бомби.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Само господарската живеалишна зграда, која не личеше на турска кула, извишена, туку повеќе прилегаше на разгранат манастирски конак, на приземје и кат, со визби, чардаци и многу соби, се урна набрзо по распуштањето на колективите, во средината на педесеттите години на веков.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)