медицина (прид.) - конзилиум (имн.)

Ми се чинеше непо­требен и несоодветен овој преглед, но останав немоќен да се спротивставам на лекарскиот авторитет на членот на медицинскиот конзилиум.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка ме погледна и тивко ми рече, на јазикот кој му беше непознат на лекарот: – Што бара магарево од мене? – Што вели госпоѓата, тоа може да биде значајно за дијагнозата? – Вели оти е време да ја оставите на мира! – Мене ме определија од медицинскиот конзилиум да го дадам својот удел во дијагнозата, за да се пристапи кон што поуспешно лекување на пациентот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се претстави како невропсихијатар, задолжен од специјалниот медицински конзилиум да изврши специјалистички преглед на болната мајка на својот колега.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)