мек (прид.) - усна (имн.)

Се сети на нејзините меки усни натечени и солени од солзи и почувствува дека крикот што расте во него ќе го разбие однатре... ...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со меките усни, раздишените ноздри, со долгото јазиче, како розово пламенче, го палеше воздухот допирајќи го прчот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Томето немо стоеше потполно предавајќи му се на мигот, на најубавиот момент во нејзиниот живот, чувствувајќи ги прекрасните топли, меки усни на своите како ја исполнуваат со чудесен длабок мир и бескрајна топлина, светлина и убавина кои ѝ се ширеа се низ телото до сржта на секоја клетка.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)