Некогаш достоинствениот дворјанин со меч на појасот и крст во срцето градел свој молитвен дом со крв и со пот на гладни шутраци, сега пред тој манастир со име Гаврил Лесновски ја пречекале дружината десетина мажи, и самите темни и суви; мислиш дошле оддалеку да стојат пред стара и крива дудинка и да го наслушнуваат умирањето на зимата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јехудим (мн.) се нарекуваат Евреите себе си и својот род на хебрејски 5 el caal – молитвен дом, синагога во сефардскиот говор
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На дедо ми за тоа време како да му секнуваа сите прикаски што знаеше толку убаво да ни ги раскажува, а баба ми Ѓурга како да стануваше молитвен дом.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Стравочудебното село било куп човечки седалки од кал и со сламени или 'ржени покриви, некои од тие куќи дури и без прозорци и бездруго однатре со залостени врати зад кои ноќе над заспаната челад бдеел домаќинот со секира, со вила или со прешилест чекан за кршење камен ослушнувајќи ги шумовите и стрелушејќи се од душите на мртовците и од арамиите или од организираните одметници на распашаните глутници на башибозукот и на аскерот што станал безредие во безредието на пеколот ширум по вилаетот и исто толку по осоговските масиви на кои некогашниот деспот Оливер мислел дека ќе е исто толку вечен колку што е и господ во заблудените срца на луѓето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таа припаѓа на конгрегацијата на ортодоксните синагоги, наспроти обидите на некои членови нивниот молитвен дом да премине во реформистичките еврејски храмови, на што Елеазар бен Цви како традиционалист и според тоа ционистички одреден верник, остро му се спротивстави.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)