А во своето сведочење овој сведок изјави дека работниците работеле „на своја рака“, неприсилувани и без наредби од никого и дека тој не им бил претпоставен на Јакшиќ и неговиот колега!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судот, на барање на оштетениот, ќе досуди надомест и за идна нематеријална штета ако според редовниот тек е извесно дека таа ќе трае и во иднина (чл. 192, ЗОО). 7. Второстепениот суд ја испитува првостепената пресуда во оној дел во кој се побива со жалбата, во границите на жалбените причини; а по службена должност внимава на примена на материјалното право и на повреда само на некои таксативно наведени одредби од ЗПП (в. и чл. 354, ст.1sq од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пресудата може да се побива: 1) поради суштествена повреда на одред- бите на парничната постапка; 2) поради погрешно или нецелосно утврдена фактичка состојба и/или 3) поради погрешна примена на материјалното право (чл. 342, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
При одлучувањето за барањето за надомест на нематеријална штета, како и за висината на нејзиниот надомест, судот ќе води сметка за значењето на повреденото добро и за целта за која служи тој надомест, но и за тоа со него да не им се погодува на стремежите што не се спојливи со неговата природа (чл. 189, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Незадоволен во целост од пресудата, оштетениот Јакшиќ, во април 2010, поднесе жалба до Апелациониот суд Скопје поради суштествени повреди на одредбите на постапката, нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право – во којашто, меѓу другото, наведе дека: Недозволиво е суд да размислува со логиката на пазарни субјекти кои направиле пропусти во вршењето на нивната дејност и кои, за да заштедат и да остварат што е можно поголем профит, го изложуваат на ризик здравјето и животот на своите работници [кои, патем 200 речено, работат „на црно“].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)