мирен (прид.) - глас (имн.)

Седнувам во фотелјата, силно вдишувам, потоа, станувајќи, ги прашувам со страшно мирен глас: - Бројот три во животинско царство?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ми се обрати со необично мирен глас, мораше целосно да ме извлече од молкот: - За другите морето може да претставува среќен излез од маките на копното, а за нас морето носи грижи, неизвесност, опасности.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сталин? тој, лично! Неочекувано му се јави на овдешниот Централен комитет со својот познат мирен глас, ти кажувам, а јас знаев зошто го стори тоа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Застана пред Денко и со мирен глас, без какви и да е движења, ги смири кучињата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Баба тоа го изговори со мирен глас и, како ништо да не се случило, продолжи да готви крај почката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На ова помислив кога го слушнав она нејзино: нели станува збор за грди, лигави спомени.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го рече тоа со подбив, со мирен глас, како да станува збор за грутка снег што одамна се има растопено а во нејзината дланка останала само лигавата навлажнетост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сталин? Тој, лично! Неочекувано му се јави на овдешниот Централен комитет со својот познат мирен глас, ти кажувам, а јас знаев зошто го стори тоа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)