Леле, не се сеќавам колку пати сум тргнувала, сум ја искачувала коријата, ама молежлив глас ме враќал накај домата - Ќе дојде, мајчице мила... ми вети... ќе дојде...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Во истиот миг допре до него и го омаломошти мекиот, молежлив глас на Јакима, кој остана на докот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Раскажи ми ја таа прикаска“, вели Летка со молежлив глас како дете што не заспива без прикаска.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)