3 ДЕЛ: СПИЈАЧ Пример 2 Минатата година уметникот GILCHRIST во еден перформанс во живо експериментираше со спиење и соништа користејќи го своето успиено тело и телата на соработниците.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Да ја споредиме, на пример, неговата Стомачна скулптура и мачното истражување на телесните отвори со помош на ендоскоп на Mona Hatoum. (...)
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
По толку години, брат ми ќе биде тука, во куќата во која сме растеле, и ќе можеме да се потсетиме на сите оние минати години, на луѓето и настаните, на нашата сиромаштија, на оскудицата која, во заедничкиот живот и топлата упатеност, се претвораше во доволност и радост.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Лајтмотивот на „Билјана“... се провлекуваше за сето време, додека се појавуваа пејсажите на охридскиот брег: Свети Наум, Струга, Калишта а потоа и песочните плажи на Преспанското Езеро, височините на Пелистер, убавата Битола, во која, како што раскажа спикерот, се задржала по неволја, една француска брачна двојка, која минатата година заминала на одмор во Охрид.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Претставникот на „Македонија-дрво“ објаснуваше дека на овој пазар добро минуваат и дека минатата година направиле промет од над 1.300.000 германски марки, а годинава се надеваат прометот да го зголемат за уште 500.000 марки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Кога дојде тука, на крајот од минатата година, неговата влада веќе ги беше донела подготвителните прописи: значи, на 14 јули 1941 година го обезбеди Законот за еднократен данок на еврејските имоти што Константин З. го сметаше за добар пропис зашто само во Скопје им донесе богатство од 45 милиони лева, за жал еднократен прилив; потоа на 4 октомври Законот за забрана на вршење трговска и индустриска дејност на Евреите што не донесе ништо; на 1 ноември со најтешкиот пропис, Законот за заштита на нацијата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
11. Кога виде Толе дека селата се наполнија со аскер, а и времето заклучи, народот војската го задржа во селата, јасно му стана дека не ќе може да презимува по меќанот — по колиби трла — како што правеше минатите години.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Стигна некако до чебренскиот манастир, ги соблече Ѓорчевите кумитски алишта што ги зеде од Чачовци кога Ѓорче замина за Битола, ја наметна поповата антерија и долама, ја кладе поповата шапка, а бидејќи пооди некој месец и друг небричен и нестрижен се направи токму „папаз ефенди“.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
ГРИНАВЕЈ: Покрај тие влијанија („Седмиот печат“ на Бергман, Ален Рене со филмот „Минатата година во Мариенбад“, Борхес... - заб. на прев.), од практична страна, не знаев како да почнам и бев во недоумица, како многу луѓе што денес ги среќавам.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тоа е, како што самиот изјави на собирот на историчари на уметноста минатата година во Courtauld институтот, слика за „гужвите и архитектурата... огромно богатство, блескавост, предмети, светло... еден вид насликана енциклопедија на човековото движење, на материјалните животни задоволства, каде темата е периферализирана“.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Како ништо да не се измени од минатата година.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Од постојните списоци на бегалците не се дознава кога точно пребегал самиот Мисирков, но во едно писмо од К.Мисирков и Гр.Хаџиташковиќ од 11.12.1890 год. до српскиот министер за надворешни работи се вели дека тие го напуштиле Белград „во месец јануари минатата година”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Помалку чудна и неочекувана изјава од човек кој во минатите години се прослави со креирање на најбрутална бука во светот на рокенролот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Уште минатата година, Никола му го стави извештајот на маса.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
На крајот, сакам да го напишам и ова: Во мај, минатата година на северниот дел од Италија, во гратчето Бреша, бил организиран собир на театарските творци од Европа.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Седејќи на балконот Благица гледаше на местото пред нивната зграда, каде што минатата година имаше нишалки, вртешки и клацкалки, каде што така весело се поминуваа летните денови, а пак сега стоеја само неколку дрвени диреци.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
„Оче, згрешив, минатата година многу пати помислив на онаа работа.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Јас со Зифел-жидот над педесет илјади минатата година лажни пари протурив, па него и го поткажав; сите пари со себе Јулка Шарпентје де Лусињан во Бордо ми ги однесе.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Татко ми е некакво генералче, мајка ми некогаш беше прифатена во високите кругови.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Евгениј Попов - автор сé уште надежен, но веќе далеку од млад.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Што е до лудилото, тоа кај нас од минатата година многумина како луди се водат.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Уште еден “странец” од овој темат, Џорџ Легреди, престојуваше во Скопје, исто минатата година, претставувајќи го својот суптилно ингениозен ЦД-РОМ, “Анегдотска архива од студената војна”. во просториите на овдешниот Сорос центар за современа уметност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Инаку, текстовите што следат ги преведовме од две списанија кои исто така неодамна ја обработија темата “Дом” на своите страници; едното е “New Yorker”, а другото е кај нас релативно познатото холандско списание “Mediamatic”, чијшто уредник, Герт Ловинк, минатата година престојуваше во Скопје, а и Маргина објави едно интервју со него.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тоа тие реализам го нарекуваат.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Се сретнува во: повеќе современи руски антологии, различни весници и списанија, во изборот на “Кратка руска алтернативна проза” што се појави минатата година во издание на “Темплум”...
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Јана, Саво уште минатата година доби прекоманда.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Композицијата им беше посветена на нашите храбри момци, а сите вработени во секретаријатот минатата година го добија цд-то како подарок со потпис од авторот.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Минатата година, Александар за првпат откри дека женските членови на гардата не се до толку непријатни и глупави како што мислеше.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Кон крајот на минатата година присуствуваа на конгрес за магионичари во Перпигнан и на враќање ја запознаа Барселона.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Следната недела, осигурителното друштво на изнајменото возило се јави и се распрашуваше за Марија.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
17 Кон крајот на јануари минатата година престојував во Göteborg.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Август минатата година го поминав во едно мало островско место на Јадран.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Кон крајот на мај минатата година на главниот загребски плоштад се најдов во толпа луѓе.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Септември минатата година го поминав во својот загребски стан.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ноември минатата година го поминав во New York, во станот на една пријателка којашто беше на пат.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Јули минатата година го поминав во својот загребски стан, зад спуштени ролетни, зјапајќи во телевизискиот екран.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Кон крајот на декември минатата година се вселив во својот привремен мидлтаунски стан и веднаш нарачав cable.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во минатата година грозјето, она ситно и темномодро како парченце ноќ и прораснато во овој крај за земјата и за човечките срца, мувлоса необрано меѓу ластарите, а тоа се случи кога умреа праските: лисјето без позната причина поцрвенети, се збрчкаа, потемнеа, потоа искапаа, плодот се исуши несозреан - врз семката остана само пеплосана сува кора без капка сок.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Трети очекуваа по толку минати години, при славниот вујко, да се врати со златни дукати, како другите, од посиромашни семејства, вратени со многу пари.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Толку за сега, поздрави од Филаделфија, Ташку П.С. пред некој ден бев на кино и гледав еден многу убав филм, минатата година беше главен хит во Холивуд, со најпознатите глумци/пејачи, ама му ги заборавив имињата.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Игор Тошевски е уметник којшто беше посебно активен минатата година со серијата изложби обединети во концептот „Досие 96”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
XXIII Не затворај ја вратата Не губи се во заборав... Махмуд Дарвиш Во моите дипломатски години во Картагина, како амбасадор во државата Палестина, како и во Тунис, беа од посебно значење во формирањето на претставата за Палестина, за нејзината борба за признавање и независност, за нејзиното движење на чело со Јасер Арафат, за личноста, животот и поезијата на Махмуд Дарвиш, овековечени со нашата прва средба во Струга, во август 1978 година, а потоа и со нашето долговечно и ненаметливо пријателство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
При првата средба во Струга, со доверлива искреност, која мигум се воспоставува, сведочеше за неговиот егзил, за првите минати години во Галилеја, за трагичната 1948 година, кога по нападот на Израел, ќе го доживее крајот на рајот на детството и ќе започне неговиот егзил, кој ќе трае до крајот на неговиот живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во споредба со минатата година, сега има повеќе храна, повеќе облека, повеќе куќи, повеќе мебел, повеќе тенџериња, повеќе бензин, повеќе бродови, повеќе хеликоптери, повеќе книги, повеќе бебиња - повеќе сѐ и сешто, освен болести, криминал и лудило.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Моето второ „Јас“, што живееше минатите години во грч и знаеше дека овој ден ќе дојде, реши дека морам да бидам силна и да се држам достоинствено.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
07 август Зарем последен пат ти реков среќен роденден на овој ден минатата година, зар ти беше среќен...?
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Последиот пат кога бевме, минатата година, те терав да си купиш убав костум, затоа што на враќањето во Скопје нѐ чекаа неколку свадби на роднини и пријатели.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Ене на оној господин минатата година јас му продадов ловџиска пушка. 196 Margina #17-18 [1995] | okno.mk ЉУБА: Тоа само така ви се чини.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Всушност, кога минатата година бевме во Кан со Девојките од Челзи и кога дадов интервју за Cahiers du Cinema, на неа мислев кога реков: „Луѓето се обидуваат да ни подметнат работи.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Денес на Јасна ѝ е роденден. Минатата година бевме на Лонг Бич и се возевме по висечките мостови над огромното пристаниште, восхитувајќи им се на големите бродови под нас и вриштејќи како да се спуштаме по ролеркостер.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Мајка и сега, по многу минати години, му покажуваше на Татко дека умеела поуспешно да се справува, да ги употребува знамињата, отколку тие што ги натерале овие сиромашни италијански војничиња да ги веат во нивно име, во случајов, во името на фашизмот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во јануари минатата година му открија дека има рак на простатата во поодмината фаза, така што операцијата не би помогнала.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Еден по еден ме напуштаа. Тетка Боса во минатата година побарала да ѝ издадат виза за да замине за Виена. Но ја одбиле.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А имала цврсти докази дека Благоја е таму. Во Виена.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Минатата година инсталирав телефонски центри во двеста градови. Ја населив оваа планета со Бартони!“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Уште минатата година, по изборите, ги намалија полициските сили од три на еден автомобил.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Еден од водечките американски психијатри изјави дека DSM-III е само листа за наплаќање на осигурувањето по системот на трето лице кога „запукав” по DSM-III минатата година.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Морате да се најдете во DSM-III за осигурувањето да ви исплати одредена сума пари.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Дерек Џарман сликар, сценограф, режисер, писател Неодамна во Музејот за современа уметност во Скопје беа прикажани петнаесеттина филмови на Џарман.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
По тој повод ви пренесуваме некои елементарни информации за овој култен режисер кој почина минатата година.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ако не успее да се врати за една година, ќе го изгуби правото на престолот, кое ќе премине на еден од неговите полубраќа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во текот на 1970 год. за прв пат работи на филм, како сценограф на Демон (The Devils) на Кен Расел.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
16. Запрашаа една жена која живееше на село колку студено било минатата година. „Не многу студено“, одговори.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Меѓутоа, Грејвс само ја изеде плескавицата, ја плати сметката, се врати до колата, го замота ќилимот и замина.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
- Тетка ти Олга минатата година веќе по втор пат е прогласувана за жена со најчиста куќа во градот како учесничка на големиот градски натпревар по чистота.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Со голи раце ги притискаше крпите во теписонот, а потоа ги цедеше во кофата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Томе, минатата година ти ми помогна.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Мама Злата ги гледаше, сфати дека и минатата година ја работеле оваа работа, па се максимално снаодливи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Баба и дедо починаа минатата година... дедо набрзина од карцином, а баба од жал по него.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Нема да е лесно, ама ќе издржиме - како и минатата година.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Според предлогот на учителката Славка започнавме со оваа секција минатата година и тоа ќе ни е традиција.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Па нели сме другари од минатата година“ - а во себе се прекори - „Лажга си, Нинче, навистина во орбитата ти влегува новиот...“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
А нашите другарчиња - треба да си искрен - многу се иницијативни, на пример, први покренаа изложба на домашни миленичиња, или изложба на икебани што сами ги изработуваат, за тоа минатата година имаше на еколошката страница, па дури и фотографија во колор - од натпреварот за најуспешна икебана.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
ДИМИТРИЈА: А минатата година во осум сабајле? Како на скали да спиеше. Сѐ се памети.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Во текот на предавањето минатата година на Универзитетот Колумбија, Сузуки рече дека постои разлика помеѓу источното и европското мислење, дека во европската мисла нештата се гледаат така да се условуваат едно од друго и да имаат последици, додека во источната мисла ова согледување на причините и последиците не е нагласено, туку човекот се идентификува со она што е овде и сега.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Келнерот донесе и мезе, туршија од минатата година.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Дали во онаа ноќ, минатата година, со едни исто силни дождови, тој, Господ, им ја покажа оваа мутла на градот како најбезбедно местенце?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
За станот што го добија на другата страна, на северната, одамна знаат оти се случи минатата година.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)