Зел една од тие тајни на пролетта и ја држел на составени дланки во румена лејка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа чул, бездруго го викале, и грубо тргајќи ѝ ги младите раце од своите врели дамари ѝ рекол да бега, да се врати дома.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И Лозан Перуника се вратил од почва на гримизна топлина во зелен свет на стварност, не за да го предаде својот сој и неговиот нагон туку да го надрасне густото шепотење на крвта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но не го гледал бавното движење на бубачката туку проценил: младите раце му биле калапи во грч за облици што ги сонувал тогаш и подоцна, со дни, со години, до крајот на младоста и до крајот на втората младост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)