млад (прид.) - уметник (имн.)

Двајцата млади уметници го проследија овој мал говор со забелешки од своја страна, а девојката со потврдување каде што беше нужно, то ест кога погледот се управуваше на неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Називот „Мост” беше преземен од Ничеовиот „Заратустра”, омилената книга на младите уметници, и требаше да го навести патот кон публиката, или кон истомислениците.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како што веројатно е и сега, така и тогаш огромен број млади уметници се втурнаа кон оваа институција слично на лососите што безглаво шибаат по брзаците-каскади за да стигнат до своето мрестилиште.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Потоа се заглавивме во процедурални објаснувања: одолговлекување на молбите за финансирање фестивалска компетиција и нивното префрлање од едно до друго министерство, кое се грижеше младите уметници да не се навикнат на пари, па како превентивна мерка - не им ги даваше.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тоа беше потег со цел, сосема прагматско движење; тоа е она што ги инхибира младите мажи при средбата со искусни жени; кај мене, таа инхибиција се засили и со оној добро познат наивен младешки гнев кој доаѓа од агонистичката, речиси спортска свест дека не си прв; тоа многу потсетува на наивното убедување на младите уметници дека се оригинални, дека се први и дека ќе напишат нешто сосема непознато и неочекувано, заблуда од која потем тешко се ослободуваат и страдаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На пример, ако готвите добро и слично. DD ПТ: Што мислите за младите уметници во Њујорк кои го користат поп артот за ликовно изразување? DD ЕВ: Доста се добри. DD ПТ: Ситуацијата е иста како и во шеесетите? DD ЕВ: Не, тие имаат поинакви причини за она што го прават.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сѐ уште им велиме на младите уметници; ако сакате да кажете нешто ново, мора да пронајдете нов начин за соопштување.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Низ јазикот на фото-делата бевме во состојба да обезбедиме различни чувства, расположенија, повеќе боја.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)