Од друга страна, пак, покрај психолошкиот одвраќачки ефект, ваквата драконска казнена политика може да има и спореден контра ефект – судовите, знаејќи дека ова е престрога казна за одреден прекршок, да се воздржуваат од изрекување на глобите, што секако, повторно, ќе биде на грбот на работниците. в) Со носењето на новиот ЗРО (2005) продолжи тенденцијата на ублажување на казните за работодавачите, што подоцна беше „поправено“ во обратна насока: 63 • наместо класификацијата на две групи казни за работодавачот – од 50.000 до 250.000 ден. и од 30.000 до 200.000 ден., кај казните за точно одредените прекршоци (чиишто број, патем речено, порасна од 23 на вкупно 31 – што секако е за поздравување), се променија износите – така што минималната граница се зголеми двојно, и сега изнесува 100.000 ден.; но, од друга страна, пак, максималната граница се спушти и сега таа изнесува 200.000 ден. (чл. 264, ЗРО/05); • ако работодавачот е физичко лице, казната за наведените прекршоци изнесуваше од 5.000 до 7.000 ден. (чл. 265, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)