мој (прид.) - девојче (имн.)

- Жално мое девојче, земи ги за утеха, зашто никогаш веќе нема да бидеш толку убава колку што си сега, ти ќе треба да одиш кај другите, другите имаат за тебе само обични зборови. само /ас имам за тебе песна, но и во песната не можам да го кажам твоето име, треба да го кријам со други имиња, а без него е песната сиротна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Та што има во тоа лошо да знам сѐ за моето девојче.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уште си многу мала и вкусот допрва ќе ти се развива.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Милото мое девојче, и тоа ми стасало на мајка да ѝ купува подароци!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Глупаво мало мое девојче – ме прегрна – нема место за загрижување.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Малечко мое девојче, девојко моја паметна, тревко моја, срничке, сонце, ѕвездо моја, најмила моја... – почна мајка ми да ми ги реди сите милни имиња со кои ми се обраќа кога е особено разнежена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Сребрен е, знаев дека ќе ти се допадне! – бев горда и пресреќна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ме прегрна цврсто и долго, долго ме галеше и ме бакнуваше насекаде, по лицето, по очите, по косата, по вратот, по рацете.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потем мајката ме одвитка, а јас бев така возбудена што заборавив да видам какво е моето девојче.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Еве, како загубив уште еден лист: момчето што седи до моето девојче ме зграпчи и го стутка листот со малечки тркалца.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Одеднаш слушнав: „Мамо, ми купи молив и тетратка?“ - тоа моето девојче прашуваше, а мајката рече:
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Со нетрпение очекував да ме одвиткаат и да видам какво е тоа мое девојче.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Учителката нѐ прегледува секој ден и секојпат е доволна од нас: од мене и од моето девојче што навистина грижливо ме чува.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Јас не заплакав, иако ме здоболе, зашто моето девојче навистина многу убаво пишуваше: - раката не ѝ трепереше.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Јас пак со особена радост го разгледував моето девојче.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Сиромашкото мое девојче! Пишуваше и плачеше...
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Потоа ми ги завиткаа кориците во сина хартија, ми залепија една етикета и врз неа го напишаа името на моето девојче и со јадри букви - прво А одделение, моливчето го ставија во едно дрвено кутиче со шарени цветенца, а потем двајцата не ставија во нова кожена чантичка и појдовме кон училиштето.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Во книжарницата набргу некој влезе и се слушна важен женски глас: „Моето девојче е прваче. Ве молам, дајте ми една тетратка со широки и тесни линии и еден молив број два.“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Моето девојче ми вети дека и јас ќе бидам меѓу тие тетратки.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
А мене ми е мило што моето девојче престана да се фали, а се фалеше кога немаше зошто.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)