Луди, безумни и неразумни времиња и во нив и луѓе кои од туѓата болка си направија широка и мека постела распослана врз тој тежок и ужасно болен, страшен и уништувачки удар што нѐ раздроби, откорна и разнебити...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
— Охохо! — се насмеаја другите старци, а еден проговори: — Ако го имаат тој к'смет да дојдат граѓанки, ќе му бидат меки постелите на нашите вдовци: — Држ де! — Се јави Петре Шојов.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Затоа што животот е лесно, тивко, пролетно ветре, дните се топол божји, а низ нив љубовта како мека постела.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кадијата седна со скрстени нозе на меката постела и ги зеде двете кадани што беа до него, таа што му висеше на вратот и онаа што му ја бушавеше косата, и ги кладе на своите колена и како деца почна да ги лула, а кон другите извика: – Фатиме, Халиле, Ремзие, Мерсиме, Атиџе, Мамуре, харфата и дајрињата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Луѓето чувствуваат немир, незадоволство, страдање зошто се исплашени од префинетата искреност. - „Толку ли е тешко да се биде искрен?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)