И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Оттогаш, од минатата сабота, Лазор, кутриот, гори во треска, а Јосиф бдее над него, и дење и ноќе, и со разни лекарства му ги плакне раните и му ги ублажува болките.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ете оттогаш, од ова време минатата сабота, откога го донесоа Лазора помешечки испружен на кочијата Дамческа и го искачија во гостинската одаја Акиноска, трае оваа возбуда во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Минатата сабота, зараното (Максим и Костадин Дамчески од страв од незгоди не ги поведоа одвечер) главите на сојовите стигнаа во Прилеп, на ан кај Богатиновци: така си мислеа, расправијата помеѓу Хаџи Ташку и Лазора таму стана, па и измирувањето меѓу нив таму да стане.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И само затоа што речиси во истиот час, веднаш штом го пренесле кај делениците Акиноски, Јосиф Акиноски, со усвитен нож му направил операција, му ги извадил куршумите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но таму, во дворот на анто, го затекнаа Хаџи Ташку со дружината и една тајфа Арнаути од Кичевијана.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Така стана минатата сабота, на Тодорова Сабота.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Една од раните Лазорови, онаа со нож убодена, се испоганила од нешто и никако да зацели.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Знаеш ли што сторила онаа моја ќеркичка минатата сабота, кога нејзината единица била на поход на патот кон Берхамстед ?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Токму на ова место каде вие седите, таа седеше минатата сабота.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Така минатата сабота, на 20 јануари јас зборував со две пријателки на кои им ги дадов вашите книги да ги читаат и кои постојано се интересираат дали имам од вас новости.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Барав од него да ги спомене вашите книги испраќајќи му по еден примерок од секоја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
„Јас настојувам да останам овде. Минатата сабота кога пристигнав дома започнав толку силно да се трудам да останам.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)