Оттогаш, од тоа мачно и зовриено лето, па сѐ до нашиве модерни времиња кога отпочнаа буните и војните и кога се измешаа народите, друга слична историја не се случила во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Науката и технологијата на модерното време бараат, пред сѐ, здрав разум и постојана будност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ататурк го урна арапско-персискиот Вавилон. Империјата со стотината јазици и дијалекти објави нова кодификација на турскиот јазик, азбука и граматика.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
По победите на спасот на нова Турција на бојно поле, тој ги спроведе реформите на излезот од средновековниот хоризонт во модерните времиња.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За Климент Камилски полиграфот, ерудит и хуманист Фаик Коница можеше да се смета за херој на модерните времиња на Балканот, но воедно немоќен и среќен балкански Дон Кихот, кој се бори успешно со големата европска јазична ветерница.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Беа накитени со мобилни апарати, необични парчиња облека, петарди, а со себе носеа и кучиња, па некако се задскриваа зад сета оваа содржина, својствено на модерното време.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Убавата идеја на Volksgeist-от нагло му се разоткрива како „најопасен експлозив на модерните времиња“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Од ренесансата до просветителството програмата на модерните времиња беше човековиот дух да се ослободи од откриените вистини и црковните догми.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ви велам, што јас сум споила човек не раздвоил. Што ако се модерни времиња, па се запознавате по улици и ашикувате по авлиите сè до доцна квечерина, а оние од вас најбезобразните, гледам, се среќаваат по ќошовите и се стискаат во сенките на влезовите од новите дорќолски згради.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Силвија има очи и одзади. Знам јас уште, ама не кажувам.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ако нивниот свет треба да го вреднуваме како патријархален (во овие модерни времиња поимот патријархално станал нешто како синоним за старомодно!), тогаш нели ќе ни биде многу подобро доколку некако успееме да ги реституираме барем некои од есенцијалните вредности (и предности!) на тој старовремски, демодиран и тивок патријархат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Еден од најважните (вистински најважни, не само најкомерцијализирани, најексплоатирани, дури и најтривијализирани) несомнено е феноменот на љубовта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Твојата последна книга, која трага по Елен Лејбовиц една таинствена жена што сосема ненајдено, според својот сопствен избор и по своја свесна одлука, накратко влегла во Твојот живот, но и излегла од него на сосема идентичен начин не може да се толкува поинаку освен како низа фрагменти од љубовниот дискурс.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
XXVII Следејќи ја палестинската драма, по падот на бургибизмот во Картагина се соочував со сјајот и бедата на источните владетели во судирот со модерните времиња.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Поетот пееше: Малку небо ми е доволно за да патувам за да го стигнам мајкиниот сон, небото го носам на плеќи а мојата земја е ваша и дали една книга ќе ми го исполни слободното време во тоа безвреме...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За разлика од предмодерните, во модерните времиња главно живееме како странци коишто меѓусебно не се познаваат.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Така што прашањето станува: како можат да се обезбедат одредените предвидливост и ред во човечкото однесување кога не постои визуелното надгледување на соседот, никаков притисок од страна на соседството или локалната заедница?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Вие можете да се држите настрана, од надвор да набљудувате што се случува и да употребувате нови концепти, артикулации и модели.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Некои општествени теоретичари сугерираат дека треба да се зборува за „доцен модернитет”, додека јас му давам предност на терминот „постмодернитет” кој поттикнува поголема интелектуална одважност - ослободувајќи ве од врзаностите за одредени артикулации типични за модерните времиња.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)