„Да не веруваш какво дете! Како да е родено во механичарска работилница“ раскажуваше механичарот Ратко.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се разбира дека тој покажа интерес за случувањата во Сан Диего, но тоа само го увери дека доживувањата на младите љубовници со ништо посебно не излегува надвор од дури и предвидливиот шаблон така што му беше доволен фактот Едо и Су продолжија заеднички да живеат како што почна во собичката на механичарската работилница на Али во Сан Диего, но сега во станот на Су во улицата „Кинг“, во центарот на Торонто.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Додека седеа завалени во фотељите околу сниската просторна масичка пред работната маса на сопственикот во механичарската работилница „Лихнида“ во Бармптон, Канада, авторот виде дека Едо знае дека Германија загина во сообраќајна несреќа на кривината кај мостот пред да заискачуваш на Плетвар на пат за Скопје.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)