машки (прид.) - геј-култура (имн.)

Можеби токму хетеросексуалците се денес тие што повеќе ја ценат и на кои повеќе им треба машката геј-култура отколку на самите геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој мисли и на оние мажи, каков што е и самиот тој, кои станале полнолетни пред Стоунвол – кога бродвејскиот мјузикл сѐ уште бил жив културен облик,119 а јавната машка геј-култура сѐ уште не постоела – и кои искуството на геј-ослободувањето ги преобразило толку длабоко и неочекувано, што постепено почнало да изгледа „сосема обично што јас, од сите луѓе на светов,“ како што забележува Милер, „сум, ете, во друштво со мажи што носат ремени за кревање тегови, со прстени на брадавиците, а да биде крајно чудно, не само што сѐ уште можам да ја слушнам истата музика што ја знам уште откога бев дете туку и тоа што имало и други, многумина други такви мажи меѓу нив, кои се во истава чудна положба како мене“ (23-24).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не сум никаков специјалист за популарната култура и не сум никако поткован за никаква стилска струка, па не бев добро намирен да се зафатам со тој проект.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За разлика од нив, дрегот, кампот и разните културни присвојувања и идентификации се, строго гледано, поткултурни практики, доколку се во зависен, вторичен сооднос со претходните негеј-културни облици на кои реагираат и на кои им го должат самото свое постоење – какви што се општествените норми за мажественоста и женственоста, сериозната професија политичар, автентичните идентитети и емоции, главнотековните ликови како Џуди Гарланд или Џоан Крафорд и главнотековните естетски или општествени практики, од операта, бродвејските мјузикли, сентименталните песни и популарната музика, до архитектурата, историското зачувување, цветното аранжирање, модата и стилот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Попрво, самата машка геј-култура е облик на сфаќање, начин на кој се гледа на мажите, на жените и на светот. 18 ИРОНИЈАТА И МИЗОГИНИЈАТА Машкиот геј-субјективитет, можеби, е општествено изграден, но општествените конструкции не се неповратни судбини: тие не се неизбежни предодредености.394 Можеби не може да се менуваат кога ќе посакаш, во секој миг да подлежат на преизградба од темелот нагоре според некој сосема нов проект, но, сепак, оставаат колку-толку простор за импровизација, за отпор и за преозначување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа не е толку прашање на спасување на машката геј-култура од сведувањето на секс, колку што е сочувување на некоја концепциска и емоционална врска меѓу машките геј-културни практики и истополовите сексуални практики што ја прават хомосексуалноста сексуална ориентација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој е противотровот за романтиката.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе откриеме и дека големата вредност на традиционалната машка геј-култура лежи во некои од нејзините најпрезрени и најкудени одлики: машката геј-женственост, обожавањето диви, естетизмот, снобизмот, драмата, восхитеноста од гламурот, карикатурирањето жени и опседнатоста со ликот на мајката.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека се обидува да ја издигне положбата на жените, да ги препретстави како достоинствени, сериозни, јуначни, авторитативни, способни, даровити, љубовни, заштитнички и, воопшто, подобри од мажите – со други зборови, далеку од тоа дека се обидува да шири позитивна слика за жените – традиционално машката геј-култура доследно ужива во претераните, гротескни, извештачени, недостоинствени, одвратни, абјектни прикажувања на женственоста и во нив го бара својот одраз.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За да започнеме со одговарање на тоа прашање, треба да ја разбереме машката геј-„женственост“, односно она што важи за „женственост“ во машката геј-култура, како нејзина сопствена појава, или палета од појави – како нешто мошне разграничено од разните видови женственост што ги пројавуваат и што ги изведуваат жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Запрепастената и изнамачена урнебесност со која машката геј-култура ја гледа таа глетка укажува колку јасно ја восприема свирепата бесмисленост на сопствената состојба која се огледува во неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие, на крајот на краиштата, не исчезнале; само не се зборува за нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Машката геј-култура не се преправа дека е амбивалентна кон естетското совршенство, а не може ни сосема сериозно и искрено да тврди дека е критички устроена кон него. ‌Локус класикус за оваа спротивставеност меѓу аполитичната или дури и реакционерна естетика на машката геј-култура и искрениот политички ангажман во борбите за општествен напредок е романот на Мануел Пуиг од 1976 Бакнежот на жената пајак.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа значи дека феминистичката политика зависи од можноста да се гледа на родот како на улога, како на изведба, како на нешто што не е природно и автентично.397 Машката геј-култура, како што се обидов да ја опишам, е сосема усогласена со тој проект и му нуди силна поткрепа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Членовите на групата се претставуваат како занесно страсни приврзаници на Џоан Крафорд, но ставот кон Крафорд што се имплицира со претераниот приказ од Копола кажува вртоглаво комплексна приказна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во тој многу ограничен поглед, да се биде геј е како да се биде Американец.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете зошто мелодрамата, а не трагедијата, е естетската форма што ѝ е најподобна на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не се обидува да проѕре низ стилот на предметот до неговата содржина, да го разлачи неговото успешно естетско остварување од неговата одбивна политичка порака и од неговата вплетканост во еден омразен општествен поредок.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Убаво си е да се слави фактот дека „настраните кои имаат дваесетина и помалку години... гледаат дека се горе-долу прифатени каде и да одат“, барем во Њујорк, а најмалку од сѐ сакам да ја обезвреднам таа добра вест.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако не е и самата нужно хомофобична, дали е, сепак, резултат од угнетувачките општествени услови?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Италијанските вдовици од Фајер Ајленд можат да тврдат дека не им се обраќаат на жените – односно барем дека стрејт-жените не се директната, наумена и непосредна публика на која ѝ е наменета нивната изведба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо да присвојува и да настранува главнотековни културни предмети, стрејтерското хипстерство ужива да презапоседнува малцински културни облици, заземајќи некои автентично настрани или дисидентски „симболи и икони“ и служејќи се со нив за да си го консолидира сопствениот идентитет, истовремено изземајќи се – благодарение на својата хетеросексуална повластеност и на својата шизичка свесност – од општествените дисквалификации што, како прво, воопшто и ги побудиле тие антисоцијални облици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“375 Но, ниту тоа не е баш целата приказна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зар објаснувањето за карактеристичните практики на кои им е склона машката геј-култура не е упадливо јасно?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Проблемот е во тоа што она што е навистина старомодно не се геј-баровите и геј-бањите, не се ниту заедниците што тие ги создаваат, ниту сликите од Дејвид Хокни со момчиња што скокаат в базен, ниту романите за машкиот геј-живот од Ендру Холеран и од Едмунд Вајт – колку и да е сето тоа старомодно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е затоа што токму во мигот кога и јас самиот очекував да увидам дека машката геј-култура е мртва и погребана и кога мислев дека современиот геј-идентитет дефинитивно ја надмогнал, токму моите студенти ми кажаа нешто сосема друго.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што бргу објаснува Бартлет, нагорната општествена подвижност и самата е метафора.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Крајниот ефект беше неочекувано сладок – истовремено и многу соодветен, многу смешен, па дури и прилично секси.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И навикнати сме да го слушаме она постојано, настојчиво тврдење – што непрестајно ни се повторува веќе со десетлетија – дека машката геј-женственост е нешто од минатото, дека поларизираните сексуални улоги се застарени, хомофобични претстави, дека „кралицата е мртва“, дека нема разлика меѓу геј- и стрејт-луѓето, дека не постои никаква машка геј-култура што би била нешто повеќе од низа од злонамерни стереотипи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Резултат на тоа е одбивање на доминантното сексуално – и родово – кодирање на културните вредности и калење на нестандарден, дисидентски однос кон културните практики, однос поусогласен со геј-желбата. ‌Машката геј-култура не ги позиционира баш своите субјекти во некоја меѓуположба – да речеме, на половина пат – помеѓу мажественоста и женственоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Свесен сум за границите на мојот пристап.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Непрецизно би било реакцијата на машката геј-култура кон Крафорд и кон ужасните или трагични домашни ситуации во кои Холивуд уживаше да ја нурнува да се сведе на нешто толку едноставно како „смеење“ — иако смеата јасно придонесува кон таквата реакција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-ослободувањето, со други зборови, можеби има уште многу работа. 21 ЗАСЕКОГАШ НАСТРАНИ ‌А откако геј-ослободувањето ќе си ја одработи задачата, што тогаш?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, да се откажеш од секакво право на општествено достоинство значи и претпазливо да ги осуетиш сите туѓи обиди за твое омаловажување и значи да заземеш ироничен став кон сопственото страдање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто она што го овозможува иронијата, во согласност со прагматиката на кампот, е можноста да се доживува театралноста на семејниот живот истовремено и како ужасна и како урнебесна, без притоа едната димензија на тие театралности да се асимилира во другата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Одново и одново во примерите што ги наведов излегува дека токму од жената машката геј-култура го презема екстравагантниот, историски стил на емоционален израз, го пародира и си го присвојува како средство за поединечно и колективно машко геј-себеизразување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сакале или не сакале, ние им подлежиме на општествените околности и на културните кодови што немаме моќ да ги менуваме (барем не на краток рок), на кои имаме моќ само да им се опираме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Една од причините поради кои првенствено ја избрав Џоан Крафорд и што решив да го проучувам фрапантниот спектакл на измешани гламурозност и абјектност кој го приредува, и во Милдред Пирс и во тоа што произлегло понатаму, е тоа што нејзината гејска привлечност нѐ тера да се соочиме со два ноторни аспекта на машкиот геј-субјективитет кои ги прават денешните геј-мажи особено гадливи – па затоа и особено ненаклонети да ги истражуваат: имено, идентификацијата со жените и приврзаноста кон мајката.355 Овие две теми се и средишни и табу во современата машка геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Машкиот геј-идентитет, најпосле, изгледа се обликувал релативно доцна, не порано од адолесценцијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Единствено ако не се сфаќаме сериозно, дури и среде трагедија и ужас, можеме најделотворно да си го изложиме полагањето право на страд што, иако можеби никогаш нема да се издигне до нивото на трагичната возвишеност, не треба поради тоа да тоне во понорите на чисто патетичното. ‌Ете зошто машката геј-култура клони од трагедијата и намерно ја пригрнува мелодрамата како прагматичен жанр.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Поимот „идентификација“, изгледа, е уште еден пример за необработен, непрецизен чувател на местото на некој попрецизен опис или на некоја попрецизна анализа или категорија што засега ја немаме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кампот и убавината дејствуваат во строг меѓусебен сооднос, а кампот најдобро се разбира кога се гледа во тој односен контекст – како начин на машката геј-култура да се обиде да се одопие од сопствената еротска и естетска страст кон мажествената убавина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, би се рекло.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Без тој благодат на разни настрани култури – на настраноста на самата култура, на настраноста што е култура – како би дошле хетеросексуалците до сознание за протоколите и приоритетите на хетеронормативниот свет во кој си остануваат нурнати? ‌А ова упатува на еден конечен парадокс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Откако минав низ таа геј-иницијација воден од мојот многу помлад љубовник, сега сум устројствено отпорен на тврдењето дека претстоунволската машка геј-култура е безначајна за поскорешните поколенија геј-мажи или дека е застарена – дури и да е, што е неспорно, а сепак чудесно, старинска... и дури и да не може, а да не изгледа древна од нашево сегашно, постоунволско гледиште. ‌Да се изучува машкиот геј-субјективитет преку изучување на традиционалната машка геј-култура денеска се чини толку многу занимливо токму затоа што изгледа противинтуитивно, толку невидено назадно, особено во контекст на општествените, концепциските и генерациските промени што предмалку ги исцртав.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не сум баш сигурен дека многумина од нас би го прифатиле тоа како добар опис на кампската иронија, која – барем онака како што ја опишав – не им остава на своите практичари многу простор за самоизземање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму такви се прашањата за кои дава одговори нашиот модел на културна поетика, барем на еден општ и хипотетички начин.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во машката геј-култура, добриот вкус е усојузен со аристократските претензии, вклучително и со обожавањето на убавината и со идентификацијата со гламурозниот свет на повисоките сталежи, додека негувањето на самиот вкус изразува општо чувство на надмоќ во споредба со оние што ja немаат неопходната проникливост за да го ценат било добриот, било лошиот вкус.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите овие видови луксуз ти овозможуваат да живееш во подобар свет, кој не мора да биде поскап.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, иронијата не значи отфрлање, а „деидентификацијата“ тука никако не е спротивното на „идентификацијата“: тоа не е отфрлање и одрекување од идентификацијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, не треба да ги пренебрегнеме и да ги исклучиме другите стилови на размислување, другите објаснувања што може самите да ни се препорачаат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голем дел од изворната машка геј-култура не почива врз идентификацијата со негеј-ликови и со негеј-општествени и културни облици, туку врз самиот машки геј-идентитет и врз трудот тој да се истражува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога Милдред Пирс ѝ вели на ќерка си „Губи се дур не сум те убила“, таа укажува дека, спротивно на она во што романтичноста би сакала да веруваме, љубовта не ни е судбина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Хејнс ги внесе дистанцијата и иронијата во самите услови на гледањето, практично отуѓувајќи ја својата публиката од глетката и лишувајќи ја од потребата да ја урамнотежи страсната внесеност со противтежата на иронијата за да се стави во значаен сооднос со сценариото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но проектот на мојот предмет и на оваа книга е во согласност со неговиот во смисла на костецот со историските трендови што се одговорни за претворањето на машката геј-култура во траен срам за геј-мажите – и кои тоа го прават така што геј-културата ја конституираат како вродено назадна, архаична, немажествена, несексуална, а со тоа и непретоплива во современиот, нормативен геј-идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но двата склопа од спротивставени вредности вопшто не се сосема идентични, а разликите меѓу нив упатуваат во занимливо расклонети насоки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еден од методите со кои геј-машката култура го разработува и го консолидира својот особен став на општествен и културен отпор е усвојувањето, присвојувањето и преведувањето во машка геј-смисла на одредени вредности или идеали што ѝ се длабоко туѓи на традиционалната хетеросексуална мажествена култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нивното полагање право на нашето верување се ослабува, нивната првовеликост се подрива кога се пародираат или кога се нагризуваат, исто како што се поткопуваат сексуалните и родовите идентитети кога се театрализираат, кога се прикажуваат како улоги, а не како суштини, кога се третираат како општествени изведби, наместо како природни идентитети, а со тоа и се лишуваат од тврдењето дека се сериозни и автентични, од нивното право на нашата морална, естетска и еротска верност. ‌Но, да се дереализираат хетеросексуалните или хетеронормативните општествени улоги и значења, да се раздрма нивното неприкосновено полагање право на сериозност и автентичност не значи да се сврши со нив и да им ја снема моќта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А сликата за машката геј-култура и за машкиот геј-субјективитет што ќе произлезат може да бидат дури и поразлични ако поаѓалиште е некоја практика како градинарството или декорирањето излози или домови, а камоли ако поаѓалиште се нуркањето, хевиметалската музика или верскиот мистицизам.424 ‌Тие разлики, сепак, би нѐ потврдиле во основниот пристап кон темата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во согласност со древната поделба на кралици и трејдови е поделбата помеѓу ироничното кампско соучесништво и искреното бучесто позирање, на сестринство и секс, на дружење и еротичност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Антисоцијалниот вид естетика на машката геј-култура го усвојува тој симболизам за да го оспори.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И така, се трудевме да си ја нагласиме заедничката припадност во разни општествени и етнички идентитетски категории и гледавме да ги потстивнеме оние субјективни димензии на хомосексуалноста, како и оние особени одлики на машката геј-култура – збор да нема за емотивните и за еротските особености на настраното постоење – кои во умовите на многумина беа најодговорни за ширењето на ХИВ-от. ‌Ако геј-мажите не се чувствуваа страшно стегнати од тоа ставање во загради на емоцијата, на сензибилитетот, на афектот и на почувствуваната различност на нивните проживеани искуства, ако претежно политичките претставувања на гејството како колективен општествен идентитет во тој период не им изгледаа особено угнетувачки, тоа беше поради еден втор, посуптилен фактор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А границата што сакав да ја повлечам меѓу женственоста и женскоста можеби е граница што за голем број жени нема некоја разлика, зашто ним честопати им е тешко, ако не и невозможно, да ги одвојат двете категории при секојдневното искуство на родот и на родовиот идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од негова уста, тоа баш и не било комплимент.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кој е машкиот геј-повик во исказот Ritorna vincitor!?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа, се разбира, е многу битна разлика и прави машката геј-култура барем да изгледа многу понерелевантна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оневозможувајќи му ја на љубовникот перцепцијата дека однесувањето во љубовта му е, всушност, изведба – а не неволев резултат од некој севозможен импулс – романтичноста ја претвора љубовта во неизбежна судбина. Plus fort que moi (‘посилно од мене’ или ‘ме тера’): тоа е геслото на романтичната љубов.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Е, сега, поврзувањето на мажествената убавина и на мажествената гламурозност со општествената надмоќност, сериозност, сексапилност, достоинственост и романтичност може да ви се стори сексистичко и политички ретроградно – веројатно затоа што е токму тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Истото би можело да се каже и историското конзерваторство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сето тоа ме наведе да се запрашам: Ако од стрејт-мажите се разликуваме само по сексуалната ориентација, а не на некој друг суштински начин, зошто ja откривам оваа претежност на геј-мажи што биле видливо настрани уште од детството, обично со години пред да им започне сексуалниот живот? (ix–x) Ваквото размислување го наведува Фелоуса на заклучокот дека „гејството подразбира многу повеќе од само сексуални партнери и практики“ (262).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Има нова ‘аристократија’, поголема од старата и во која полесно се влегува (можеш и ти), аристократија на сензибилитетот, а под тоа подразбирам аристократија што разбира како функционира задоволството и како може да се добие“ (181).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Каква тоа инаква слика за геј-културата ќе произлезеше?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто тоа е единствената положба за која има надеж дека, според поимите на вредносниот систем на машката геј-култура, може да биде унитарна и целосна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па, тогаш, јасно е зошто ниеден геј-маж – барем ниеден геј-маж кого го преобразиле практиката на кампот и неговото радикално гледиште за родот и за општествената хиерархија – не би ви бил посебно желен да се поврзува со мошне феминизираните дејства на традиционалната машка геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Динамиката на нејзиното формирање, нејзините цели и намени и нејзината политика се нужно различни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не гледа и не се труди да ја порази љубовта ниту да ни го оконча застојанато, религиозно обожавање на убавината.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Уверен дека „сето постоење е проба за конечниот настап на совршенството“, Џим Саливан од Џорџија бил од истиот ситничарски сој. (31) Подготвен би бил, заедно со Фелоус, да ја прифатам таквата естетска ситничавост како одлика на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа е и причината поради која пишувањето на книгава одвреме-навреме се одвиваше спротивно на моите сопствени инстинкти, макар што и тоа многу ме научи како да бидам геј и ме направи уште погеј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мислам дека напнатоста меѓу традиционалната машка геј-култура и феминизмот барем делумно е недоразбирање на политичката намисла на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но воопшто не е извесно дека мажите од средниот сталеж одиграле главна улога во обликувањето на традиционалната машка геј-култура или дека имале претежно влијание врз неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете зошто го зајмат од други, во случајов од жени (или, во други случаи, од благородници).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А, кога зборуваме за геј-порнографија, поуката што ја извлеков од Мелвил сега сјајно, иако не сакајќи, ја илустрира упадот на Крис Ворд од 2008 година во каубојското порно, До последниот маж (To the Last Man), „вестерновски еп“ во кој сижето е наточкано со низа драматични убиства – нешто ново во геј-порното – небаре ништо помалку од тоа не можело да ја гарантира машкоста на машките ликови кои на платното имаат секс еден со друг. (Ворд, меѓутоа, објавил и ненасилна верзија од филмот за оние поситничави или морално построги гледачи, кои си сакаат геј-сексот да им биде машки, но не баш до точка на убивање).250 ‌Поларноста на настраниот сензибилитет и на сексуалната желба ги потсетува тие што учествуваат во машката геј-култура дека се неизбежно заплеткани во родовите вредности, еротски дихотомии и други општествени значења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И јас сум ви онаа откаченана, дебелана транџа – онаа што демек е по откачени и фрикнати срања.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во повеќето верзии на кампскиот хумор, на пример, самите жени не се тие што предизвикуваат радост (или завист, восхит), туку тоа се современите културни конструкции на женственото – женственоста во својата изведбена димензија, женственоста како општествен театар.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Истовремено, тоа настојува дека таквата неавтентичност не е неспојлива со геј-љубовта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму преку усвојување на хиперболичната преизведба во Милдред Пирс на сцената на отфрлањето од мајката и нејзината уште потеатрална верзија во Најмила мамичке, машката геј-култура може, со такво толкување, да го препостави на преувеличен, разигран и исцелителен начин ужасот од мајчиното поништување на дозволата да игра што мајката порано му ја дала на своето настрано дете, дозволата што му допуштила и да постои како субјект. ‌А некоја таква општествено-симболична динамика можеби дејствува во машката геј-реакција кон Милдред Пирс или кон Најмила мамичке.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сакав да покажам дека е возможно да се спасат од стегите на патологијата дури и онакви демонизирани аспекти на машкиот геј-субјективитет какви што се фиксацијата со мајката и таканаречената „женственост“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто таквото сведување би го збришало самиот проблем што се нафатило да го решава, бришејќи го токму она што предлага да го објасни – имено, значењето на женствените идентификации на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, тие кажуваат нешто важно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вистина е, за да ја сфатите алузијата, треба да имате многу повластено потекло или да сте растеле во италијанско или во уметничко домаќинство, каде што сте слушале опера или сте оделе на опера – или треба да сте поминале низ воведување во машка геј-култура која, иако можеби си се претставува како аристократија на вкусот и иако можеби си се идентификува со некаква општествена елита, со луѓе што одат на опера, сепак, во смисла на своите припадници не е баш ограничена на припадници на повисоките класи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дознав за неа дури кога морав да загреам столче за да можам првпат да го предавам предметот „Како да се биде геј“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби иде денот кога некои поповолни општествени услови ќе им ги оправдаат тврдењата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во рамките на својот племенски универзум, политичкото дејство на карикатурите што машката геј-култура ги прави од женственоста, всушност, излегува дека е релативно безопасно за жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Страшна работа е да имаш идеја што е поголема од тебе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разликата меѓу овие две верзии на машката геј-култура може да се сфати во смисла на поширока разграниченост (иако, одново ќе кажам, нехерметичка) помеѓу културата и поткултурата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Единствениот начин да се анализира машката геј-култура е да се користи тој својствено машки геј-облик на читање кога се читаат стиловите што ги кали машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Вистинска гордост ќе имаме само кога ќе бараме признание на култура што не е само сексуална“ (небаре култура што е само сексуална би била сосема срамна работа – или, барем, небаре тоа би било нешто со што не би се гордеело ниедно пристојно човечко суштество).361 Но, вистинскиот проблем не е што машката геј-култура веројатно ќе се сведе на ништо повеќе од само курови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кампот треба да ја нагризе романтичната привлечност на убавината, да ја исмева сериозноста со која можеби ќе бидеш на искушение да ги окруниш своите емоции, особено чувствата на љубов и желба, и да ја деконструираш онаа автентичност со која можеби ќе посакаш да ги завиеш.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, со тоа што упатуваат на кампот, сепак, признаваат дека се вклучени во културна и естетска практика што им е карактеристична на геј-мажите, дека се подготвени да се впуштат во конкретен однос со филмот, однос кој им е наменет ним од страна на машката геј-култура, како и дека имаат волја да заземат став кој на некое рамниште го разбираат како претставителен за еден изразито машки геј-стил на културно дисидентство, машки геј-стил на отпор кон прифатените главнотековни вредности.187 Од што се состојат тој однос и тој стил?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не морав веќе, некако, да се внесувам себеси во тие визии за животот што ги создале негеј-писатели, без разлика колку се стремеле да бидат хумани, длабоки или инклузивни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Заземајќи ги, при што иронично ги редефинира, општествените улоги и значења што традиционално им се припишуваат на жените, машката геј-култура дава една својствена, иманентна општествена критика и создава карактеристичен, но препознатлив, облик на политички отпор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Каква општествена и емоционална работа вршат таканаречените „женствени“ идентификации на геј-мажите?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во секој случај, иронијата дава делотворно и спремно оружје против неизбежната општествена форма чие идеолошко дејствување изискува, за да може да претегне, и некритичко верување во неа и насилна потврда на нејзината автентичност. ‌Со мака извојуваната иронична визија на машката геј-култура за лажноста и за изведбениот карактер на семејните чувства бележи и нешто поопшто и подлабоко за емоционалниот израз.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Небаре Копола имитира дрег-кралица што ја имитира Феј Данавеј која ја имитира Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Понатаму, каква смисла има да се зборува за култура без да се упатува на процесите на социјализација и артикулација?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако ви треба некаква друга потврда на ова, доста ви се приказните за дрег-кралицата која го кренала Стоунволскиот бунт удирајќи го со чантичката полицаецон, небаре сакала да каже – како Феј Данавеј во улогата на Џоан Крафорд која играла разгневена мајка маченица – „Па зошто не можеш да ме удостоиш со почитта што ја заслужувам?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури и ако си Афроамериканец или азиски Американец, тоа што си Американец, сепак, ти дава субјективитет што е различен од субјективитетот на неамериканците.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И така не ги ни сметаат за неуспеси, туку едноставно како дополнителни сликовитости, разработки и потврди за суштествувањето како играње улога.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што ќе го објасни волшебниот впечаток што овој и други познати проблесоци од глумечката кариера на Џоан Крафорд го оставиле врз машката геј-култура и што тоа можат тие да ни кажат за машката хомосексуалност како настран – односно, антисоцијален – сензибилитет или субјективитет?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа настојува да ги одржи тие меѓусебно опречни вредности во трајна, противничка рамнотежа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Жените навистина имаат што да загубат во оваа состојба, макар било тоа и нешто за што машката геј-култура смета дека не вреди ни да се задржи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А ако машките геј- возачи пројавиле склоност кон фолксваген голф и кон форд проуб, како што се тврди, тоа е така затоа што – како што тоа еднаш го срочи еден мој особено надарен стрејт- студент, упатувајќи на една од оние популарни формулации во кои сексуалните и родовите норми на нашата култура си добиле најјадровит и најрезок, иако одбивен, израз – тоа е така затоа што, вели, тие автомобили се „коли за пички“.330* ‌Па, тогаш, што има да се прави таква мистерија од логиката на машката геј- култура?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Уште поважно е што ќе илустрира како машката геј-култура преку таа практика произведува состав од пресудни и длабоки преобразби во констелација на главнотековни вредности – вредности што имаат врска со сексот и со родот, но одат многу подалеку. 8 СТРАДАНИЕ КРАФОРДОВО Милдред Пирс, филмот што го режираше Мајкл Кертис и за кој Џоан Крафорд доби Оскар во 1945 година, е култна машка геј-класика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Имаше опипливо чувство на гнев уште во приговорот на Џон од Анаполис против мојот предмет: не, тврдел, геј- мажите не се модни зналци, не се ни познавачи на дизајнот, како што некои би сакале да мислиме, а не се ни мераклии да се облекуваат како жени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа се ограничив на еден културен објект и на еден пример од прагматиката на жанрот, па се обидов да ги изведам пошироките импликации од тој мој ограничен материјал.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Машката геј-култура по правило зазема некоја абјектна положба само за да ја редефинира, да ги обрати вредностите што се поврзуваат со неа, да заземе иронично растојание од нив, да ги оспори, да ги сврти против нив самите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голем дел од современата младинска култура слободно си црпи од традиционалните облици на машката геј-иронија, како кампот, за да ги исмева примените културни вредности.158 (Ќе имам можност да се навратам на оваа поента, во врска со инди-рок-групата Соник јут, во поглавје 18.) Но не се ни сите стрејт-луѓе што ја прифаќаат машката геј-култура млади радикали, хипстери или контракултурци.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите тие ликови треба да се изучуваат во нивната особеност за да се разоткрие тајната на нивната геј-привлечност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Милдред Пирс и Најмила мамичке, кога се гледаат од тоа отуѓено (иако и понатаму емоционално вклучено) гледиште, ги учат геј-мажите – и сите други што се приврзаници на машката геј-култура – како да ги преживеат јадовите на семејната единица.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Потребни се други стратегии на отпор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За кутрине геј-мажи што имаат триесет и некоја година, кои наводно се држат за старомодна и веќе бајата верзија на машката геј-култура – верзија на машката геј-култура што не му значи ништо и му е неупотреблива на некој што е тинејџер или што има дваесетина години – очигледно се истине што, само некоја годинка пред тоа, впрочем, биле исти онакви тинејџери пионери и ги проодувале првите невини чекори во бодриот нов свет без хомофобија, несвесни за геј-културата и индиферентни кон неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па, тогаш, разбирливо е што машките геј-културни практики – кои за мажите промовираат и шират нестандардни начини на суштествување и чувствување, кои прекодираат парчиња од главнотековната хетеросексуална култура со дисидентски или со нетипични родови значења и кои ги подучуваат другите на тој општествено девијантен и опозициски етос – велам, навистина е разбирливо што таквите практики може да направат да изгледа дека геј-мажите имаат својства и одлики што општо земено ги имаат девојките и жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Екстатичната практика на еротскиот восхит, во комбинација со очајот по сексуално задоволство, создава посебен однос кон предметите по кои се копнее што е карактеристичен за машката геј-култура: однос на страсно, но оддалечено созерцание, кое истовремено е и критичко и идеалистичко.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На преголем број од толкувањата кои штотуку ги изнесов заедничка им е склоноста пребуквално да го објаснуваат изборот на материјалот на машката геј-култура и така со образложенија да му ја намалат важноста, наместо да го разјаснат, па во нив се заборава важната поука што веќе ја научивме: она што геј-мажите го сакаат кај своите негеј-културни икони е токму фигуралноста на тие икони.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А една од задачите на машката геј-култура е да ја свети таа еротика, да ја чува, да ја соопштува и да ја пренесува. ‌Но, ако мелодрамата има своја еротика, тогаш има и своја политика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Традиционалната машка геј-култура, така барем вели приказната, била сврзана со хомофобијата, со режимот на плакарот, со старите лоши времиња на антигеј-угнетувањето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нашето достоинство, какво е, не може да се стреми да се завие во величие и патос, да се окружи со службените великолепија на мажествените јунаштва.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Функцијата на кампот се дефинира во спротивност со убавината и обратно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби барем ќе сфател дека политиката на иронија не се ограничува само на жените, односно на биолошките жени, и дека неа не ја отелотворува најдобро трагедијата, туку токму дисидентските односи на публиката на мелодрамата, конкретно односите на геј-машката публика кон женската мелодрама, а со тоа и настраната, инклузивна, благонаклонета идентификација на машката геј-култура со неа.328 ‌Во секој случај, ако некаква иронична позиција е она што им е на геј-мажите заедничко со жените и ако ироничното идентификување со жените е она што ни овозможува да извлечеме поуки за политичкиот пркос од гламурозната изведба со која Џоан Крафорд ги одигрува мајчинските мачеништво и абјектност, тогаш можеби тие наши женски идентификувања се идентификувања што не само што не треба да се обидуваме да ги скриеме в плакар туку треба и ревносно да си ги прогласиме за свои – да ги сфатиме, да ги цениме и да ги негуваме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Човек мора да има камено срце, како што рекол Оскар Вајлд, за да чита за смртта на малечката Нел без да се изнасмее. ‌Сега можеме да видиме како злогласно надмениот однос на машката геј-култура, нејзиното повремено идентификување со аристократијата и исходниот обичај да се смее на ситуации што им се ужасни и трагични на средните сталежи, имаат јасна и важна стратешка улога.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Без таа отуѓена перспектива, тие општествени облици би важеле за очигледни, за природни – односно, би останале невидливи, а обликот на нашето постоење би ни бегал. ‌И каква тоа духовна слобода би оствариле хетеросексуалците без благодатот на оттргнатата, отуѓена перспектива за нивниот свет и за неговите натурализирани вредности која им ја овозможува машката геј-поткултура – сега кога веќе не е тајна?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во еден таков контекст, машката геј-култура, онака како што беше воспоставена, личеше на само редица стереотипи – и тоа хомофобични – иако премногу често, за жал, интернализирани и од самите геј-мажи. ‌И така, мораше да се преселам во Австралија, да се средам онаму со дечко двапати помлад од мене и самиот да минам низ сопствената геј-иницијација за да ги гледам за првпат, во 1990-тите, филмовине од 1930-тите и од 1940-тите што онолку ревносно ги избегнував во 1970-тите. (Излезе дека биле прилично добри.)
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како може вљубеноста на машката геј-култура во Милдред Пирс и во Најмила мамичке да ни помогне да ја сфатиме таа поврзаност?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Адам допушта дека „можеби не постои едно единствено универзално предгеј-искуство“, но укажува дека сите тие културни активности и силната привлечност што ја имаат „сепак упатуваат на низа од основни искуства со силен екот кај геј- и кај потенцијално геј-мажите кои го надминуваат поимањето на ‘геј’ како ‘само’ општествена конструкција или дискурзивен ефект“.377 Од каде се тие основни искуства?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во секој случај, во книгава малку се кажува за машката геј-култура од оној изворен вид, за она геј-културно производство засновано врз постоењето на геј-идентитет и врз способноста на претставителските практики да го пренесат; книгава речиси исклучиво се занимаваше со машката геј-култура од поткултурен подвид.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Накратко, тоа е да го правиш она што инаку е културно невозможно – односно, што е невозможно за нормалниот свет: да комбинираш страст со иронија.323 ‌Машката геј-култура, всушност, разработила особено, дисидентско гледиште кон романтичната љубов, камп-гледиште, кое стрејтовите честопати го сметаат за цинично, токму зашто неговата иронија – која ја нагласува изведбеноста на романтичните улоги – им изгледа дека ја поткопува сериозноста и искреноста на љубовта, а со тоа и ја омаловажува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во целава книга согледбите за машката геј-култура си ги врзував со разни теми од машката геј-еротичност и со околностите во кои геј-мажите се издигнуваат до субјективните искуства на желбата и на љубовта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Радо би признал дека некаква страсна емоционална внесеност во конкретни елементи на стилот, некаква педантна грижа за чудесностите на архитектонскиот или на внатрешниот дизајн, за нијансите на естетските ситници, обично не се смета за особено машка одлика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите и понатаму се впуштаат во презапоседнување и прекодирање на стрејт-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Прифаќањето положба на обезмоќеност, положбата која геј-мажите делумно ја делат со жените, е само провизорно, само прва фаза во стратегијата на отпорот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Двата модела не би биле начисто различни, сигурно: Си замислувам – а немам намера сега да го предвидувам исходот од некое посебно истражување за кое, се надевам, некој ќе се нафати, па затоа не ни сакам да претпоставувам – но си замислувам дека обата модела на геј-субјективитет веројатно некако ќе упатуваат, на пример, на мелодрамата, на кампот, на обожавањето диви и на машката геј-женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Силата што го придвижува голем дел од творештвото на геј-културата, сепак, потекнува помалку од геј-суштествувањето отколку од геј-желбата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но геј-мажите не се одговорни за тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Стрејт-сентименталноста – особено кога нејзината емоционална моќ со која приклештува изгледа како пресметливо наменета да мобилизира и да наметне универзален консензус, да наложи задолжително морално чувство – само плаче за иронична реакција, а машката геј-култура веднаш ѝ ја дава така што таквата сентименталност ја третира како естетски неуспех што заслужува потсмев, опирајќи ѝ се на тој начин на моралната и на емоционалната уцена. ‌Така слично, сцените со садистичка свирепост и малтретирање во готскиот психолошки трилер од Роберт Олдрич Што се случи со Бејби Џејн? – сцените чии ѕверства и ужаси ја шокираа американската публика кога филмот за првпат се прикажа во 1962 година изнудуваат громка смеа од машката геј-публика, која ужива во мелодраматичните конфронтации меѓу Бети Дејвис и Џоан Крафорд, старите холивудски сопернички, кои глумат две некогаш раскошни, а сега пропаднати ѕвезди загнати во избезумена битка за надмоќ: гротескни, претерани слики на чудовишна, абјектна женственост. ‌Апокалиптичната драма од Тони Кушнер Ангели во Америка нуди поскорешен пример за оваа машка геј-културна склоност да се прекршуваат генеричките очекувања што се примерени за комедијата и за трагедијата, и тоа така што пак за комична цел ќе се земе деградираната женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби чувствуваат дека машката геј-агресија се насочува против самата состојба на суштествувањето како жена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Прифаќањето на Најмила мамичке од страна на машката геј-култура ги поттикнува геј-мажите да ја заземат таа абјектна положба, при што иронично ќе си ја присвоиме, идентификувајќи се со таквата разулавена женственост, истовремено одбивајќи да ја сфатиме буквално – со што ѝ се опираме на склоноста на филмот да ги третира жените како место на некоја чудесна, страшна, демонска другост, како носители на опасна и разорна емоционална претераност која, наводно, им била само ним присушта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Делото на целата машка геј-културна политика може да се сумира со една, едноставна формула: трагедијата да се претвора во мелодрама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите читатели на плакатчето ќе морале веќе да биле запознаени, несомнено еден по еден, со одредени аспекти на великата опера, ним веќе морало да им биле објаснети значењата на одделни зборови и ќе морале да биле воведени во еден посебен универзум на чувствување поврзан со еден особен начин на кој ја живееле својата хомосексуалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, всушност, го прават токму тоа.358 Токму затоа што општествената репродукција на машката геј-култура не се врши од страна на главнотековните општествени институции – чие дејствување како средства за културна иницијација и понатаму е невидливо и незабележано затоа што е толку очигледно – машката геј-акултурација и натаму е таинствена работа, особено кога изгледа дека во голема мера е завршена, или дека е барем во одмината фаза, во некој миг од раното детство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Просветената идеологија на постоунволското геј-движење силно нѐ ободрило да ги отфрлиме, одречеме и надминеме таквите омаловажувачки клишеа – да докажеме дека се неточни, самите да станеме речиси нормални и да се издигнеме врз таа основа до еротска заедница на еднакви. ‌Мажественоста претставува не само средишна културна вредност – поврзана со сериозност и со достојност, за разлика од женската тривијалност – туку и клучна еротска вредност за геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разбирливо е што она што геј-мажите би го вреднувале и би го негувале во тие дејности е токму тоа што милостиво се изземени од сексуалноста и, со тоа, од обвинителна осуда, било од други, било од самите геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како во случајот со француската култура така и во случајот со она што, можеби немудро, го викам „машка геј-култура“, токму практиките, а не луѓето, се вистинските предмети на проучување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа се тие ситни детали“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Особено мислам на Нил Бартлет, Алан Холингхурст, Марк Мерлис, Џејми О’Нил, Кристос Циолкас, Џон Вир, Дејл Пек, Мелвин Диксон, Џо Кинан и Адам Марс-Џонс; како и Роберт Феро, Тони Кушнер, Алберт Инаурато, Роберт Глик, Денис Купер, Џон Речи, Џејмс Пурди, Семјуел Дилејни, Итан Морден, Есекс Хемфил, Алан Гурганус, Стивен Мекколи, Дејвид Фајнберг, Џејмс Роберт Бејкер, Гери Индијана, Рандал Кенан, Дејвид Ливит и многумина други.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На жените, затоа, може да им личи дека машката геј-култура се усојузила со машката стрејт-култура во оцрнувањето на жените; може да им изгледа дека го зајакнува омаловажувањето и обезвреднувањето на жените, било имплицитното, било експлицитното, кое им е типично на патријархалните општества и на културните ставови што тие ги крепат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако, за да ги идентификувам особените одлики на машкиот геј-субјективитет, треба да ја опишам машката геј-култура со сета нејзина посебност – и да го дефинирам, поконкретно, нејзиниот настран однос со главнотековната култура, нејзиното нестандардно користење на главнотековните културни објекти – мора да почнам така што ќе се послужам со книжевно-критичкиот концепт жанр.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, потоа трикот е да се одржи неизвесноста на тие поими, да не се дозволи „несообразноста со родовата улога“ и „родовата нетипичност“ да се израмнат направо и симплистички со „женственост“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За разлика од оние видови злонамерни стереотипи што треба да ги омаловажат и да ги оцрнат припадниците на некоја малцинска група, стереотипите за машката геј-култура и за машкиот геј-идентитет што ме интересираат мене тука се стереотипи што лично ги разработувале и ги изнесувале барем некои геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто како што геј-женственоста честопати се состои од културни практики (обожавање диви или реставрација на архитектурата) кои се општествено обележани како женствени, но кои немаат врска со женственоста што ја отелотворуваат самите жени, така и уживањето на машката геј-култура во гротескните верзии на женственоста не подразбира презир и непријателство кон вистинските жени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На крајот, заклучува Милер, Циганка (особено катаклизмичната завршна нумера, Обратот на Роуз) не допушта никаква можност ниту за „помирување“, ниту за „избор... меѓу обожаваната мајка која ни чува место и омразеното чудовиште што нѐ лишува од него). (120) ‌Искушение е да се изнесе сродно тврдење за геј-привлечноста на кулминацискиот судир меѓу мајката и ќерката во Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И наведов склоп причини зошто геј-мажите не треба да се плашат од нив – зошто, наместо да ги ставаме в плакар, не треба да се колебаме да ги пригрнеме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нивната дијалектичка интеракција кулминира со низа размени и со делумно поматување на идентитетите, со што се покажува дека естетиката и политиката, фантазијата и цврстината, пешованството и мачоизмот, машката геј-култура и машката стрејт-култура, всушност, можат многу да си понудат една на друга – барем во замислата на Пуиг.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Погрден е, на еден или на друг начин, и за жените и за геј-мажите, затоа што го пренебрегнува она што ги разлачува едни од други и затоа што не им ги признава субјективните особености, а тие, најпосле, се оние што ги удриле темелите на можноста за вкрстена идентификација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А општествената репродукција на машката геј-култура не се врши ниту од страна на машките геј-општествени институции – барем не отпрвин: таа се одвива во хетеронормативен (семеен) контекст.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Практиките на кои бев склон да се сосредоточувам тука можеби не се типични.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“ или „Вратете се како победници“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Им ги спорев тврдењата дека машката геј-култура, односно поткултура, е нешто од минатото, дека е надмината и застарена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не им е насочена конкретно на жените хетеросексуалки и не е наменета за стрејт- општествениот свет каде што би можела да им нанесе многу нездрави последици на сите жени, каде што би можела да ги унижи во очите на стрејт- мажите и да ги поттикне вториве и да ги успокои во нивната мизогинија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но тоа го прави без да задржи некаква натамошна поврзаност и идентификација со машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-ослободувањето, всушност, не било толку успешно во напорот да ги преработи субјективните животи на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Потребни се многу умешност и досетливост за да се постигне тоа во случајот со мажите, а мангупската задача да му се дорасне на тој предизвик ѝ дава на машката геј-култура многу поттици и можности да си ги покаже динамичноста и инвентивноста, како и да си ја пројави непресушната способност да штрекне и да изненади. ‌Спротивноста меѓу убавецот и кампот соодветствува токму на контрастот меѓу гламурозноста и абјектноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Меѓутоа, треба да се разграничи меѓу оној вид геј-култура што се состои од нови дела од (во случајов) геј-мажи што за првпат во историјата непосредно, отворено и експлицитно се осврнуваат на машкото геј-искуство како што се живее, односно како што може да се живее (или можеби се одживеало), од една страна, и оној вид геј-култура што паразитира врз главнотековната култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оттука, мелодраматичниот стил на машката геј-култура не ја третира љубовта како чиста страст и како чиста иронија, туку секогаш ја третира како нешто друго што, наместо да постои некаде меѓу нив, ги вградува елементите и на едното и на другото истовремено клонејќи од двете.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако сигурно е точно, како што вели Фелоус, дека „гејството подразбира многу повеќе од сексуални партнери и практики“, не мора нужно да заклучиме дека геј-културата во голема мера произлегува од женствената родова ориентација и од инаку „несексуалните димензии на природите на геј-мажите“, како што и тој тврди.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што го прави Пуига интересен за нас е неговата согледба дека деловите од главнотековната култура што ги избира машката геј-култура за свои настрани цели честопати не се од оние политички најнапредните, најексперименталните и најавангардните, туку – на изненадување на оние што се надвор од таа култура, кои некако очекуваат дека геј-мажите ќе претпочитаат уметнички дела што или промовираат напредни општествени промени или остваруваат расколни, субверзивни програми со формална естетска иновативност – туку, излегува, оние најстаринските, најстаромодните, реакционерни артефакти, вклучително и некои што се најупадливо сексистички, расистички, сталежистички и хомофобични.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повикувајќи се на таа категорија, тие го признаваат своето учество во машката геј-култура, како и сопствената идентификација со неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како е возможно процесот на социјализација во културната практика на хомосексуалноста да започне долго пред да созреат субјектите на акултурацијата доволно за да стапат во машките геј-заедници и да учествуваат во општествените размени на машкиот геј-живот?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако, како што признав на почетокот, не бев човекот што треба да го предава предметот за тоа „како да се биде геј“, исто како што не сум човекот што треба да пишува книга на таа тема, тоа е затоа што отсекогаш сум бил благодарен за, а и длабоко внесен во, експлицитната, некодирана, идентитетски заснована машка геј-култура, особено за книжевната фикција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таквите иронични преупотреби на мелодрамата не ги оспоруваат казнените осуди од елитното општество на тој неугледен поджанр, туку свесно ги прифаќаат, а на нужно претераната изведба на чувствата што се сметаат за патетични ѝ го навлекуваат општествениот презир на кој таквите изведби и му пркосат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Приказот на машката геј-култура што ќе го понудам тука, затоа, се однесува на жанровите на дискурсот и на жанровите на општествената интеракција, не на поединци и на популации. ‌Една предност на сосредоточеноста кон истражувањето на геј-културата, наместо на геј-луѓето, е што тоа ни овозможува делотворно да ги одминеме есенцијалистичките прашања.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па како можеме да го објасниме својственото, нестандардно обликување на родот и на сексуалноста на машката геј-култура?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто ги подучуваат на практичните примени на иронијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Обична замена на една холивудска женска икона со друга може да биде пресудна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако машката геј-култура ја пригрнува дисквалификацијата на женственоста, тогаш, таа тоа го прави за да ги осуети и за да ги прекине некои од најотровните последици на таа дисквалификација, за геј-мажите, ако не и за жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, има и конкретни историски причини зошто машката геј-култура постојано ги посрамува сопствените припадници, зошто секоја наредна геј-генерација бескрајно го повторува одрекувањето на претходната геј-генерација од геј-културата, зошто секогаш излегува дека самата геј-култура е – понекогаш според помладите геј-мажи и секогаш според оние што зборуваат во нивно име – исклучиво сопственост на постарите момци, на кралиците, на луѓето што на овој или на оној начин едноставно ја надминале: накратко, на другите, особено на другите чиешто стварно или замислено прифаќање на геј-културата секогаш на крајот ги прави да изгледаат и женствено и архаично.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Особениот вид еротска естетичност на машката геј-култура (или, пак, треба да речеме естетска еротичност?) и нејзиното инсистирање на совршенство во нејзините еротско-естетски предмети, се склони да создаваат апсолутна привилегираност на убавото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, проблемот со ваквите буквални толкувања е тоа што бидејќи изгледаат толку зналски, толку сигурни во врска со она што ѝ е битно на машката геј-култура во иконичниот лик на Џоан Крафорд (било да е тоа бучовскиот настап, било да е тоа хиперженствената изведба), таквите толкувања набрзина ги затвораат интерпретациските нешта што се пред нас, претендирајќи на поцелосно сфаќање на односот на машката геј-култура кон женственоста отколку што можат да доловат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па како може еден таков процес на социјализација на возрасните да објасни работи што многу јасно изгледа, барем гледано наназад, дека биле геј-културни практики предвреме прифатени уште рано во животот од страна на многубројни момчиња кои подоцна испаднале геј?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога се најразумни, љубовните врски на геј-мажите се нејзин пример и отелотворение.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Само ако ѝ се радуваме на сопствената неавтентичност, како што правеа вдовиците, ако си ги претставуваме чувствата во рувото на мелодраматичната кампска изведба, можеме да им внесеме зрно вистина.313 ‌За оние што се стремат кон достоинството на сериозноста, се разбира, секакво признание за изведбеноста на сериозноста претставувa неуспешно оверување, па затоа и губење на овластувањето, а оттука отсуство на самата сериозност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тргајќи ја настрана експлицитната содржина на филмот во прилог на неговата мелодраматична моќ и раскошниот црносериски [филмноаровски] стил, уживањето на кампот во него како да го оправдува тврдењето на Сузан Зонтаг за аполитичниот карактер на кампот, за неговото претпочитање на естетиката за сметка на политиката, за неговата неутралност „во однос на содржината“ и за неговиот „начин на гледање на светот како естетска појава“.268 ‌Токму ова воздигнување на убавината до степен на врховна вредност (не само убавината на Џоан Крафорд туку и убавината на беспрекорниот мелодраматичен и кинематографски стил) и оваа релативна рамнодушност кон политичките услови во кои се остварува естетското совршенство, ја ставиле машката геј-култура на лош глас – особено меѓу феминистите – дека има реакционерна политика, дека е непријателски устроена против жените, дека ги прифаќа угнетувачките општествени состојби, дека промовира митски, а не критички однос кон примените вредности и дека соработува со силите на општествена доминација. ‌Но, машката геј-култура многу-многу не ја секираат критичарите и не се срами од своите љубови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во секој случај, констелацијата на жанри, практики и вредности што ја опишав – целaта спрега на кампот, дивите, абјектноста, естетиката, играњето улоги, неавтентичноста и мелодрамата – претставува само една димензија од машката геј-култура и од машкиот геј-субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, неразумно е да се очекува машката геј-култура да го разглоби доминантниот општествен и симболички систем на кој таа му е само бистар и верен одраз.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но има многу луѓе, а некои од нив се жени, кои не го делат тоа мислење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа нема да се смени во некоја голема мера.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Списокот на оригинални дела од геј-мажи што за поаѓалиште ги земаат стрејт-општеството или главнотековната култура може да се проширува речиси бескрајно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во исто време, логиката зад изборот и преупотребата на машката геј-култура на конкретниов артефакт изгледа многу појасна кога тој избор може да се разгледува во контекстот на мошне особената машка геј-практика што ја опиша Естер Њутн – односно, практиката на смеење за ситуации што се ужасни и трагични.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Истрајноста и популарноста на традиционалните машки геј-културни практики повеќе од четириесет години по Стоунвол можеби навистина се одраз на продолжувањето на неповолните политички околности, на натамошните искуства на антигеј-угнетувањето, исклучувањето, општествената доминација и стигма – но не во смисла на тоа дека се просто патолошки последици од општественото непријателство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И затоа сменив правец, си ги олеснив проектот и прозата, посебно објавив некои делови од пошироката расправа,422 а изоставив редица интуиции кои не можеше да се поткрепат со релативно ограничената анализа што се помирив да ја направам наместо првобитната – макар што се обидов овде-онде да опфатам неколку од тие интуиции, понекогаш преку навестување или преку инсинуации, иако тоа подразбираше попатни искази што не знаев како ќе ги бранам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Отпорот кон него ни налага да се зафатиме со него, да најдеме во него вредност и да измислиме можности за самоафирмација во ограничените, но многу стварни можности што ни ги става на располагање, во кои спаѓаат можностите за манипулирање со него, за негова пренамена, негово предоговарање, преозначување и изопачување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А голем број негеј-луѓе учествуваат во машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ревносната изведба на Кејт Винслет на насловниот лик – на неискусната, обична, испогазена, честопати патетична сиротица, која е повеќе жртва отколку независна жена – нема ништо од жестината, елегантноста и авторитетноста со кои Џоан Крафорд го отелотвори аристократскиот калап на средносталешката женственост. ‌Значи, не сакам да кажам дека текстописците од ТОНИ просто се самозалажуваат кога се обидуваат да ги опишат генерациските разлики меѓу последователните верзии на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но за да ја изведеме особеноста и посебноста на машката геј-култура, за да дадеме систематски приказ на машката геј-културна различност, нужно е да ја испитуваме прагматиката на машката геј-култура, особено нејзините жанрови на дискурс и на општествена интеракција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако во целава книга доследно зборував за машката геј-култура, а не за машката поткултура, тоа не е затоа што се обидував да ја избегнам импликацијата дека машките геј-културни практики со кои најмногу се занимавав се вторични, поткултурни, туку само затоа што сакав да избегнам да го претрупам текстот со таа недрага сложенка од поим.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите овие културни облици или жанрови во нашиот свет потесно се поврзуваат со женственоста отколку со мажественоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто како што кампот дејствува да го нагризе неироничниот восхит кон убавината со чија моќ не може да се рамни и чија моќ не може да ја измести, така машката геј-култура се бори да ја одложи болката на загубите што не престанува да ги оплакува. ‌Можеби тоа е уште една причина поради која машката геј-култура им предизвикува толкава одбивност на геј-мажите, зошто побудува толку одрекувања и зошто современите геј-мажи се склони да ја проектираат врз претходните поколенија на архаични, патетични кралици – врз секого освен врз себе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Посветеноста на совршенството и одбивањето да се задоволиш со нешто (или со некого) помалку од тоа го создаваат оној особен спој од еротичност и естетичност што ѝ е особен на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако машката геј-култура можеби веќе не е преокупирана ниту со Џоан Крафорд ниту со Бети Дејвис, таа и понатаму им издвојува голем дел од своето внимание на холивудските ѕвезди, на дивите, на поп-иконите и на разни современи женски ликови кои отелотворуваат разни комбинации на сила и страдање, на гламурозност и абјектност, на моќ и ранливост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А со тоа може да се објасни зошто машката геј-култура се закачила за сцената и за целиот филм.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа се бори против културниот симболизам на женственоста така што ги увеличува нејзините апсурдности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И што точно е тоа што Џуди Гарланд или бродвејскиот мјузикл или другите за нас допадливи артефакти на главнотековната култура ни го нудат, а што не може да ни го овозможи една експлицитна, отворена, нешифрирана машка геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За голем број геј-мажи, Џоан Крафорд, Голден грлс (‘Златни девојки’), Лејди Гага и многу други камп-икони и натаму имаат извесна моќ и привлечност, иако главнотековните геј-коментатори како Саливан, кои би сакале да не е така, тврдат дека немаат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму таков ироничен однос кон машката власт, имплицирал Хегел, бил подлога на Антигониниот отпор кон законот и ѝ овозможил да си го оправда, без потреба да се повикува на никакво поопшто начело, пркосот кон државата. ‌Џуди Гарланд не е Антигона.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Всушност, „сентименталноста“ што често ѝ се товари на мелодрамата и која се смета за едно од нејзините обележја, на крајот на краиштата, не е ништо повеќе од склоност кон премногу изобилни нежност, достоинственост и почит на некакви нискосталешки луѓе кои (според елитата) не заслужуваат толку голема мера сериозна размисла, а кои ја добиваат од мелодрамата само затоа што мелодрамата ги одразува блиското идентификување на нејзината публика со таквата раја и силината на емоционалната внесеност на таквите гледачи во нивните животи. ‌Високиот степен на емоционална напнатост што мелодрамата го внесува во премрежињата на обичните луѓе, кој би им прилегал на врвните теми на трагедијата, но кој станува будалест кога ќе се наштима за да внесе горливо значење во животи што не го заслужуваат тоа, не може да не изнуди насмевка на лицата на општествено овластените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како геј-идентитетот, романтичната љубов – особено кога настапува како вистината на нашите најдлабоки чувства, како некој вид цврста емоционалнa подлога – овозможува алиби и покритие за срамните подробности на геј-сексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Традиционалната машка геј-култура – со оние нејзини женски икони, со дречливион кемп-стил, со поделбата на кралици и трејдови, со нејзините поларизирани родови улоги, со нејзините хиерархии, со здробените романтични желби, со нејзинана сентименталност, со нејзината самосожаливост и со предлабокиот очај околу можноста да се најде трајна љубов – сето тоа изгледаше не само старинско и престарено туку и одбивно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зафаќајќи се со овој еден пример, ќе се обидам да опишам како машката геј-култура создава и разработува свој особен начин на чувствување и единствен начин на поврзување со светот преку својата практика на презаземање делчиња од главнотековната култура и на нивно пресоздавање во носители на геј- или на настрано значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За машката геј-култура нема никаков сооднос на надворешност помеѓу бидувањето и играњето улога, помеѓу актерот и настапот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во целосната, несебична задлабоченост во бочно прилепените куќи од осумнаесеттиот век или во музичкиот театар или во сувенирите од Џоан Крафорд – во сите тие „исечоци, кутии цигари, ретки стари фотографии, писма, филмски ролни и колажни споменари“ во збирката на Нил Мачијевски (како што е опишана во списанието Аут травелер) – некои геј-мажи можеби гледаат можности за доживување силен занес каков што самата сексуалност, од која и да е причина, не им го овозможува и не може да им го овозможи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби тоа е и она што ја зајакнува склоноста на геј-мажите да се идентификуваат со нејзиниот разулавен лик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сосема е за очекување секоја полугенерација геј-мажи да чувствува отсеченост од културните објекти и од начините на поврзување со нив кои толку ѝ значеле на полугенерацијата пред неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Демодираните, но крајно доследни и методични стилови, напуштени од модата и општествено обезвреднети, по правило будат кампско признание.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како ќе мораше да се смени мојов приказ на машката геј-култура да се однесуваше на некој друг лик?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И би било дури и лесно да се сфати зошто, во ера пред да биде возможна една таква отворена, експлицитна машка геј-култура, културниот израз на геј-мажите добил облик на поткултурна практика на запоседнување и преозначување на избрани нешта од околната хетеросексуална култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие претстави, на крајот на краиштата, се бесмислени – или барем изгледаат бесмислено штом човек веќе не е нивен главен корисник и нивна непосредна, првенствена цел (а геј-мажите не се).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете зошто задачата да се објаснат машката геј-култура, машкиот геј-вкус, станува толку сложена, барем кога ќе се навлезе во подробностите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
‌Во геј-општеството од тој период, преминот од девијантни во нормативни родови стилови, подемот на сексот како симбол и практика и евтаназијата на традиционалната машка геј-култура беа меѓусебно строго сврзани. Она што кралицата беше за бучот, културата беше за сексот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога настапувам, излегувам од ликрени вреќи и степувам на музика од мјузикли.439 Јасно е дека традиционалната машка геј-култура – односно поткултура – и натаму им дава на настраните од секој вид емоционални, естетски, дури и политички ресурси што се покажуваат како силни, нужни и незаменливи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А не се ни геј-мажите тие што ја нанесуваат навредата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да ги проѕреш сопствените еротски илузии без да го лишиш предметот на својата љубов од достојноста да биде љубен, да се одречеш од следувањето почит додека и понатаму ја бараш почитта, да љубиш и да бидеш љубен без да внесуваш во својата љубов достоинство: ова е можноста што традиционалната машка геј-култура им ја нуди на своите приврзаници.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Треба од поблиску да разгледаме на кој начин функционира во машката геј-култура оној заменски идентитет, женственоста – треба попродлабочено да сфатиме што е машката геј-женственост и за што служи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не би имало никаков процес на декодирање и рекодирање што би се проучувал, а културните практики на геј-мажите не би ни откривале ништо особено за машкиот геј-субјективитет, освен некакви познати и очигледни психолошки обичности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И ете зошто тој и претпоставува и создава заедништво.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако, меѓутоа, ироничното пародирање на женственоста од страна на машката геј-култура не мора нужно да искажува непријателство кој жените, тоа, сепак, не ни кажува какви ефекти има врз вистинските жени и колку се позитивни тие ефекти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Феј Данавеј, од друга страна, не е дрег-кралица.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За да можеше таа алузија на Аида да им значи нешто на своите читатели, во тој свој општествен контекст, многумина припадници на локалната геј-заедница ќе морале да се имале здобиено со значителна претходна културна наобразба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повеќето други општествени групи – било малцинските групи како што се Афроамериканците, било мнозинските групи, како што се Американците без предзнак – се иницираат во своите култури и дома и на училиште, како и преку телевизијата и преку филмовите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури и најмала промена во тлоцртот на мојот проект ќе имаше далекосежни последици по исходната слика за машкото геј-постоење што се дава тука.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А сега барем сме во положба да сфатиме зошто машкиот геј-дрег се специјализира за комбинирани прикажувања на гламурозната и на абјектната женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како и да е, мислам дека треба подлабоко да проникнеме во причините поради кои отворената и експлицитна геј-тематизирана машка геј-култура што ја овозможи геј-ослободувањето и натаму има толку тешкотии да си најде машки геј-поддржувачи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби не е возможно да се однаправи општествената позиционираност, но можно е да се поседува, да се искористи, да се преориентира, да се стави во перверзни преупотреби.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Фелоус успева мошне сјајно да ја долови бессексноста на голем дел од машката геј-култура, зазбивтаната внесеност во свет на фасцинанти и скапоцени предмети, манијачната опседнатост со свеќници, со сребро, со брусено стакло и со резба и сите оние естетски задоволства што изгледа дека немаат никаква врска со сексуалното задоволство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Согласно со тоа, заклучив дека она што геј-мажите најмногу го сакаат е тоа што отсекогаш им се одрекувало – односно, можноста да си го афирмираат идентитетот на геј-мажи така што ќе се гледаат себеси буквално претставувани во (на пример) машката геј-литература и така што ќе учествуваат во отворена, достоинствена, експлицитна и заедничка машка геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Може да си го дозволи тоа, зашто геј-мажите, за разлика од жените, никогаш не се во опасност докрај да бидат сведени на својата општествена обележаност и позиционираност како женствени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Непосредна цел е да се расветлат некои прагматични одлики на машката геј-култура и да се опишат облиците на субјективно искуство или колективните структури на чувствување, кои особените начини на интеракција и комуникација ги пројавуваат или ги предизвикуваат кај оние лица, било да се геј било да се стрејт, што учествуваат во културата составена од такви генерички практики. ‌Сигурно би било возможно оваа постапка да се примени на конкретни подоблици или видови на машката геј-култура – етнички или расни или национални или генерациски или сексуални – и да се определат, да се опишат и да се посочат генеричките одлики што ги определуваат латиногеј-културите, или еврејските геј-култури, или геј-културите на работничката класа или геј-културите на глувонемите, или нa садо-мазогеј-културите или на дрег-геј-културите, или на геј-културите на американската урбана младина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На кој начин е таа комбинација од гламурозност и абјектност поврзана со нарушувањето на жанровските граници помеѓу трагедијата и комедијата кое ѝ е особено на машката геј-култура, конкретно со практиката да се смееш на ситуации што се ужасни и трагични?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа е токму причината поради која некои автори претпочитаат поими како „несообразност со родовата улога“ и „родова нетипичност“ за опишување на машките геј-практики на родот: тие понатаму укажуваат, со самата своја неутралност, на извесна одложеност на судот околу точното значење на машкото геј-родово дисидентство, на одбивање некои и сите отклони од канонската мажественост да се дефинираат автоматски, без размислување и некритички како „женствени“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто не се срами од машката геј-култура, дури ни од највознемирувачките и од најпрекоруваните елементи на геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Смешноста што се сврзува со недостоинствената женствена болка во општеството на машката повластеност особено ќе одекнеше во искуството на геј-мажите во текот на првите петнаесет години од кризата со сидата, од 1981 до 1996 година, пред воведувањето на антиретровирусната терапија, кога сидата неминовно беше смртоносна состојба и кога стрејт-општеството редовно ја отфрлаше стварноста на страдањето на геј-мажите, ускратувајќи им го сочувството што намуртено им го даваше на „невините жртви“ на епидемијата.192 Во тој контекст, смеата со која машката геј-култура ја дочека сопствената ужасна и трагична состојба изразуваше, како што правела многупати, истовремена идентификација со вредностите и гледиштата и на повластеното и на абјектното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, стратегиското, иронично презапоседнување на некаква девалоризирана женственост ниту подразбира ниту предизвикува натамошна навреда на жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А, пак, сосема е возможно да се ослободат од фобичните асоцијации и да им се внесе толкување позитивно за гејовите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа не значи дека машката геј-култура е изземена од мизогинијата и дека нејзините феминистички исправи се беспрекорни.398 Геј-мажите умеат да бидат женомрасци: Зошто би биле, на крајот на краиштата, толку различни од сите други – вклучително и од стрејт-мажите и од голем број жени – во таа несреќна смисла?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нагорничавиот пат по кој мораат да се искачуваат геј-мажите за да се здобијат со прифатеност и еднаквост е најстрмен кога минува низ подрачјето на еротското чувство и на романтичната љубов.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Попрво, таа открива поинаква содржина, алтернативно значење – контратематика – во самиот стил на естетскиот предмет. ‌Посветен на стилот и „неутрален во поглед на [отворената, експлицитна] содржина“, естетизмот на машката геј-култура си го доживува секој предмет што го цени – било да е ламинатно-винилна трпезариска гарнитура од 1950-тите години, било да е сервис садови фиеста од 1930-тите, било да е спот од Мадона или песна од Има Сумак, куќа од американски ранч од 1950-тите или француски дворец – како кохерентна, внатрешно доследна стилска целина, како пројава на историски и културно специфичен систем на вкус чија отелотвореност во предметот е толку целосна што самата таа целосност по себе предизвикува задоволително препознавање и овозможува своевидно сопствено задоволство.269 Таа готовност естетскиот суд за одреден предмет да му се подреди на вреднувањето на севкупноста со која предметот отелотворува единствен, интегриран естетски или историски систем е она што ја навело Зонтаг да заклучи дека „Кампот не дејствува во смисла на убавината270, туку во смисла на степенот на извештаченост, на стилизираност“. ‌Всушност, машкиот геј-естетизам е склон да ја заматува разликата помеѓу убавината и стилизацијата, дотолку што значењето или содржината ги сместува во самата форма, наоѓајќи вредност во секој предмет што покажува совршена сообразност со даден естетски поредок, со даден стил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, не би се ни нафатил да му ја кажам на Кевин Авијанс – сјајниот афроамерикански изведувач кој во 2000 г. и во 2001 г. одржа две работилници на мојот предмет „Како да се биде геј“ – иако во 2006 г. веќе не беше во своите дваесетти години кога пред еден геј-бар во Ист Вилиџ му ја скршија вилицата пет-шестмина типови што го нападнаа урлајќи антигеј-навреди.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дали е вкоренета во општественото непријателство и отфрлање?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Истото важи за голем број машки геј-културни практики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Третирајќи го кампот како свој стрејт-маж, како топовско месо за својата иронија – обидувајќи се да произведе кампска верзија на кампот, така што ја презапоседнува запоседнатоста на Милдред Пирс од страна на машката геј-култура – стрејтерската хипстерска култура ја претвора геј-културната практика во средство за афирмирање на сопствениот идентитет, односно антиидентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, не е ни нетипично, а искажува однос што и тоа како може да биде особен за машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако геј-мажите гравитирале кон дрегот, холивудските мелодрами, великата опера, кампот, модата и дизајнот, тоа сигурно е така зашто сите тие се женствени форми или барем затоа што традиционално се кодирани така. ‌Да скратам, изгледа дека викторијанскине лекари, на крајот на краиштата, имале право.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мораат да се преправат во стрејт-дрег.215 ‌Не само што овој услов ја објаснува особената вредност што машката геј-култура им ја придава и на стилот и на играњето улоги туку ја објаснува и логиката на нивната меѓусебна врска.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Може да добие облик на копнеж за богатство и за општествена повластеност, но нејзин белег е стремежот да се оствари позадоволителен начин на живеење, живот во префинетост, во углед и во задоволство; не се стреми кон општествена надмоќ заради самата општествена надмоќ. ‌Ако машкиот геј-естетизам поттикнува идентификација со повисоките сталежи, тоа е затоа што машката геј-култура го претпочита задоволството повеќе од употребноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Софистицираната машка геј-култура, всушност, ужива да си игра со спротивноста меѓу женственото и мажественото: меѓу кампот и убавината, културата и сексот, настраниот субјективитет и машкиот геј-идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите кои сакаат да се претставуваат како мажевни, ненастрани, постгеј или едноставно како обични, секојдневни дечки чија сексуална наклонетост не ги обележува како инакви од обичниот свет, инстинктивно клонат од секој аспект на машката хомосексуалност што би изразувал или би означувал женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа овозможува алтернатива, нов склоп од можности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па кога ќе се повикувам тука на тие поделби, целта нема толку да ми биде да ги разграничам разните гранки на книжевноста, различните начини на претставување и различните формални системи на дискурс, колку што ќе ми биде да ги опишам различните хоризонти на очекување во говорот и во однесувањето. ‌Разни обѕири го прават обидот да се зборува за „машка геј-култура“ ризичен, проблематичен, па дури и немудар.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Камо да можев да го проширам уште повеќе, да опфатам што е можно повеќе аспекти на машката геј-култура и да напишам уште поглавја за нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во најмала рака, нема ништо едноставно и приземно во оној вид смеа што доаѓа од оние публики што машката геј-култура ги научила да реагираат на ужасни или трагични ситуации со толку неодмерен, збунувачки уренебес.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Слично така, геј-мажите честопати разменувале информации за тоа каде во јавната стрејт-култура може да се најдат бисерчиња геј-духовитост, скришни двојни значења со геј-смисла или итри ишарети што машките геј-уметници успеале некако да ги протнат во главнотековните филмови и во главнотековната музика, каде што си седат заштитено скриени и обично минуваат незабележани, освен од оние што знаат каде да ги бараат.438 Ништо од она што го кажувам тука не е со цел да ја оспори вредноста на сето тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голем број машки геј-културни практики затоа не се мажествени и женствени или „дводуховни“, а и не покажуваат баш комбинација на мажествени и женствени одлики, ниту состојба на половина пат меѓу машко и женско.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа нуди отуѓен светоглед кон интензивната емоција што – за разлика од судот на мојот стрејт-другар кој го спепели Сон за страст – не е ниту скептичен ниту редуктивен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто така, може да изгледа дека токму чувствата и болката на жените, и тоа најчесто на оние од пониските сталежи, се тие што доследно ѝ се смешни на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Прифаќањето на некоја положба во која сме неминовно сместени не значи нејзино консолидирање, а не значи ни прифаќање на неповолните околности во кои се издигнуваме до претставеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можно ли е тоа да е поради геј-иницијацијата? Може ли машката геј-култура, сепак, да не била толку ирелевантна за геј-мажите, откако постепено ќе се изложат на неа?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ни оддалеку не се изумрени – како што ќе ви посведочи секој што бил на дрег-претстава или што го гледал филмот на Педро Алмодовар Сѐ за мајка ми од 1999 година, кој сјадрува една цела традиција на културното размислување на геј-мажите за своите односи кон женственоста и кон ликот на мајката.356 Но, денес ниту еден геј-маж што држи до себе не сака да се осврнува на тие теми, освен во штос или ако треба некому да му спушти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто како што, во случајот со бродвејскиот мјузикл, нема да ја оствариш геј-желбата ако на сцената ставиш геј-мажи и прикази на машкиот геј-живот, така и во овој случај тешко дека ќе ја одгатнеш тајната зошто Милдред Пирс и Џоан Крафорд им се привлечни на геј-мажите ако ги толкуваш како дублерки на геј-маж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А машката геј-култура, бидејќи се практикува и се пренесува колективно, главно е артефакт на урбаните машки геј-заедници, кои се состојат од возрасни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во типично демократизирачки кампски гест, таа ја користи за себе и за сите други етикетата „мелодраматично“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Барем за машката култура, вистинската политика на филмот лежи во неговата естетика: неговиот стил го надминува она што го пренесува неговата видлива порака.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Идентификација“ е начин да се каже дека машката геј-култура е, некако, комплексно зафатена со ликот на Џоан Крафорд – дека тој лик воодушевил некои геј-мажи, дека неговите фигуративни можности ги погодиле и дека тие емотивно се поврзале со него или дека се понесени од односите на блискост или на совпаѓање или на коинцидентност што успеале да ги остварат со него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зошто толку многу геј-мажи и понатаму им се восхитуваат на негеј-ликови и се идентификуваат со нив, зошто и натаму претпочитаат културни прикази во кои отсуствуваат геј-мажи?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Денес е во мода – или, барем, беше модерно во релативно пркосната машка геј-култура од 1980-тите и 1990-тите, кога пишуваше Милер – геј-мажот да си ја покажува геј-гордоста, сексуалната ослободеност, така што ќе си го чува купчето геј-порнографија ставено на виделина веднаш до креветот, заедно со разноразните други еротски помагала.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Идентификувањето на машката геј-култура со аристократските вредности или ставови е стратегија на отпор кон конкретни форми на обезмоќување што произлегуваат од општествената подреденост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Заправо, повеќето божји чеда едвај изгледаат пристојно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што ако, наместо Крафорд, моето испитување на машката геј-култура ја земеше за парадигма нејзината соперничка и повремена противничка Бети Дејвис?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И покрај искреното уживање во апсурдните и бизарни сексистички прикажувања, ироничното присвојување на женственоста од страна на машката геј-култура не изразува отсуство на лична вмешаност во тие прикажувања, ниту чувство на неранливост од симболичното насилство на редуктивните стереотипи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, веќе ги утврдивме трите услови чие содејство е и нужно и доволно за да се објасни општествената репродукција на машката геј-култура. (1) Дури и ако конвенционалните, хетеронормативни жанрови на дискурс се исто така и жанрови на чувствување и стилови на лично изразување; (2) ако главнотековните жанрови на дискурс, жанрови на чувствување и стилови на лично изразување се кодираат за родот и за сексуалноста според стандарната културна поетика – така што се интонираат со конкретни општествени вредности што различно се поврзуваат со конкретни обродени или сексуални улоги; и (3) ако таквите жанрови на дискурсот и стилови на чувствување или на изразување се обликувачки за одделните субјекти уште од раната возраст во животот – тогаш навистина е возможно во машката геј-култура да има нешто како примарна социјализација, доколку извесен дисидентски однос кон тие жанрови на дискурсот и на изразувањето претставува дисидентско обликување на родот и на сексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И покрај големите историски и општествени промени на условите на машкиот геј-живот што се случиле во изминативе педесет години, геј-децата и понатаму растат во стрејт-свет, стрејт-културата и понатаму и понатаму им е многу важна, а машката геј-култура сѐ уште функционира – и, впрочем, се развива – преку метафорично или фигуративно читање на стрејт-културата: преку нејзино преусвојување кое е и отпор кон неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие претставуваат потенцијални места за влез во начин на суштествување усогласен со твојата визија за еротско и естетско совршенство, наместо постоење што ти бара да си ги жртвуваш сништата во служба на стварноста – на тмурниот, исполнителен живот како оној од улица Корделија во Питсбург кај Катер (бистро именувана според скромната, нестремежлива, буквална ќерка на кралот Лир) – како што стрејт-општеството би сакало да правиш.281 Во таа смисла, борбата на Пол во приказната од Катер или борбата на Веда во Милдред Пирс е борбата на машката геј-култура како целина.282 Веда не само што ја застапува каузата на бегството, со помош на пари (во нејзиниот случај), од задушниот свет на хетеросексуалните семејни вредности; таа исто така се бунтува и против самиот биолошки детерминизам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И тука се работи за комплексна игра на идентитетот и на различноста, осцилирачка иронична двојност – истиот оној вид на иронична двојност што му е суштинска на камп-сензибилитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Всушност, подобро би било да се искористат пронигбите што ни ги нудат различните толкувања за да дојдеме до согледба за машката геј-култура која е истовремено издржана, инклузивна, многуопфатна, недогматска и отворена за различните гледишта. ‌Ајде, тогаш, да се навратиме на филмовине и да поразгледаме некои психолошки и тематски хипотези за нивната привлечност, пред да преминеме на општествена, прагматична и, нужно, формална анализа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во спротивно, ако сериозноста е настап, изведба, и ако тоа што нешто се доживува како настап значи дека не се сфаќа сериозно, тогаш машката геј-култура има целосно право сериозното да го преиначи во тривијално, да го исмева она што важи за сериозно – да му се подбива на она што постигнува сериозност со самата извонредност и свеченост на изведбата.222 И навистина, што може да биде посоодветно, пореалистично за несериозен третман, за исмевање од непријателски устроените и неменливи стварности на општествениот свет, дури или особено кога се ужасни и трагични, кога се прашања на живот и смрт – и кога ви се случуваат вам?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Излез, всушност, има. ‌Вложеноста на машката геј-култура во сцената со судирот меѓу мајката и ќерката, со други зборови, и тоа како може да има врска со неблаготворните општествени и дискурзивни услови во кои геј-мажите се воздигнуваат до можноста за емоционално изразување, а најмногу за еротско изразување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа е една од причините поради кои оваа верзија е толку поневпечатлива од оригиналниот филм, и покрај визуелната убавина на фотографијата и поголемата убедливост на приказната.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па не е мудро, тогаш, да се апстрахираат, да се деспецифицираат, да се генерализираат, да се хомогенизираат и да се сведуваат на некоја универзална граматика на машката геј- култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некои од тие вредности или идеали поврзани со жените се обележани како женствени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа значи да се постигне одреден степен на противтежа во однос на нив, истовремено признавајќи им ја натамошната способност да ги диктираат условите на нашето општествено постоење.253 Ова објаснува зошто машката геј-култура еволуирала тешко дофатлива културна практика и начин на перцепција, познат како камп, кој подразбира да не се сфаќаат сериозно, буквално и неиронично самите нешта што се најважни и што предизвикуваат најмногу болка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека би нѐ вратиле во некој психолошки модел на машкиот геј-субјективитет, тие би ја нагласиле сексуалната политика на културната форма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, некои од нив премногу очигледно зависат од едно тематско или психолошко или алегорично читање, кое го третира судирот мајка-ќерка просто како кодирање на машкото геј-искуство (отфрленост од мајката, обезмоќеност, пркос, излегување).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Овие поделби, кои ја структурираат целата традиционална машка геј-култура, се темелат врз спротивноста на убавецот и кампот, а ги спроведува законот што не дозволува тоа да биде еден ист човек.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако машката геј-култура го зајми омаловажувачкиот културен симболизам што е сврзан со женственоста и ако дури и ужива во тоа, тоа е така затоа што во женствената идентификација гледа стратегиска можност, која со радост ја користи – можност да ја обессериози сериозноста со која нашето општество ги третира сопствените родови конструкции.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да си го живееш љубовниот живот како мелодрама, свесно и намерно да правиш така, се разбира, не значи да одбиваш да го сфатиш сериозно – како што ќе ти каже секој геј-обожавател на Џоан Крафорд, а сигурно и секоја оперска кралица.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не очекувам дека сите што ќе ја прочитаат книгава ќе ги убедам во полезноста на мојот предмет, но се надевам дека барем јасно ќе ја покажам вистинитоста на интелектуалните влогови во моето испитување на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби не грешат кога лично се чувствуваат како цел, кога мислат дека машката геј-култура им го напаѓа самото суштествување како жени преку своите бујни претставувања на екстравагантната, претерана, хистерична, страдна, унижена или абјектна женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А ти, како гледач, ем се мочаш од смеење ем истураш очи од плачење.165 Ова намерно вкрстување на трагичниот и на комичниот жанр е вкоренето, како што во цитираното интервју забележа Нил Бартлет, во долгите традиции на машката геј-култура, вклучително и во дрег-изведбата, која послужила да се канонизираат, чуваат и обновуваат тие традиции.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа и неминовно подразбира присвојување и настранување на предмети од главнотековната култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Неговото дејство го лишува љубовникот од секакво чувство дека има контрола врз своите емоции и постапки, а со тоа и го ослободува од секаква одговорност за сопствените чувства.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Црнечкиот геј-уметник се осврнува и на еротиката на ропството и на еротиката на аболиционизмот, со која ја истакнува суптилната порнографија што е имплицитна во пропагандистичката противробосопственичка уметност на аболиционизмот, а посегнува по естетиката на машката геј-култура поради нејзиното камп-осликување на општествената, на институционалната и на расната доминација.172 Во овој впечатлив и оригинален настран филм, како и во многу машки геј-реакции на ХИВ/сидата, ништо не е свето.173 За да ја посочам точната природа на културното дело изведено со ова настојчиво и упорно нарушување на жанровските граници – што е престапничка практика карактеристична за машката геј-култура, која изгледа решена да нѐ научи да се смееме на ситуации што се ужасни и трагични – детално ќе го испитувам машкиот геј-прием, присвојување и настранување на еден класичен артефакт од американската популарна култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој благонаклонето цитира една забелешка што Џон Клам ја изнесува на почетокот од својата книга за музичкиот театар и машката геј-култура – „Според мене, суштествувањето како геј има исто толку врска со посветеноста кон некои видови култура, колку што има врска со моите сексуални настроенија“ – навидум прифаќајќи го благо отфрлачкиот и леко омаловажувачки став кон сексот што провејува во Кламовата употреба на старинскиот збор ‘настроение’ кога зборува за хомосексуалниот избор на предметот.334 За Фелоуса, „геј“ не е синоним со „хомосексуалец“ и никако не треба да се сведува на тоа (13).335 ‌Онака заинтересиран за „некои од особените димензии на машките геј-животи кои ја надминуваат сексуалноста сама по себе“ (x), за „несексуалните димензии на природата на геј-мажите“ (243), Фелоус доследно ја ублажува важноста на сексуалноста, сметајќи ја за едно од „најнесуштествените нешта“ според кои геј-мажите се разликуваат од стрејт-мажите – односно, ја смета само за знак на подлабока разлика, која мора да има врска со особеноста на „геј-сензибилитетот“, сфатен како „суштественa страна на човечката природа“ (262).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Значи, видот на аристократија кон кој се стремат некои геј-мажи може да испадне сосема поинаков вид на надмоќност од она што нормално се подразбира под ‘аристократија’, надмоќност што не е неспојлива со „демократскaта жизненост на кампот“.280 ‌Луксузот што го цени машката геј-култура може да се достигне без буквална екстравагантност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Доблестен стремеж е тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Својски и отворено да учествуваш во културни практики што изгледа дека изразуваат трансродов субјективитет или кои се обележани како женствени – било затоа што самиот настран сензибилитет се става на женската страна од традиционалната поделба помеѓу кралиците и трејдовите, било едноставно затоа што обожавањето диви или други женски икони би изгледало дека одразува длабоко идентификување со жените од страна на геј-мажите – е општествено и еротски ризична работа за геј-мажите, без разлика колку се горди и колку се прифатиле себеси. ‌Ете ја сцената од филмот на Норман Рене од 1990 г.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Една поткултура е во опозициски (ако не и противнички) сооднос со веќе постојниот склоп од авторитативни културни вредности и таа упатува, експлицитно или имплицитно, на свет што самиот не е сопствено независно создание.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој само се стреми да ѝ го направи дејството понетоксично – така што ќе ги направи вредноста и престижот на романтичната љубов помалку аксиоматски. ‌Преосвојувањето на ликот на Џоан Крафорд, воопшто, од страна на машката геј-култура и неговото ставање во инаков оптек, како и нејзината фасцинираност со таа една сцена од Милдред Пирс, можат да добијат посебна смисла ако се гледаат на ваква светлина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Манијачката опседнатост со постигнувањето на таа и таа нијанса на боја, со потребата косината на тој и тој покрив, текстурата на таа и таа површина да бидат баш како што треба можеби и е опседнатост што навистина е упадливо, својствено машко геј-културно обележје.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Отфрлајќи ги сите побарувања на семејната божемна невиност и капејќи се во дречлива, неприродна неблагодарност, таа си го виори чувството на надмоќ пред конвенционалните буржоаски канони на моралноста, нормалноста и природноста. ‌Такво чувство на надмоќ над здодевните, нормални луѓе одамна се забележува (се слави или се презира) како одлика на машкиот геј- субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А дури и да немаме инстинктивно сознание за тоа што им значела Џоан Крафорд на геј-мажите од претходните ери, барем ја имаме привилегијата да можеме да се извадиме од гравитациското поле на нејзината силна привлечност и да размислиме за природата на таа нејзина привлечност на релативно незасегнат и непристрастен начин – спокојно, љубопитно и од редица можни стојалишта – што значи дека ни е полесно да коваме критички метајазик на кој ќе зборуваме за тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако за потребите на оваа студија посакав да ѝ завртам грб на самата машка геј-култура и, наместо неа, да ги истражувам природата и функционирањето на машката геј-поткултура, тоа е затоа што вторава е мистериозна на начини на кои првата не е.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Машкиот геј-култ на Џоан Крафорд, како што го толкувам, ми овозможува да расчистам дел од тоа недоразбирање, ако не и целото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И иако во расниот состав на таа култура силно преовладувале Белци, учесниците во неа не може да се исцртаат така што сигурно ќе се совпаднат со некоја општествена група, определена според расна, етничка, национална и возрасна припадност, според способноста, па дури и според сексуалноста. ‌Затоа, понатаму, нема да зборувам конкретно за машката геј-сексуалност на белечката американска средна класа, како што нема ни да претпоставувам дека припадноста кон машката геј-култура им е ограничена само на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во други случаи, односите меѓу стилот, вкусот, класата, родот, сексуалноста и идентитетот остануваат збунувачки недофатни, барем со оглед на сегашната палета од расположливи инструменти за критичка, општествена и семиотска анализа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сѐ нешто ми доаѓаат луѓе и ми зборат за некакви опскурни авангардни уметници што „треба“ да ги знам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Целта е веќе антифеминистичкиот модел на женственоста создаден од хетеронормативниот поредок и промовиран од неговата идеологија за родот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Одбива геј-љубовта да ја обуслови со успешно подражавање на мажественоста, било да е тоа сопствената, било да е онаа на дечкото, и ја одбива сегашната склоност во машката геј-култура постојано да се креваат мерилата за прифатливата геј-мажественост, со кои се налага геј-пожелноста да зависи од сѐ поочајни изведби на тапата, брутална, неиронична мажественост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И сакав да укажам колку една анализа на машките геј-културни практики може да создаде ненормализирачки, непсихолошки и непсихоаналитички приказ на машкиот геј-субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако Џоан Крафорд или другите женствени ликови со кои се идентификувале геј-мажите не се навистина жени, ако цело време биле некакви преправени верзии на геј-мажите, тогаш човек не би можел разложно да ги нарекува со зборот идентификации односите на геј-мажите кон нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Видот машка геј-култура што ѝ е најсклон на мизогинијата веројатно ќе биде онаа маскулинистичка варијанта што ја промовираат Џек Мејлбренч и братството г0ј; тие се тие, најпосле, што сонуваат да живеат во свет без жени (од кој било пол).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со други зборови, членарината за користење на мојана сала беше скапа, но не беше толку скапа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сепак, вреди да се праша какво е крајното кумулативно дејство и влијание на машката геј-култура врз жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А има и цело множество геј-мажи, на различни возрасти, кои се длабоко опитни во машката геј-култура, кои изгледа се родиле во неа и кои го зборуваат јазикот на геј-сензибилитетот како да им е мајчин.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Многупати сум се покајал што само сум се зафатил да го сфатам односот меѓу машката хомосексуалност и културниот облик или да ја објаснам логиката што е во основата на фасцинираноста на машката геј-култура со одредени артефакти на главнотековната култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа не значи дека само геј-мажите можат да ја сфатат машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Предизвикот за критичарите и за толкувачите е спротивното: да се открие што е она во поголемиот дел од машката геј-култура – зачувувањето на историски артефакти, да се послужиме со примерот што само ни е најмногу на дофат, или култот кон Џоан Крафорд – што би можело да има некаква врска со куровите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кампот, како што видовме, е внатрешна практика на една дијалектика во машката геј-култура која се врти околу низа спротивности меѓу романтиката и разочараноста, сериозноста и несериозноста, автентичноста и неавтентичноста – меѓу неироничниот набој на машката геј-желба за машка убавина и ироничното спласнување на тој набој. ‌Кампот ѝ припаѓа на една страна од тоа двојство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дали машката геј-култура, од поткултурниот подвид што го опишав тука, ќе згасне?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа што машката геј-култура истовремено ја прифаќа и иронично ја обратува абјектната општествена позиционираност на жените може да биде полезно за да се објаснат некои упорни недоразбирања меѓу геј-мажите и феминистките, како и да се објасни гласот што ја бие машката геј-култура дека е мизогина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Поентата, едноставно, е тоа што, за да ја разбереме машката геј-култура, нужно се занимаваме не со видовите на луѓе, туку со видовите на дискурс и со видовите на интеракција, без разлика кој ќе се најде да биде нивен субјект.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па каква e точно врската помеѓу женствената гламурозност и женствената абјектност во очите на машката геј-култура?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Каква е, всушност, машката геј-врска со женственоста?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа ја одразува самата структура на општествениот живот на чувствувањето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не е само страдањето на жените тоа што машката геј-култура го претставува како смешно: машката геј-култура исто така и пред сѐ се гледа токму себеси и го гледа токму сопственото страдање во тоа искривено огледало на една обезвреднета женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо тоа, таа бара да се признае онаква каква што е – имено, радикална, бескомпромисна одбрана на убавината, принципиелно одбивање да му се покори убавината како вредност на никакво општествено и политичко размислување кое тврди, колку и да било тоа издржано, дека е посериозно и подостојно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во најмала рака, феминистичката политика изискува делумна десимболизација и дереализација на женственоста како што денес се дефинира и како што денес се практикува и се спроведува; таа налага одглобување на женственоста од женството и од женскоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Само поради таа причина, односот кон женственоста што го поставува Марки во музичкиот спот прави односот на машката геј-култура кон женственоста да изгледа релативно едноставен и јасен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете исто така, машката геј-култура и машкиот геј-субјективитет се општествено изградени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Машката геј-култура навистина се гордее со неавтентичноста бидејќи неавтентичноста има потенцијал да ги срамни диференцијалните мерила и степени на сериозноста, да ги разглоби општествените хиерархии што се потпираат врз нив и да промовира поегалистарен општествен поредок – барем некој што ќе им биде поблагонаклонет на стигматизираните или на маргинализираните групи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оттука, инсистира секој предмет поединечно да го гледа во естетската рамка на самиот предмет, како естетски склоп, како ефект и израз на интегриран естетски систем.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дали идните геј-мажи не ќе можат да сфатат, освен некако сожаливо и посрамено, зошто нивните претходници што живееле во дваесеттиот и во дваесет и првиот век гледале толку значење, толку радост во хетеросексуалните културни облици што ги исклучувале, барем онаму каде што таквите облици не содржеле експлицитни прикази на геј-мажите и машкиот геј-живот? ‌Дали машката геј-култура или поткултура што ја опишав тука е производ на хомофобија?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, сосема ќе бидат во право ако приговараат на губењето на тоа нешто.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа постапка е чиста спротивност на машката геј-културна практика што ја изучувавме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Немаме заеднички јазик, раса и вера.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што има да се изнапише цела книга за да дојде, полека-полека и макотрпно, до простиот и фрапантно очигледен заклучок што требало да се види уште на почетокот?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако не, „што има да се држите за старомодните поимања на барските заедници и идентитетската уметност?“ (16).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но таа нагорна општествена подвижност не е нужно буквална.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно, тоа е само еден од многуте стари филмови што имаат почесно место во традиционалната машка геј-култура и тешко дека е најистакнатиот од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Видовме слични примери на самоодбрана и оградување кај Дејвид Даниелс и кај Ентони Томасини, а да не зборувам за Д. А. Милеровиот фрапиран предмет на љубовта, кој набрзина си ги избришал солзите што ги сронил поради „Некоја чудесна вечер“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исходот, се надевам, е што се расветли една тешко дофатлива тема – тема што била релативно запоставена дури и во феминистичките студии и во квир-теоријата – имено, сексуалната политика на формата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во децениите по Милдред Пирс Крафорд се обидела да го искористи успехот на тој филм, специјализирајќи се за слични улоги и правејќи ги свој заштитен знак, личен белег, определен со единствена комбинација од гламур и абјектност (односно, крајна, обезвреднителна пониженост).178 Дали, тогаш, машката геј-култура нѐ учи да ѝ се смееме на Крафорд?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На пример, машката геј-култура и себеси си ја лепи етикетата „мелодраматична“, а не само на оние на кои им се потсмева, со што подметнува стап во спиците од тркалото на општественото обезвреднување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А таа е едноставна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Очигледeн беше заклучокот дека со маки извојуваната можност за отворена, нецензурирана, експлицитна и рефлексивна машка геј-книжевност не ја згаснала сосема привлечноста на сиот тој прикриен, криптиран материјал што толку ѝ е при срце на традиционалната машка геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби изгледа дека машката геј-култура нѐ наведува да се смееме не на ситуации што општо земено се ужасни и трагични, туку на некои ситуации во кои жени, од Малечката Нел до Џоан Крафорд, се појавуваат во особено страшни и трагични околности – изложени, навредувани, изневерувани, понижувани, напаѓани, хистерични, на умирање, во оплакување, без контрола.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Активната пасивност на машката геј-култура, нејзиното уживање во подреденоста и нејзиното гордеење со неа, нејзината готовност да се идентификува со поимањата со кои се карикатурираат или се омаловажуваат жените и геј-мажите не треба да се сметаат за ратификација на тие поимања, туку за уште еден израз на кампската интуиција дека нема ништо надвор од моќта, дека малцинствата и стигматизираните групи не можат да бираат како ќе се гледа на нас и каква вредност ќе им одредува општеството на нашите животи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А токму такво чувство можеби машката геј-култура им предизвикува и на многумина геј-мажи, како и на многумина стрејт-луѓе, кои учествуваат во таа култура. (Значи Фелоус не греши сосема кога машките геј-практики ги толкува како женствени.) Но тоа не мора да покажува дека геј-мажите спаѓаат во трет или меѓупоставен пол, дека имаат различна биологија или психологија од стрејт-мажите, ниту дека имаат некоја посебна, суштинска, архетипска природа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, не си ја разбира упорната приврзаност кон тие традиционални извори на настраното задоволство и не знае како да си ги објасни сопствените опсесии. ‌Фељтонот за геј-културата во Тајм аут Њујорк е бележит во оваа смисла не само затоа што слободно си ја признава неспособноста да се справи токму со избраната тема туку и затоа што толку јасно и симптоматично покажува поголема збунетост околу тоа што, всушност, би можело да значи тоа „геј-култура“, на што тоа би упатувала и од што тоа би се состоела.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Обликувачките, субјективизирачки дејства на родот го нудат решението на упорната загатка за тоа како може децата толку рано да се иницираат во културната практика на хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И не зависи од сета таа машинерија на сценската култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Всушност, многу е веројатно дека најголем дел од настраните обожаватели на Џоан Крафорд не сакаат сериозно да бидат таа и сигурно не би се решиле да бидат, дури и кога би можеле.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во својот изворен претстоунволски општествен и парадигматски контекст, како што го опишува Естер Њутн, кампот се појавил како оружје што машката геј-култура си го справила во еден очајнички, ако не и јуначки напор да ѝ се опре на моќта на убавината.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
ДЕЛ ПЕТТИ Kоли за пички 15 ГЕЈ-ЖЕНСТВЕНОСТ ‌Објаснувањето за конкретните облици што ги добила културната практика на машката хомосексуалност во поновите англоамерикански општества би било навидум очигледно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со такви средства, машката геј-култура добива одреден општествен и критички лост против оној вид хетеросексуална сентименталност чие полагање право на сериозност зависи од важноста да се биде стамен.307 Да се проѕрат таквите полагања право, да се разоткрие таа сериозност како поза, значи да се биде надмен од височина до која право на пристап може да ти даде само извесна повисока општествена положба – или, ако ја немаш, аристократство на вкусот. ‌Ако се чини дека геј-мажите си го потпираат опстанокот врз нагорната општествена подвижност, како што укажа Нил Бартлет – или ако машката геј-култура честопати изразува идентификување со повисоките сталежи или со гламурозноста, со убавината и со елитните културни практики и форми (како што е великата опера) кои изгледа дека ги исклучуваат масите – тоа не е затоа што геј-културата ги одразува интересите на некоја висока општествена каста, на мажи што ги уживаат повластиците на расната и на сталешката надмоќност и што и самите потекнуваат од повисоките сталежи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како инаку би останале чесни?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најречовита и најсамосвесна забелешка, би рекол, му е следнава: „Но, причината поради која белците ја сакаат иронијата е што таа им овозможува да се си се позабавуваат и да им биде подобро во сопствената кожа“.419 Таквата иронија им овозможува на успешните шизички стрејт-белци, вклучително и на Ландер, да се справат со срамот поради тоа што се повластени и белци дистанцирајќи се од културата во која веќе спаѓаат, тешејќи се со можноста дека не се докрај вмешани во неа, ставајќи се над неа и надвор од неа благодарение на тоа што имаат критички поглед, како и преку идентификување со маргинализираните луѓе, што им овозможува и понатаму да си учествуваат во неа со почиста совест.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да скратам, постои ли машки геј-еквивалент на процесот на примарна социјализација?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеш да дојдеш до живот во гламур преку секс во најмала рака така што ќе уживаш во непопречувани сексуални задоволства со незнаен број посакувани луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И што е тоа во овие два филма што ја објаснува тајната на нивната привлечност за гејовите? ‌За да побараме одговoри на овие прашања, мора да се свртиме кон поетиката на машката геј-култура и, поконкретно, кон значењето на општествените форми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, за машката геј-култура – која суштествувањето го поима како играње улога, суштината како ефект на изведбата – ако нешто се сфаќа сериозно не значи дека сe исклучува неговиот третман како настап.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е тоа што ќе се обидам да го правам и сега. ‌Ајде да разгледаме еден многу едноставен и очигледен факт.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто го нагризува култот на романтичноста кон неволевото, го нагризува неговото промовирање на задолжителни романтични врски, му го нагризува идеализирањето на емоционалната неслободност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И силата/страдањето и гламурозноста/абјектноста би можеле да се сведат на поедноставна формула, на општа равенка, на основна структура дефинирана со бинарноста моќ и ранливост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури и панелот од „локални ЛГБТ-творци на културата“, составен од Тајм аут Њујорк за да одговори на прашањето што е геј-култура, го признава тоа, макар и неволно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од каде уживањето со кое машката геј-култура со љубов ги повторува овие мигови на ужас и малтретирање?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, општествените и политичките контексти на машката геј-култура честопати ќе ги даваат клучевите за нејзино разбирање, како и емпириската основа за толкување конкретни текстови, предмети и практики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разликите меѓу нив, меѓутоа, и тоа како може да излезат значителни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па, тогаш, дали сум напишал реакционерна книга?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, самите геј-мажи се жртви на културниот симболизам на женственоста – иако тие од него страдаат поинаку од жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Колку и да е згодно да се застапува – заради обликување на политичка одбрана на машката геј-култура – некаква апсолутно реска разграниченост меѓу женственоста и родовата улога или изведба, од една страна, и женскоста како полова или биолошка состојба, од друга страна, границата меѓу нив честопати излегува понејасна и понехерметичка отколку што човек би сакал, особено бидејќи самите машки геј-културни практики се склони да ја разводнуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Спотот на СЈ, исто така, одбива сериозно да ја сфати разулавената женственост на Џоан Крафорд и слично така ужива во неуспехот на Копола да проектира трагичен, автентичен лик на гламурозна жена што е на работ на нервен слом.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Историската функција на машката геј-култура била – а нејзината тековна политичка задача и понатаму е – да се искове иронично гледиште кон сцените на задолжителна, општествено заверена и наметната изведба, да се тргнат од оптек наводно автентичните општествени идентитети и да им се врати статусот на упорно и приглупаво преповторувани улоги. ‌Хегел еднаш рекол, во попатна забелешка, дека жените (die Weiblichkeit) се вечната иронија на заедницата (die ewige Ironie des Gemeinwesens)327.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Општествените дејства на машката геј-култура, конкретно на нејзините иницијациски практики, ќе морале да надоместуваат за таинствените, елитистички одлики на оперската форма кои, во спротивно, ќе ја ограничеле способноста за нејзино доживување само во кругот на културно софистицираните.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете зошто ќе биде нужно да ѝ се обрне многу внимание на, како што и намеравам да ѝ обрнам набргу.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тогаш, кога најпосле сфатив дека тоа што го гледам е можеби одлика на геј-детството, ме заинтересира овој тренд на родова нетипичност...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веќе не можеме да се правиме аристократи; но пресудната поента е дека, сепак, се гледаме себеси како некако над светот на производството или како одвоени од него, како некои што имаат дозвола да си играат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Комбинацијата од женствена гламурозност и абјектност што геј-мажите ја усвојуваат преку идентификација и присвојување – со други зборови, преку дрегот или преку култот кон Џоан Крафорд – на геј-мажите им овозможува положба што инаку би им било тешко да ја заземат со сопствениот лик, барем сѐ додека опстојуваат на мажествен родов идентитет: односно, тоа е положба што истовремено е и достоинствена и деградирана, и сериозна и несериозна, и трагична и смешна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од неа зависи сексуалното достоинство на геј-мажите, како и нашата еротска престижност и пожелност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто претставува предизвик за моќта на едно чувство со кое, знае, никако не може да се рамни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Чикашкиот конзерватор и поклоник на Луис Саливан, Ричард Никл, забележал: „Луѓето имаат право кога велат дека сум преситничав, но ако не си аналитичен во сѐ, тогаш, каде и да е, стануваш мудар и тогаш сѐ може да мине“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За разлика од тоа, тешко ми одеше од рака да ги доживеам и да уживам во дивите и во кампските перспективи кои ми ги подаваше поткултурната практика на машката хомосексуалност, па ми остана воздржаниот или амбивалентниот однос кон нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За разлика од нејзиното љубовно величање на различни диви, ѕвезди и активности што се идентификуваат како женствени, внесеноста на машката геј-култура во женственоста може исто така да изгледа дека е сосема во согласност со некое нагласено непријателство кон вистинските жени.395 Оттука и вечниот феминистички укор: нема тука ништо смешно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па дајте, тогаш, да објаснам зошто морам да зборувам за жанр, штом сакам да зборувам за машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но тоа многу ја надминува мојата амбиција и би зафатило многу, многу томови.160 Тешко ќе биде и многу пипаво да се идентификуваат само некои од генеричките или прагматичните елементи што на машката геј-сексуалност ѝ ја даваат нејзината специфичност, што ја определуваат нејзината различност и што ја разграничуваат од главнотековната, хетеросексуална култура. ‌Еден очигледен заклучок што може да се изведе од ова ограничување е дека машката геј-култура што ќе ја опишувам е култура на мажи Белци од средниот сталеж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Корисно е во овој контекст да се потсетиме на нашиот заклучок од претходно дека „женственоста“ во машката геј-култура, по правило, е заменски идентитет: таа е идентитет што се користи наместо и како замена за облик на постоење што геј-мажите не можат да го добијат – односно, барем не толку лесно – во сопствените личности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Убиство е токму она кон што ќе ве доведе целосното отсуство на кампот. ‌Истава поента одново ја изнесе Рајнер Марија Фасбиндер, во својата филмска адаптација на Керел (Querelle) од Жан Жене, роман што само оди чекор понатаму во трансформацијата на Мелвиловата приказна од морална порнографија во геј-порнографија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голем број машки геј-културни практики во кои има женски геј-ликови, всушност, воопшто немаат никаква врска со жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа значи да се откажеш од сите претензии кон мажествена автентичност и од еротското признание што оди со него и на кампски начин да одбиваш да се удостоиш на сметка на туѓ срам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во најмала рака, искушение е да се шпекулира дека камп-вредноста на таа мелодраматична епизода можеби лежи во нејзиниот повик до геј-мажите безопасно да се вратат на сцената на една слична траума (било вистинска било замислена): траумата на протерувањето од мајчиното присуство и од жариштето на нејзините благост, дозвола и општествена потврда.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, никој не почувствувал потреба прво да се консултира со мене и да побара некој совет што да каже или како да го застапува размислувањето што беше во основата на мојот, признавам, нов пристап кон анализата на машката геј-култура и на машкиот геј-субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И, така, тој погрешно го разбира начинот на кој функционира еден заменски идентитет создаден преку таква вкрстена идентификација – односно, точниот начин на кој Џоан Крафорд за некои геј-мажи функционира како заменски идентитет. ‌Во секој случај, суштински е важно геј-идентификацијата да не се сведува на геј-идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие можеби не ја претставуваат машката геј-култура во целина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа, исто така, предизвикала и карактеристичен одговор што ѝ е својствен и особен на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А ако случајно не сте сфатиле, упатува на великата сопранска арија од првиот чин на Вердиевата опера од 1871 година, Аида.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Контекстот и приемот имаат битно влијание.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Спотот си присвојува геј-симболи и икони, баш како што вели списанието Едбастерс, и им го празни целото својствено хомосексуално значење.417 Машката геј-култура тоа им го прави на симболите и иконите на женственоста, се разбира – но кога им го празни сексистичкото значење, таа врши особен чин на граѓанска непослушност, на политички отпор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога лобираат да се сфати колку „навистина настрани“ знаат да бидат некои културни икони што не се бележат како „отворено геј“, текстописците на ТОНИ покажуваат – не сакајќи, и покрај нивната увереност дека се креатори на трендовите – баш колку им е архаичен моделот на геј- културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За разлика од нив, јас не сум во положба да бидам пркосен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Второво во негеј- светот наоѓа претстави што може да се претворат во изрази на машкиот геј- субјективитет или чувство – со малку дотерување, ако мора – и кои им овозможуваат на геј- мажите имагинативно место за влез во некаква настрана утопија, некаде отаде виножитото, која не е сосема нивна творба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Внесеноста на машката геј-култура во стилот како сопствена тематика имплицира својствено машки геј-облик на читање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И штом, во нашево хомофобично и сексофобично општество, е секогаш лесно да се нападне геј-сексот, а е мошне тешко да се брани, изгледа не вреди да ѝ се купува угледност на машката геј-култура со нејзино спасување од неугледната вклученост во машка геј-сексуалност, како што се мачи да направи Лари Крамер (кого Фелоус го цитира двапати): „Сигурно во геј-културата има повеќе од само курови“, вели Крамер.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, да се изнесе таков приговор, да се осуди како „есенцијалистички“ секој обид да се опишат особените одлики на машката геј-култура значи да се побрка култура, сосе практиките што ја сочинуваат, со неопределен број поединци кои, во кој било миг и во различен степен, можеби ја сочинуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете зошто, на крајот на краиштата, е кампот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во својата најдобра варијанта, оваа етика се противи на секој облик на хиерархија што може да ти текне да го донесеш со себе.203 Поентите на Керон и на Ворнер за антихиерархиските, комунитарни склоности на машката геј-култура потсетуваат на гледиштата на раниот француски геј-либерационист Ги Окенгем, кој тврдеше дека машката хомосексуалност ја имплицира новата можност за „хоризонтални“ општествени односи, наместо „вертикалните“ што се промовираат од страна на хетеросексуалната репродукција и сродност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Неудобно мелодраматичниот етос на машката геј-култура ја објаснува големата вредност што таа им ја придава на извештаченоста, на изведбеноста, на неавтентичноста, на кампскиот хумор и на расчараното (но не и разочарано) гледиште кон љубовта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Која е културната логика зад него?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или можеби важи спротивното: задоволството со кое машката геј-култура си ги усвојува овие филмови го одразува ироничниот став што геј-мажите го негувале долго за да се оградуваат и, на тој начин, да се изолираат од штетните театралности на семејниот живот – но, без да ја одрекуваат смртната сериозност на тие театралности, без да им ја одрекуваат моќта да нанесат вистинска повреда и болка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А во општествен и симболичен систем во кој родовите разлики систематски се поларизираат, дихотомизираат и се претвораат во бинарни спротивности, секој гест што укажува на одбивање на конвенционалната мажественост сигурно ќе се чита како женствен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Италијанските вдовици од Фајер Ајленд – спротивно на впечатокот што можеби сме го добиле поради очигледното задоволство со кое машката геј-култура ужива во занесните сцени на женско-женско малтретирање во Милдред Пирс и во Најмила мамичке – дека машката геј-култура не нѐ учи да им се смееме на ужасните и страшни ситуации само на жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нејзината стратегија е да ја презапоседне веќе деградираната женственост и иронично да го редефинира тој деградиран статус, за да го оспори сплетот вредности што се одговорни за неговата деградација, да го разглоби туѓото полагање право на достоинственост, а со тоа и да го израмни теренот на општественото игралиште.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Изведбата на Копола е апсолутно класично одигрување на жена што видливо „шекнува“ – она што Гордон, можеби, би го опишала како слом и ранливост – а тоа е оддавање почит на пресвртот на ѕвездата од преседанот на Феј Данавеј во Најмила мамичке, кој нѐ научи самата Крафорд да ја третираме како своевидна скица на женската комбинирана гламурозност и абјектност, на занесната екстравагантност и на драматичното, хистерично, беспомошно распаѓање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како ќе објасниме зошто геј- или протогеј-субјектите ја усвојуваат културната практика на машката хомосексуалност кога сѐ уште се деца и зошто некои хетеросексуални субјекти, кои подоцна ќе откријат во себе длабока склоност кон машката геј-култура, некогаш се чувствуваат силно и непогрешливо привлечени од нејзините културни облици уште од рана возраст, без да бидат свесни за таквата привлеченост, односно барем не опишана така?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто машката геј-култура, како што видовме, навистина ја покажува упорната неминливост што ја поврзуваме со јазично заснованите култури.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но тоа не значи дека има некој ген што ти дава американски субјективитет, немаш во мозокот некоја жлезда што те прави Американец. ‌А сепак, да се биде Американец, како и да се биде геј или да се биде стрејт, е длабоко лична работа, длабоко определително за тебе како поединец, тоа длабоко ти го обликува сензибилитетот, начинот на кој го гледаш светот, реакциите кон другите луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Доблест на машката геј-култура е да ги бележи, а потоа и да им се опира на облиците на општественото раслојување што и понатаму го структурираат нашиов свет, но кои современите либерални општества редовно ги одрекуваат, а кои цел еден рој современи лицемерија и божемни чедности – вклучително и популарните, сентиментални видови на феминизмот – по правило се трудат да ги заташкаат. ‌Ако машката геј-култура нѐ учи (биле ние геј или не) да се смееме на ситуации што се ужасни или трагични, тоа е затоа што се стреми да одржи тензија меѓу егалитарната етика и хиерархиската естетика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оние што мислат дека им се задира во основите на општественото достоинство или дека дури им се подриваат тие основи, можеби нема добро да го примат тоа неспорно политичко натрапување – особено кога општествените повластици што одат со нивниот конвенционален родов идентитет се веќе толку малобројни, толку раштркани, толку привремени и кога толку лесно се губат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Долго пред да има отворена, експлицитна машка геј-култура, со сопствена „идентитетска уметност“, веќе си имало машка геј-културна практика што се состоела од присвојување, декодирање, прекодирање и настранување ликови како Џуди Гарланд и Џоан Крафорд, која наоѓала хомосексуално значење во романите на Херман Мелвил и која ги пригрнувала сеженските мелодрами како Жените и Сексот и градот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој процес го претставува нивното најрано и најобликувачко искуство како приматели и субјекти на културата. (Импликациите од ова повеќе ќе ги испитаме во поглавје 16). ‌Ете зошто одбивам да си го ограничам приказот за машката геј-култура на некоја далечна епоха, на некоја историска доба што е начисто и вистински свршена – макар и од пред само некоја минутка, во зависност од тоа кој го пишува опелото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сфатив дека ако си го сосредоточам вниманието на една личност, односно на Џоан Крафорд, и на една сцена од еден филм, не само што ќе имам повеќе од доволно материјал за работа туку и дека материјалот што го имам изобилува со импликации кои засегаат цело множество аспекти на машката геј-култура што инаку не ќе можеше во еден том да се обработат целосно, директно и независно една од друга.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оттаму е и склоноста на машката геј-култура да им исклеса на своите учесници апсурдно преувеличен, претеран, деградиран женствен идентитет, кој истовремено е и ироничен, јасно наменет да поткрепува една поширока стратегија на политички пркос.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дајер упатува на низа примери во кои машката геј-култура го третира стилот како вреден, додека содржината ја оградува како неутрална или тривијална: Геј-мажите имаат направено одредени „стилски занимања“ да станат во голема мера нивни (или барем така да се поврзуваат со нив, дури и кога според бројот на гејовите што навистина работат во тие занимања не мора да значи дека е така): фризерството, внатрешното уредување, модното креаторство, балетот, мјузиклите, ревијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но подробностите на нивната отелотвореност и на нивната ѕвезденост (или чудовишност) се сосема различни, а тие разлики се важни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Значи, нема ништо безбедно во таканаречените позитивни претстави – особено кога ја немате општествената моќ да ги зацврстите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И токму како и секое зафаќање со поетиката, една студија за машката геј-културна поетика мора да се сконцентрира на дефинирање и на артикулирање на формите како ствари самите по себе. ‌Ако, и покрај сѐ, и понатаму постои ризик ова разгледување на поетиката на машката геј-култура да излезе есенцијалистичко, готов сум да го прифатам тој ризик – не само затоа што, откако голем дел од кариерата ми поминал во оспорување на есенцијалистичките пристапи кон лезбејската и кон машката геј-историја,161 сметам дека антиесенцијалистичкото досие ми е беспрекорно чисто туку и затоа што сметам дека ако таквиот ризик ме одврати од истражување на машката геј-култура, тоа ќе значи откажување од секаква надеж дека може да се утврдат нејзините особени одлики и да се определи нејзиниот својствен гениј. ‌Да започнеме со една забелешка што пред четириесет години ја изнесе антропологинката Естер Њутн.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Такви некогаш стрејт, но денеска погејчени ствари најпосле ќе профункционираат за стрејт-општеството како некој вид краткопис за самата машка геј-култура: гледајте ја судбината на „Бродвеј“ или на „техномузиката“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Традиционалната машка геј-култура е начин за справување со немоќта, за неутрализирање на болката, за надминување на тагата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто невозможниот, а совршен предмет побудува еден мошне особен вид желба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, треба да се каже повеќе пред да можеме сосема да разбереме од каде тоа Џоан Крафорд почнала да им служи на некои геј-мажи како заменски идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, да ја омаловажуваш љубовта е и да ја разблагородиш, да го разбиеш романтичниот монопол врз неа, да ја направиш пошироко достапна, да ја впрегнеш во разновидни општествени примени и да ѝ ставиш крај на спротивставеноста меѓу љубовта и општеството, меѓу љубовта и пријателството, меѓу среќната двојка и заедницата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не е полезно во овој миг нивните одлики да амалгамираат во некаков прост, непрецизен дијаграм, во неколку општи вистини, во универзална културна граматика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, тоа навидум самоуверено тврдење не е одраз на фактите, туку на желба – и тоа желба што не е многу изгледно дека ќе се оствари наскоро. ‌Дури не е ни извесно дека поимот „идентификација“, позајмен од его-психологијата просто затоа што е згоден, досегнува до она за што навистина се работи во внесеноста на машката геј-култура во ликови како Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, стратегиското присвојување на стрејт-културата и понатаму им служи за витални цели на геј-мажите, а и на други, и овозможува важно, макар било и имплицитно, средство за општествена критика и политички отпор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, да бил Хегел ноќта на закопот на Џуди Гарланд оној петок, на 27 јуни во 1969 година, меѓу кралиците што се насобрале пред гостилницата Стоунвол кога онаму полицијата правела рација, можеби ќе пеел друга песна – под претпоставка, се разбира, дека воопшто знаел да пее.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Аристократите се смеат на околности што ѝ се ужасни и трагични на буржоазијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо да се обидувам да направам сеопфатна студија за машката геј-култура и да покажувам како функционира секое одделно презаземање – како декодира некој главнотековен хомосексуален културен објект и го прекодира со сопствени настрани вредности – ќе се сосредоточам на настранувањето на едно конкретно нешто.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Каква е поврзаноста помеѓу сексуалните и културните склоности?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И самото бескрајно повторување на зборовите култура и културен си е доволно лошо.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како дете од стоунволската ера, сакам да му се опрам на отсексувањето на машката геј-култура, дури и ако еден од резултатите на мојата пристрасност биде тоа што можеби нема праведно да се осврнам на страсниот, бессексен, неироничен обожавателски жар што оди со речиси религиозната посветеност на некои геј-мажи кон предмети со несексуална убавина и кој таквата посветеност ја озарува со аура на несебичност, аскетство и духовност.363 Буквалниот, искрен, некампски и дееротизирачки напор да се загуби себството во естетскиот предмет и да се надмине сопственото гејство во тој процес јасно е важна димензија на културните практики на некои геј-мажи. (Други геј-мажи можеби чувствуваат дека таквите искуства на опојна занесеност во несексуалните предмети, всушност, ги прави понастрани.) Во секој случај, ваквиот бессексен естетизам не е нешто што сум го нагласувал, бидејќи мене ми изгледа дека укажува на одредено отфрлање на гејството, одбивање на хомосексуалната особеност, бегство и од геј-идентитетот и од геј-сексуалноста.364 Повеќе сакам да ги разгледувам оние културни практики што свесно упатуваат на хомосексуалноста, исто како што повеќе сакам да ги истражувам оние машки геј-изрази на страсна посветеност на културен предмет и оние искуства на занесна восхитеност од неа што откриваат некаква иронична самосвест и што себе не се доживуваат сосема направо.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зонтаг ја изведува аполитичната природа на кампот од аксиомот дека кампот го нагласува стилот, а ја омаловажува содржината; зборува за кампот како отелотворение на „победата на ‘стилот’ над ‘содржината’“, иако поточно би било да се каже, како што брза Зонтаг, дека кампот внесува „став кој е неутрален во однос на содржината“.207 Во други нејзини сочиненија од истиот период, Зонтаг пизми против оној вид критика што го игнорира или го „тривијализира“ стилот и што за таа сметка му дава предност на „толкувањето“ на „содржината“; таа повикува поимот содржина да се стави каде што му е местото.208 Но, кога сме кај кампот, тоа што машката геј-култура постигнала победа на стилот над содржината, ја вознемирува Зонтаг.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На ист начин, старите градби за кои на никого друг не му е грижа, но кои покажуваат одлики на целосен стилски систем, можат да побудат страстен полет – всушност, токму онаков полет со каков што машката геј-култура по правило ги заплиснува сите демодирани естетски форми што човек може да ги сака без да мора да ги сфаќа сериозно, како што се барокната опера и „женските слики“ кои претставуваат значајна состојка на холивудската мелодрама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Одредени одговори на тоа прашање веќе дале студијата на Ричард Дајер за геј-мажите и Џуди Гарланд, студијата на Нил Бартлет за геј-мажите и Оскар Вајлд, па дури и студијата на Д. А. Милер за геј-мажите и бродвејскиот мјузикл, при што сите тие даваат мошне различни визии за машката геј-култура и за машкиот геј-субјективитет – иако визии што не се неспојливи со сликата што ја иcцртав тука.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што не е толку очекувано е тоа што појавувањето на една отворена, експлицитна машка геј-култура не им ставило крај на тие поткултурни практики или што не ја згаснало привлечноста на настранетото читање хетеронормативни артефакти спротивно на вообичаеното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Присвојувањето на тие претстави од страна на машката геј-култура не значи одобрување, туку е стратегиско.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секое вистински задоволително објаснување на привлечноста што ја има, да речеме, Џоан Крафорд за геј-мажите, ќе мора да се темели врз сеопфатно сфаќање на општествено-семиотското функционирање на нејзиниот кинематографски лик и врз импликациите на тоа функционирање во конкретните поредоци на сексуалното и на оброденото значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сега, откако геј-мажите си ја живееја хомосексуалноста не како културна практика, туку како сексуален идентитет, ним им требаше нов родов стил; а мажествениот родов стил што го усвоија, проширувајќи си ги сексуалните можности, им овозможи да консолидираат дефиниција на геј-постоењето и урнек за геј-идентитет што се фокусира на сексот за сметка на културата – а тоа ги исклучуваше женствените идентификации што дотогаш ја твореа подлогата и дефинираа голем дел на традиционалната машка геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Отворената и експлицитна машка геј-култура што ја создало геј-ослободувањето досега не успеала да ја надмине и да ја замени машката геј-поткултура, која се темели врз геј-идентификацијата со негеј-облиците, ниту да ја замени со оригинална машка геј-култура втемелена врз премрежињата на геј-идентитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Врховна мудрост е сопствениот љубовен живот свесно да го живееш како мелодрама – сосема да сфатиш (иако не мора тоа да биде322 експлицитно) дека мелодрамата значи и деградиран жанр на книжевен дискурс и унедостоен прагматичен жанр на емоционално изразување: презрен, феминизиран, смешен, тривијален стил на изразување на сопствените чувства.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо да бегаме од злодухот на машката геј-родова девијантност, наместо да се срамиме од неа, наместо да ја дочекуваме со тврдоглава и тапа тишина или со одрекување, наместо да ја протеруваме во новоизградениот плакар на хомосексуалноста, треба да продолжиме – во духот на беспредрасудно и беспанично испитување – да го испитуваме значењето на машката геј-женственост, без страв дека секое нејзино разгледување нужно ќе нѐ врати на хомофобичните клишеа за нашата психопатологија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо да ја испитуваме логиката што го проткајува преобликувањето на хетеросексуалната култура од страна на машката геј-култура, ние би набљудувале како вторава ги препознава, на оној начин што го консолидира идентитетот, веќе присутните геј-значења во хетеросексуалната култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Функцијата на убавецот, пак, е да промовира различен и спротивставен склоп на вредности, вредности што машката геј-култура ги негува еднакво како што ја негува вредноста на заедништвото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Понатаму, иако пародиите на геј-културата со женственоста може да ја онеприродуваат онаа конвенционална и општествено обезвреднета родова улога, ако ѝ го поткопуваат статусот на природна суштина и ако, наместо тоа, ја третираат како општествена изведба – дури иако гротескните карикатури на женственоста од страна на геј-културата понекогаш се намислени за остварување на токму таа цел – голем број жени може да чувствуваат дека цел на целата оваа родова пародија не е самата женственост, туку женскоста како таква.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ниту, пак, се обидуваше да имитира дрег-кралица кога ја прикажуваше Крафорд, дури ни кога таа нејзина кабуки шминка ѝ го претвори лицето во нешто како маска, ни кога вулканските ерупции на бес, самосожалување, очај и емоционална потреба по правило создаваа толку бизарен и толку недостоинствен телесен израз, што да биде неусогласена со конвенционалното женско отелотворение. Ѝ се оставило на машката геј-култура да ја усвои таа нејзина изведба и ни се оставило да си го запоседнеме за себе тој нејзин спектакуларен неуспех да го додржи сериозниот, моралистички приказ на една длабоко растроена и дисфункционална жена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“ е токму она што другарите на Вито Русо можеби ќе му го речеле онаму кога, речиси со смртна воздишка, некако смогнал сила да го прекори градоначалникот Динкинс. ‌Токму поради тоа што ваквите идентификации зависат од настраноста на геј-мажите што ги вршат, а не од стварниот родов и сексуален идентитет на жените со кои тие геј-мажи се идентификуваат – а и токму бидејќи таквите настрани идентификации, затоа, не претпоставуваат однос на идентитет со лезбејките и со феминистките со кои некои геј-мажи сакаат да прават коалиции – ете токму затоа таквите настрани идентификации можат да станат поаѓалиште за ново договарање на политичките соработки меѓу различно поставените групи и со тоа можат да водат, според Кримп, до „ширење на сојузите, наместо до зголемување на спротивставеностите“.325 На тој начин, можеби, и би можело да се оди подалеку од само претпоставката или „мечтата за коалиција... (што) ги заобиколува процесите и практиките што би ја овозможиле таквата коалиција“.326 ‌Тоа е она што сакам да го кажам за политичките употреби на Џоан Крафорд, а и поопшто на мелодрамата на жените, од страна на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Членовите на мојана тогашна вежбалница не може, сѐ на сѐ, да се опишат како крајно култивиран свет – како луѓе од кои нужно би се очекувало да ги знаат уметностите воопшто, а поконкретно класичната музика, а камоли да ги знаат изворно на италијански сите либрета на Вердиевите опери.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, тие се склони погрешно да ги препознаваат или да ги одрекуваат видовите на културни практики во кои се впуштаат и ефектите што ги предизвикуваат тие културни практики.357 Хетеросексуалците обично не си велат себеси дека, кога гледаат филм како Титаник, всушност, се дале на иницијација во културата на хетеросексуалноста, на воведување во една многу конкретна идеологија за романтичната љубов како извор на спасение и во буквално катастрофален модел на женствениот родов идентитет како некаква несреќна состојба од која треба спас („ме спаси, во секоја смисла во која може да се спаси човек“).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто само ако го одржува тој поларитет, ако ја промовира таа противречност и ако го тера секој сплет вредности да му противтежи на другиот, може да ја одржи вистинската и неопходна удвоеност на перспективата благодарејќи на која сите остануваат разумни. ‌Тензијата меѓу егалитарната етика и хиерархиската естетика ja проникнува машката геј-култура, се протега преку нејзините демократски и аристократски склоности, нејзините женствени и мажествени идентификации, нејзините поделби на женчиња и бучови, на кралици и трејдови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто токму преку идентификација со женственоста, геј-мажите можат да успеат да ги рекомбинираат спротивните вредности на убавината и на кампот кои ја делат машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И, навистина, голем дел од машката геј-култура благува во дејности што – за разлика од геј-сексот, кој општествено се осудува како ненормален и неприроден – будат сеопшт восхит од стрејт-општеството, сѐ додека подразбираат разубавување на светот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На самите жени, пак, искуството дека се жени можеби и не им е секогаш многу-многу иронично, а камоли начисто урнебесно, иако и тоа како може да имаат желба или потреба, одвреме-навреме, да се тргнат од него и да се оградат од неговите општествени значења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури и сите тие подвидови на машката геј-култура означуваат многукратни култури, а човек ќе треба секоја конкретна машка геј-култура да ја разграничи од другите, кои си создаваат сопствени, карактеристични одлики, кои со тоа ги определуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дотолку подобро.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Доколку геј-мажите имаат моќ како мажи, но се лишени од моќта како гејови, таквата двојна идентификација е логична.193 Во исто време, со парадоксите и противречностите што таа ги создава се објаснуваат дел од најособените и најраспространетите одлики на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто во геј-женственоста, иако таа нужно упатува на жени, не се работи нужно за жените, како што и видовме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во претходните две поглавја, затоа, ги опишував значајните еротски и политички прашања на „женствените“ идентификации на машката геј-култура и нејзината засегнатост со мајката, барем во светлината со која ги облева култот кон Џоан Крафорд и нејзините аватари.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Двата лика, кои власта ги привела бидејќи се опасност за општествениот поредок, се затворени во истата затворска ќелија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голем број дрег-претстави се начисто далеку од секаква феминистичка свесност; тие честопати се ведричко, левтерно мизогини, а такви се и многу други примери на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Претставата дека традиционалната машка геј-култура е сосема безначајна и нерелевантна за помладата генерација или за наредната нова генерација е претстава што ревносно ја заговарав кога се сметав за припадник на една таква генерација, а тоа беше на времето, во 1970-тите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тогаш кога конечно ќе се победи хомофобијата, кога ќе биде нешто од минатото, кога ќе надмогне геј-ослободувањето, кога геј-луѓето ќе се здобијат со еднакви права, општествена признаеност и прифатеност, кога сите сосема ќе се интегрираме во стрејт-општеството, кога разликата меѓу хомосексуалноста и хетеросексуалноста воопшто нема да има поголема општествена важност од важноста што сега го имаат леворакоста и десноракоста – кога ќе стане сето тоа, дали тоа ќе биде крајот на геј-културата, односно на геј-поткултурата, каква што ја знаеме? ‌Токму тоа, навистина, го тврдеа Даниел Харис и Андру Саливан.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во онаа мера во која на политиката на машката геј-култура може да ѝ треба одбрана и спасување, таа задача е поостварлива ако се има предвид дека голем дел од машката геј-култура се одвива во, главно, племенски контекст: неа ја примаат и ја остваруваат припадниците на конкретна општествена група, а предодредена е за внатрегрупова потрошувачка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ја претвора оваа практика во средство со кое ќе си го заземе отуѓеното гледиште и ќе си ги зајакне документите во прилог на сопствената антисоцијалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И покрај многу распространетото убедување дека машката геј-култура постојано застарува, излегува дека со текот на времето се сменила многу помалку отколку што сакаме да тврдиме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голем дел од современата машка геј-култура претставува постојан обид да се рекомбинираат убавината и кампот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Попрво, како што видовме, тие претставуваат и признание за тешката положба на машкото геј-живеење и решителен одговор на неа, вклучително и категорично отфрлање на главнотековните општествени вредности што ги унижуваат и ги обезвреднуваат геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто како што противтематиката на стилот не може да се сведе ниту на содржина ниту на форма, што значи дека таквата противтематика не може да се закачи ниту за мажественоста ниту за женственоста, па затоа не треба да се помеша ниту со длабочините на скриеното значење, ниту со безначајниот, чисто плотски сјај на површините, така и мелодраматичниот стил на машката геј-култура не дозволува никаква неволја, па и никаква емоција што би се разбудила од неволјата, да се доживува како чисто трагична и чисто патетична.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, возможно е и дека клатното можеби се занишало премногу во спротивната насока.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секој пристоен приказ на машката геј-култура би требало да разгледа и да испита голем број нејзини особени практики, жанрови, општествени и естетски облици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа значи да знаеш дека болката ти подлежи на исмевање, а пак да не престанеш да ја чувствуваш – и да ја пригрнеш автентичноста како иронично средство за оспорување на туѓото полагање право на сериозност, со што ја предизвикуваш вткајаната логика на општественото обезвреднување која ја тривијализира болката на несериозните луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Попрво, тие укажуваат на нешто друго, на нешто единствено или барем на својствено обликување на род и на сексуалност кое им е особенo на некои геј-мажи и кое допрва треба целосно да се дефинира.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не случајно со студиите за машката геј-култура што најинтензивно се сосредоточуваат на тоа прашање се зафаќале токму научници како Вил Фелоус и Џон Клам, кои барем делумно пишуваат и за неакадемското читателство, или интелектуалци од општествените редови, како што се Мајкл Бронски, Нил Бартлет и Дејвид Нимонс, чии дела спаѓаат надвор од канонот на квир-теоријата.85 ‌Општото одрекување на секоја и на секаква хомосексуална своеобразност, особено на културна своеобразност, е речовит симптом на нашава сегашна неволја.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе имам во поглавје 18 уште многу да кажам за прашањето на мизогинијата и машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е почеток на процес на обратување и преозначување: тоа е начин да си ја усвоиме сопствената положба, при што конкретната цел е да ја свртиме наопаку или барем да ја свртиме во своја корист.396 Како што веќе забележавме, доминантните општествени улоги и значења не може да се уништат, но може да се подријат и да се дереализираат: возможно е да се научи како да не се сфаќаат направо (стрејт).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Машката геј-култура, пак, е позната по обичајот да ги спојува еротиката и естетиката.265 ‌Ова, можеби, е причината поради која секогаш има нешто реакционерно во машкиот геј-култ на убавина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оваа буквализирачка склоност се повторува во објаснувањата што ја нагласуваат мажественоста на Џоан Крафорд – само види ги тие потполнки! – или што ги третираат неа и Феј Данавеј во Најмила мамичке како дрег-кралици, небаре е доволно само со такви размисли да се објасни зошто таа го фасцинира машкиот геј-свет.296 Сигурно, никому не може да му избегаат бучовските театралности во изведбата на Џоан Крафорд во Џони Гитарата, ниту има такви што ќе одречат дека Најмила мамичке почива врз зловесните задоволства на женското подражавање (макар и да било тоа само подражавањето на Џоан Крафорд од Феј Данавеј).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Припадноста во машка геј-култура – и за геј-мажите и за оние жени и стрејт-мажи кои ѝ пристапуваат – е нешто што се стекнува во текот на поодминатиот живот, преку процес на социјализација на возрасните.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Постои, да заклучиме, еротика на мелодрамата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што покажаа италијанските вдовици од Фајер Ајленд, за машката геј-култура сериозното не е ништо повеќе (но и ништо помалку) од изведба на сериозност, нејзино одглумување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Џоан Крафорд сосема доминира со видното поле, а секој нејзин зрачец чувство – незаборавно забележан со беспрекорната глума, со мајсторското осветлување на нејзиното лице и на тој нејзин дивен тен и со сјајните камера и монтажа – веднаш и речовито му се телеграфира на гледачот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Идентификацијата“, „деидентификацијата“ и „вкрстената идентификација“ претставуваат обиди да се артикулира општото, нејасно убедување дека ангажираноста на машката геј-култура со ликот и персоната на Џоан Крафорд остварува нешто важно, нешто значајно, нешто особено вредно за тие што учествуваат во таа култура. ‌Она со што си имаме работа, најпосле, можеби е особен вид на ангажираност што некако ги мобилизира комплексните односи на сличност и различност – но без да воспоставува субјекти и објекти на вообичаените начини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Добро би било да се знае дали општеството е виновно за фактот дека толку многу геј-мажи бараат негеј-алтернативи за живописната, амбициозна, уметнички остварена, разновидна, многу енергична и бескомпромисно „аут“ геј-култура што им е сега на располагање... исто како што понекогаш и понатаму им е тешко да ги посакуваат геј-мажите како геј-мажи, а не како факсимили на стрејт-мажите или како божемни отелотворенија на стрејт-мажественоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Операта, поп-музиката, модата и стилот, архитектурата и дизајнот, печатењето, сликарството и ликовните уметности; заводливото за гејовите од британската култура, од француската култура, од арапската култура, од јапонската култура; дивите и нивните определителни одлики во разни национални контексти (Мексико, Аргентина, Франција, Турција, Израел, Египет, Либан, Јапонија); трачарењето, мрчењето и кампчењето; урбаноста, отменоста и духовитоста, дури и имањето домашни миленици, особено наклонетоста кон одредени кучешки и мачји раси: сето тоа треба да се опфати во кој било сеопфатен опис на тоа како да се биде геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа е средство преку кое можеш да си ја заземеш повисоката положба што ѝ прилега на општествената елита, заедно со критичкото држење кон обичниот народ што го овозможува таа положба, без притоа нужно самиот да им припаѓаш на повисоките сталежи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“277 ‌Исто како што кампот изразува импулс за идентификација со фрапантно злогласните и со чудесно гротескните – инстинктивна трка до дното чиј општествен ефект е темелно егалитарен – така и добриот вкус е нешто како продади послабо, купи си подобро – начин на искачување во општеството.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А нестабилните интеракции меѓу машката геј-култура и нејзиниот хетеронормативен контекст постојано еволуирале.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, укажува волја да се видиш себеси во таквите сексистички прикажувања.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Децата може да бидат во некоја ограничена мера изложени на високоразвиените културни облици што содржат и што одржуваат жанрови на дискурс и на изразување – а дури и да се изложени уште од рана возраст на, да речеме, мјузикли или на мелодрами, можеби нема многу да извлечат од нив – но тие се длабоко изложени на стиловите на лично изразување што тие форми ги дефинираат, бидејќи таквите стилови на изразување го обликуваат секојдневниот емоционален живот и ги конструираат разните прагматични начини на кои старателите на децата зборуваат, се изразуваат и се поврзуваат со децата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оваа истовремена коинцидентност на страсната внесеност и на отуѓената збунетост, толку типична за машката геј-култура, е она што ја структурира реакцијата на геј-мажите кон сценава. ‌Се разбира, немам намера да имплицирам дека не може и жените да имаат иронична и оддалечена перспектива кон Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најпосле, меѓутоа, сфатив дека дури и да можам да изнесам сѐ, да си ги објаснам и да си ги оправдам методите, да ги предвидам и претпазливо да се осврнам на сите можни приговори против мојов проект, да ја разгледам и критикувам работата на моите претходници и да изградам единствена, кохерентна, кумулативна расправа, никој не би истрпил еден таков сложен, волуменозен потфат и не би сакал докрај да го прочита грамадниот том што би произлегол од тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што е, накратко, тоа што ја објаснува опсесијата на машката геј-култура со Џоан Крафорд и со нејзината најпрочуена и единствена оскаровска изведба?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кампот го претставува обидот на машката геј-култура да ја растури сопствената романтична сериозност, да ги срамни немилите разлики меѓу кралиците и трејдовите кои машката геј-култура ги зајмила од спротивноста меѓу мажественото и женственото во доминантниот, хетеронормативен родов систем и кои ги направила темелници на сопствениот светоглед.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За тие цели, геј-мажите создале жив, многуопфатен експлицитен корпус од пишани, филмски и музички дела, знаменита акумулација на научни и критички трудови, како и институционални простори за натамошно проучување, размислување и откривање. ‌Понатаму, постои обемна популарна литература чија цел е да шири меѓу геј-мажите корисни сознанија за геј-мажите, од совети за дотерување, преку геј-историја, до што да се очекува од една геј-љубовна врска.436 Оригиналното издание на Радоста на геј-сексот (The Joy of Gay Sex), објавено во 1977 г., содржи не само илустрирани написи во кои се опишуваат разни сексуални пози туку и објаснувања што се тоа дискотеки, зошто геј-мажите одат таму и како треба човек да се однесува во нив, како и написи за особената важност на пријателствата во животот на геј-мажите или за тоа како човек да се справува со љубомората, а, сепак, да има среќна врска што не е сексуално исклучива.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој идентитет, на крајот на краиштата, е единствениот идентитет што го имаме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не мора секој маж што, ете, е хомосексуалец да учествува во машката геј-култура или да пројавува карактеристичен геј-сензибилитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби, поконкретно, има врска и со силната, опачна привлечност на романтичноста за геј-мажите и со лекот за романтичноста што го овозможува нивното величање на неавтентичноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не е чудо што не предизвика идентичен одговор од машките геј-гледачи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некое толкување на машката геј-култура врз основа на некаква студија за геј-привлечноста на Марија Калас или на Теми Феј Бејкер или на Тоња Хардинг или на Опра Винфри или на принцезата Дијана и тоа како би можела да доведе до некои мошне поинакви заклучоци.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, жариштето на анализата нема да биде во социологијата на вкусот, во етнографијата на посебните сексуални заедници, во односите на конкретните публики на популарната култура, во дејствувањата на масовните медиуми, во општествената нееднаквост, во структурното насилство и во играта на моќта – што можеби ќе изненади некого, со оглед на тоа колку многу можат да придонесат тие подрачја на проучување кон разбирањето на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе ја загуби ли привлечноста?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На пример, машката геј-култура ги валоризира изведбата и играњето улоги; ја негува мелодрамата; покажува фасцинираност од конкретен стил или од конкретен начин на суштествување кој го определува посебна смеша од гламурозност и абјектност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова објаснува и зошто машката геј-култура нѐ поттикнува да се смееме на ситуации – како оние што се прикажани во Милдред Пирс и во Најмила мамичке – кои се ужасни или трагични.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И така, кога најпосле ќе дојде времето да се напушти тој свет на сништата, можеби ќе ти биде тешко да правиш компромиси со едноличната стварност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На значењето на стилот, на далекосежните естетски, родови и сексуални последици на формалните стилски разлики, на составните елементи на прагматиката на родот – со еден збор, на културната поетика на човековиот субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се разбира, многу машко геј-искуство е кодирано во таа сцена: сигурно, некои геј-мажи се ложат на овој кинематографски момент затоа што во него гледаат претстава на емоции што им се познати од сопствениот живот, ситуации што и самите веќе изобилно ги искусиле и од значително непосредно искуство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога ја зазема женственоста како заменски идентитет за геј-мажите, машката геј-култура ја разобличува и ја онеприродува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не, тоа значи да ја прифатиш неавтентичноста што е во средето на романтичната љубов, да ја сфатиш романтичната љубов како општествена установа, како идеологија, улога, изведба и општествен жанр, а пак истовремено, самосвесно и без самоизмама, да ѝ подлегнеш.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сеедно прават така.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ајде сега од ова гледиште да им се навратиме на италијанските вдовици од Фајер Ајленд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако не ги земете предвид таквите традиции и ако не го препознаете систематското нарушување на границата помеѓу трагедијата и комедијата кое тие традиции го негуваат како светост поради она што е – односно машка геј-културна навика, намерна антисоцијална естетска интервенција – тогаш едноставно не можете да го сфатите одговорот на машката геј-култура на ХИВ/сидата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Понатаму, мојата заинтересираност за геј-историјата ме прави склон да гледам тесна, конкретна и зависна поврзаност помеѓу особените контури и содржини на традиционалната машка геј-култура и единствените општествени услови во минатото во кои се создавала – услови што и тоа како можеле да ја создадат – како што се хомофобијата, плакарот, политичкото угнетување, за кои Д. А. Милер беседеше онолку речовито. ‌Тешко дека тие услови исчезнале, се разбира, а тоа е едната причина поради која геј-културата не е само некаков остаток од минатите времиња.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите умеат да бидат особено подложни на митот за романсата, а оттука и особено да им треба ироничното гледиште за љубовта што им го дава машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во меѓувреме, италијанските вдовици од Фајер Ајленд фрлаат откривателно светло врз овој доследен образец, кој навистина провејува во машката геј-култура и кој определува еден особен стил на машкиот геј-културен отпор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или, поконкретно, како учат геј- и протогеј- децата да се впуштаат во толку канонски машки геј- културни практики – како тоа толку течно го проговоруваат јазикот на машката геј-култура, небаре им е мајчин – на толку кревка возраст, а да не ги одгледувале уште од колепка геј- мажи?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако отпрвин „геј“ го дефинира како нешто што ги опфаќа и „родовиот идентитет и сексуалната ориентација“, а и како нешто што се однесува на „маж кој е (истовремено) родово нетипичен (психолошки и можеби телесно андрогин или женствен) и начисто хомосексуален по својата ориентација, ако не и практика“ (13), па иако неговата конечна пресуда ги дефинира геј- мажите како некои што се „невообичаено устроени и според родовиот идентитет и според сексуалноста“ (263), тој заклучува дека неговото „разгледување на природите на геј- мажите всушност се однесува на родовата ориентација, а не на сексуалната ориентација сама по себе“ (262, курзивот е мој).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Помага да се објасни постојаната привлечност на утопизмот, како во квир-теоријата така и во лезбејското и во геј-движењето во целина.256 Но, тоа укажува и зошто традиционалната машка геј-култура – која се справува со светот онаков каков што е, со начинот на кој сме живееле и на кој сѐ уште живееме и која не се стреми толку да го смени светот колку што се стреми да им одолее на неговите недела (дури и по цена да излезе реакционерна, а не прогресивна) – им дава толку важно емоционално и политичко средство не само на геј-мажите туку и на многу други инакви видови на општествено дисквалификувани луѓе, барем на оние чие чувство за непоправливата погрешност ги прави готови за неа да ја платат таа болно превисока цена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа е израз на отпор кон доминантната култура и пркос против општествениот поредок.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Фелоус прекрасно го доловува оној вид неиронична, религиозна посветеност што е карактеристична за некои машки геј-културни практики – посветеност што не е ни отворено кампеста ниту имплицитно сексуална, што никако не упатува на гејството и што повеќе има врска со целосната, сериозна, духовна внесеност во естетскиот предмет, кој се почитува и самиот по себе како апсолутна вредност и како бегство од сопственото јас, вклучително и од сопствениот сексуален субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некоја длабока свест за цената на сериозното сфаќање на љубовта, за тиранијата на неиронизираните или трагични романтични улоги, се можеби она што ја обликува и ја објаснува восхитеноста на машката геј-култура од мелодраматичната изведба на Џоан Крафорд на мајчините згрозеност и пркос.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Идентификувањето на геј-мажите со славните глумици од класичните холивудски филмови на времето било понепосредно и поинтензивно, кога требало повеќе напор за да се постигне иронична дистанција од ликовите што ги глумеле.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Набележавме колку важност машката геј-култура му придава на стилот – нејзината карактеристична склоност да му придава вредност на секој кохерентен израз на некој конкретен историски систем на вкус и забележавме со колкаво задоволство ужива да препознава како тој систем целосно го определува формалниот склоп на некој предмет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа ја одразува елитистичката, аристократска склоност на машката геј-култура, која исто така се гледа и во машкиот геј-култ кон убавината и естетиката.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто така, во овој миг го имаме и нужното растојание за да поставиме низа други прашања.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Многу е очигледно зошто геј-мажите создаваат и консумираат култура што се состои од претставувања на геј-мажи и на машкото геј-искуство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пригрнувањето од страна на машката геј-култура на понижувачките претставувања на женственото не е и нивно прифаќање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Потребен е огромен напор за да се одвиткаат тие значења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А ја, заправо, си ја сакам Циганка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Свесното пригрнување на деградираните модели на женственоста од страна на машката геј-култура, со други зборови, всушност, не претставува навреда од геј-мажите за жените, затоа женственоста е таа што се навредува, а не жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, тоа покажува дека неавтентичноста не е погубна за љубовта, дека сериозноста не мора да претегне над ироничноста за да може да вирее и да опстои љубовта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Впрочем, во голема мера ја земаше здраво за готово претставата дека машката хомосексуалност како културна практика се состои од низа поткултурни реакции кон главнотековната култура – имено, од запоседнувањето и преозначувањето на хетеросексуалните облици и артефакти. ‌Но, тешко дека сакам да го одрекувам и да го потценувам постоењето на геј-култура што ја создале гејови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сега е време истражувањево да го прошириме (веќе нема да ги ставам напорнине наводници на зборот женственост, но под женственост, бидејќи поимот се однесува на геј-мажи, и понатаму ќе ги подразбирам не својствата и одликите на жените, туку нестандардното обликување на родот и на сексуалноста што ѝ е особено на машката геј-култура).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Фиксацијата на машката геј-култура кон овие ликови едноставно ќе претставува одраз на самиот машки геј-идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Машката женственост можеби си има своја мизогинистичка нишка, но нејзината мизогинија е некако поненагласена од мизогинијата што геј-мажественоста ја создава со својата панична решителност да го искорени секој признак на женственото во мажот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со други зборови, нема ништо иронично во таа иронија: таа, како што тоа си оди со иронијата, е сосема сериозна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На едно такво воведување во машката геј-култура ќе морале веќе да биле подложени не само лицето кое го напишало известувањено што си го најдов во шкафчено туку и оние што, како мене, си ги отвораа шкафчињата и го читаа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што им прави геј-женственоста на жените, а не само на геј-мажите?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)