Таа склоност, која можеби започнала со боксерот Мухамед Али, веќе станала во масовните медиуми очекувано или барем истрпливо обележје на спортскиот свет, исто како што сега е обележје на стрејт-мажественоста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Или, како што тоа многу убаво ќе го синтетизира самиот автор на едно место кога ќе запише: „McDonalds наспроти Златен клас!
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Се разбира, во нашево постмодерно општество, машките спортски ѕвезди можат да си негуваат нападен имиџ што го китат со секакви изведбени керефеки.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа е она што му ја дава на дејството неговата посебна престижност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Постојаната смена на лирското („The seeker on the way of sound“) со умерено ироничното („Чико и врапче“), гротескното („Влијанието на Хорацио Цвикало врз растот на шарените анти-упатства“) и полемичкото („Колумна“), напати со благо трагичното („Борјан и татко му“) и носталгичното („My pricate Europe“), натаму, повремените алузии на народните сказни, како и интерполираните народни („Мутулуми“) и хаику песни („Хаику во Скопје“), бројните цитати од лектирата (В.Вулф, Д.Киш, А.Шопов...), сентименталните стории од „семејниот циклус“ („Чушкопек“) или своевидната „теориска автобиографија“, според терминот на Мишко Шуваковиќ („Поглед од чекалницата“), „in medias res“ техниката или финалниот ефект на изненадување, „јазичките игри“ (употребата на дијалекти и на странски јазици), но и играта со интерпункцијата, варијациите на различни техники на писмото, како и иконографијата на популарната култура (масовните медиуми, особено Интернет), исто така, се евидентни стилски доминанти во специфичната раскажувачка поетика на Прокопиев, која е, несомнено, во знакот на постапката на хибридизација и бриколажот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Затоа, жариштето на анализата нема да биде во социологијата на вкусот, во етнографијата на посебните сексуални заедници, во односите на конкретните публики на популарната култура, во дејствувањата на масовните медиуми, во општествената нееднаквост, во структурното насилство и во играта на моќта – што можеби ќе изненади некого, со оглед на тоа колку многу можат да придонесат тие подрачја на проучување кон разбирањето на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
“ Резултатот од таа промена во застапеноста во масовните медиуми, тврди Саливан, бил целосно спојување на стрејт-светот и на геј-светот, како и нова фузија помеѓу стрејт-културата и геј-културата, при што на вторава сега ѝ се губат оцртите и посебноста:
Ако сликата за геј-мажите за мојата генерација беше собрана од филмот „Крузинг“ (Cruising) или, потоа, од „Сентиш трилогија“ (Torch Song Trilogy), сликата за наредната генерација се „Вистински свет“ од Ем-ти-ви, „Настрано окце“ од Браво и Ричард Хач како победува во првиот серијал на „Преживеани“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)