мој (прид.) - грб (имн.)

Ами сепак јас ќе ви го кажа и ако успеите да го кандисате, за вас ќе биде од голема корис, a јас пак ќе го симна товарот од мојот грб и мирно ќе си ода на почивка кога севишниот ќе ме прибере.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас не можев да разберам кому и зошто му било потребно сето тоа плетење на тајни конци зад мојот грб.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Зад мојот грб собата во која ќе ги поминувам деновите, односно ноќите, зошто во следните месеци не ќе имам многу слободно време за одмор.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ги надживеав сите добрини и зла и сега небидница мојот грб го ведне.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Зад клупата на која седам помеѓу двајца безоблични и неподвижни стражари во бело, можеби само на чекор од мојот грб, е слеана во амсив бестрашна глутница од сите оние што ме следеле, што ме труеле и што ме довлекле во овој пекол.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И го чекав само денот кога лагата моја спасителна ќе се открие, кога ќе ги види ливчињата на Мида негибнати во семинаријата и кога тупаницата негова ќе падне врз мојот грб. Врз крстот на грбот мој.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Лекар сум и знам каков е тој сјај во твоите очи кога в кафеана или на театар или каде и да било, има зад мојот грб други за кои мислиш дека подобро се скроени од мене.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Ти мене ме лажеш! Јас трошам време да разговарам со фини, богати луѓе за тебе, да те вдомам во куќа во која ќе имаш добар живот, а ти мене ми се спротивставуваш, ми вадиш некакви модерни теории, ми криеш, прајш работи зад мојо грб и излегваш со непознати??!?!?
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Можам да те видам бидејќи мојот грб и моите странични делови се слепи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Без причина појдов по нив. Шумолењето на потокот се притаи зад мојот грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го прерипав потокот и продолжив да чекорам со наводенети петици. Од голата земја пред моите нозе пркнаа неколку еребици оставајќи зад себе скомињав цвркот. Ги снема зад забелот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И многупати ми се чинеше дека во изгорот на стремежот се сродивме, ама кога им кажував кој сум и што сум, тогаш се мрштеа и понекој од нив, небаре како за инает, ѓомти не ме гледа, зад мојот грб потпевнуваше: „Елада му то мегалио су василема ден ехи…“17
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зад клупата на која седам помеѓу двајца безоблични и неподвижни стражари во бело, можеби само на чекор од мојот грб, слеана е во масив на бес страшна глутница од сите оние што ме следеле, што ме труеле и што ме довлекле во овој пекол.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие веќе беа тука, зад мојот грб, пред авлијата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Ти ли ја отвори вратата, ти ли ја отвори? - му викав панично на Дино.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мирисот на храна што излегуваше од неговата уста ми лебдеше пред лицето, а неговите гровтања се мешаа со чкрипењето на креветот и шлапкањето на неговиот меснат стомак кој се плескаше од мојот грб.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Музиката струеше низ мојот грб и се појавуваше на врвовите на моите прсти.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)