Којзнае можеби еден ден станувајќи рано в зори ќе бидеш сведок на некој неверојатен настан кој решил да се случи за токму тебе да те направи славен а ти суетен поет кој дотогаш само за природа си пеел и мислел дека си главен неверуваќи им на своите очи ги затвориш кепенците од куќните одамна дотраени прозори и нишајќи со главата во негодување на она што пред тебе животот го точи длабоко ќе воздивнеш велејќи: – одамна заминаа моите возови 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Пресметував колку часови ме делат од мојот воз и не можев да пресметам.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Мислев дека денес ќе можам да го убедам вашиот син ако не да се откаже од своите намери, тоа барем да се фрли под друг, а не под мојот воз.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
И не можам, да знаеш, не можам да дозволам некој да се фрли под мојот воз!
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Почнав да пресметувам колку има до мојот воз и не можев да пресметам.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)