Секоја мина одделно поставена и секое минско поле се наша голема предност.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Пред него преплавуваше буица од гневни, беспомошни мисли: меѓу неговите зборови се закануваше минско поле - ако погрешно нагази, ќе биде разнесена.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Претпазливо чекореа како по минско поле, по животот, плашејќи се од Бога!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Минско поле да се направи од моите залудни ерекции.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Само, треба да поминеш низ едно минско поле и, ако имаш среќа, те чекаат три реда бодликава жица, па десет метри висока ѕидина.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Уште еден роднина нагази на минско поле!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Партизаните на ДАГ се спуштаа по стрмните планински удолници и густите шуми и на приодите пред градот паднаа во минските полиња и беа пречекани со урагански митралески и автоматски оган.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И рамнинката лево од патот - оградена е со ’рѓосана бодликава жица на која виси подгниена штица со натпис – „Минско поле!“
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А долу, во приодите кон градот, сѐ што беше останато рането и убиено во минските полиња, пред пушкарниците на бункерите, со бодликава жица врзана за врат ги влечеа до местата каде чекаа војничките камиони.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
За време на Студената Војна, граничните линии кои ја разделуваа Западна од Источна Европа беа интензивно патролирани и означени со бодликава жица, набљудувачници и мински полиња.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)