Лулката е вистинска, дрвена, а младата актерка може да биде и онаа прекрасна црнокоса кукла со долгнавести очи на срна.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Конечно да заиграш во некој добар филм? - побрзал со заклучокот младиот актер.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
На моите сопатници, посебно на младиот актер, умот им беше свртен кон најблиската кафеана и рамнодушно го погледнаа З.З.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Додека госпоѓа Мариела ѝ ја раскажуваше приказната за младата актерка во филмот “Ден повеќе”, Ема со левата рака ѝ ја стегаше десната на својата пријателка која лесно беше положена во нејзиниот скут, а својата десна рака во благо движење и ја спушташе на нејзиното лево рамо, гледајќи ја цело време в очи со пријателски чувства кои во мигот се вплотија во она што следуваше потоа: забите на Ема ѝ блеснаа и тој блесок имаше исто значење со она што се слушна од нејзината уста: “Ти си срце”.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)