мој (прид.) - вујко (имн.)

А во душата најмногу ме обвинуваш мене и си мислиш: “Толку е бездушен и прост овој мој вујко Аргир.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но имаше и друг проблем со кој се соочував: ако му се јавев на мојот вујко, ќе требаше да им се јавам на синовите на починатиот татков брат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И така Мајка бараше од мене при мојот престој во Тирана, ако имам време, да го побарам мојот вујко, кој жи­вееше со сопругата и со својата ќерка.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пусто суеверие, немаше порационално објаснување зошто моите братучеди ги имаат имињата од нивните чичковци (моите вујковци) по обратен редослед... на крајот на краиштата, и не е важно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Уште пет минути!... Од дома... од дуќанот... од омнибусот, од таванчето... колку да се измоча... за да се нацрта уште побрзо во „Генитрон”... да се струполи тука, распуштен пред канцеларијата на де Перер...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Беше тоа во „Генитрон”, омиленото списание (дваесет и пет страни) на пронаоѓачите-занаетчии од Париското Подрачје, кога мојот вујко Едуар ја имаше таа среќа да го запознае еден ден...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Финтата беше кој прв од сите тие збеснати, тие ужасни бедници ќе кидне порано...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мајка ми ми имаше раскажувано дека на времето семејството на тетка Олга се скарало со семејството на покојниот мој вујко, по што неговата жена почнале да ја викаат „Марија смрдливата“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не сакам да зборувам во детали за тоа како ми беше кога седнав на шолјата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како смртта на мојот вујко предвреме на улица починат по штрајк за правата, како под нокти црното, на мојата мајка, татко, брат и снаа.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Или како што би рекол мојот вујко, писателот од мртовечката постела: „Стануваш бегалец, малечок; се престоруваш тркач по маргините“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Татко ја почувствува нејзината притаена вознемиреност и продолжи: – Ти знаеш, мила, јас цел живот ја криев од децата, па дури и од тебе, мојата „отоманска врска”, моите роднин­ски врски со првиот премиер на Ататурк, со мојот вујко Фетхи-беј Окијар.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)