Дали се наследува овој Мајкин јазик, дали се учи и дали се доучува во непредвидливите меандри на минливоста на животот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Нејзиниот јазик, Мајкиниот јазик, можеби беше во самиот молк, со неговата многузначност, одгледуван во градината на нејзината душа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таа криеше големи тајни кои, за нас, нејзините деца, останаа засекогаш закопани во нејзината пословична тишина која небаре остана и нејзиниот дефинитивен јазик. Мојот Мајкин јазик на тишината.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)