млад (прид.) - кромид (имн.)

Тоа е едноставна и душманска лута манџа. Измешани со црвена пипер се запржува брашно и кромид, потоа сето тоа се тура во вода која врие и во која има турено сол и масло и во која се додаваат суви пиперки, везени; кога сето тоа добро ќе проврие, вечерата е готова.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Донесуваа рогузини од `рженица, ложнци, ракија, млад кромид, лук, пиперки и прстени погачи: на месечина, на огништа од суви лепешки и суварки редовниците приготвуваа за вечера свири пиле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Има младо кромитче во бавчулето?  - Ќе се најде уште малку, ако не е застарено.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа некои од најблиските зацимолеја и едвај успеаа да исцедат две три капки солзи на паломите и тоа, повеќе ќе речам, беше од младиот кромид кој беше донесен за гарнир, бидејќи баба ми дур’ била жива, му придавала надприродни способности.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Козари, испратени од Чанга, му носеа на партискиот секретар младо сирење во мало каче, од кое тој со задоволство со ракијата мезеше со младо кромитче.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)