Без збор да пререче, без пцост да изусти, без дури и да го преколне бога што го родил левучар, си го врза тоа во крпче - што стори, како стори - дали преку снимателот, дали преку режисерот, дали преку чашка, дали преку лажга - ја нареди работата така, што тие како мобилна екипа, работна екипа за теренско снимање, си примаа секој ден директно од рацете на магазионерот: по еден леб и по некоја конзерва, сметано по глава на екипа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)