Ги ловеа и ги убиваа, и тоа само во врска со божиќните празници, врапците.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од грижа за моралното и менталното здравје на децата, уште од мали нозе ги воспитуваа, поточно ги заплашуваа, да не убиваат птици: Ќе ти умре мајка, некој од најмилата рода, ќе онемееш, ќе ослепиш, ќе ги се фатат рацете и нозете ако убиеш птица.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Длабоко навредените, оскрбените, грешниците, покајниците, осамените, јадосаните, очајниците, неутешените во љубовта и во загубата на најмилото, луѓето исправени пред неизвесноста и ризикот на следниот чекор, животните корабокрушеници, - сите, сите доаѓаа тука и на дивината наоколу, на небесата над Потковицата, на овчарите и на случајните намерници, лелекајќи гласно им ги доверуваа своите тајни и несреќи, своите болки и загуби, своите намери и решенија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Со својата света неприкосновеност ги регулирала меѓучовечките и социјалните односи, ги прочистувала срцата и душите, го крепнела менталното здравје на луѓето, нивната вера и надеж во бога, во сполуката во бојот, во вредностите и вечноста на човека.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Е па, одредени јазли на тоа фино ткаење наречено „ментално здравје на народот“ (или полициски: „политичко- безбедносна ситуација“) испогореа во најновиве случувања и доколку брзо, паметно и мудро не пронајдеме „премостувања“, целата чипка (а факт е дека нашето општество и односите на сили во него е прилично пипаво, фино и деликатно) ни отиде по ѓаволите, ќе останеме со она фамозно романско знаме-дупка во рацете (интересен психоаналитичарски симбол за токму конституциски недостатоци), со крпи за бришење пот и превивање рани.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)