млад (прид.) - кој (зам.)

Според правилата за рекламирање, забрането е рекламирањето на жестоките пијалоци, како и рекламите наменети за младите кои во себе носат пораки кои го поврзуваат пиењето со возење кола, или кои поттикнуваат прекумерна употреба на алкохол.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Старите испоумреле во туѓина, а младите кои се родени таму, пат тераат на море.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа беше време кога младите, или барем оние млади кои јас ги познавав, живееја во очекување на остварувањето на љубовта, а почетокот на заедничкиот живот веруваа дека ќе биде симнување на рајскиот поредок на земјата, а потоа ги отрезнуваше баналноста на секојдневието кое ги очекуваше, бидејќи секое очекување кое е поголемо од стварноста, како и секоја љубов која е поголема од оние кои се љубени, завршува или со пропаст, или во тривијалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Собрале старо и младо, затвореници, „државни непријатели”, предавници на народот, а најмногу млади кои се обиделе да ги минат границите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Денес делото на Алфред Хичкок е ценето во целиот свет и младите кои сега ги откриваат Прозорец во дворот, Вртоглавица, Север-Северозапад, благодарејќи на репризите, сигурно мислат дека секогаш било така.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа беше нашето време, времето на молк за телесноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)