Излегле, на крајот на краиштата, од плакарот кога биле тинејџери и гледаат дека се горе-долу прифатени каде и да одат“ (16).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Што, на крајот на краиштата, покажува едно такво одрекување, ако не дека воопшто стрејт-општеството е, всушност, многу понеотворено за настраните деца, особено за настраните деца кои сакаат да си ја обзнанат различноста од стрејт-децата, отколку што понекогаш нѐ тераат да мислиме?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во секој случај, веќе имавме можност да набележиме многубројни слични тврдења.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Секогаш е тешко да се знае дали ваквите тврдења – кои веќе ни станале толку познати и кои настојуваат дека геј-културата е нешто застарено, дека е нешто од минатото, дека е нерелевантна за помладата генерација и дека е веќе ненужна во свет во кој лезбејките и геј-мажите, ете, можат да се венчаат или да се избираат за шефови на држави (барем така е на Исланд) – секогаш е тешко, велам, да се знае дали со ваквите тврдења се искажуваат факти или желби, дали се некаква сепнатост од откривањето неочекувани добри вести или, пак, се артикулации на некоја желба просто да ја снема геј-културата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)