мој (прид.) - дом (имн.)

Макар колку да има време, мене истовремено ме вознемирува тоа што јас не ќе мозам да видам кога ќе се стемни за да ја спречам несреќата што на мојот дом му претстои.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Вреснав не од експозијата на белата светлина и не од нејзиното преминување во синевината туку од тоа што се случи ова чудо со мојот дом.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И како што излегоа работите, и таа куќа не стана мој дом.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За сето ова време оваа куќа беше мој дом, ова прекрасно мирно место.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Па, ова е мојот дом, и јас сè уште го чувам моето среќно камче.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Најмалку што можев да помислам беше, дека Иван се врати или ми го враќаат за да ми го испитат паметењето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па кажете ми сега, со каков изговор ќе можев во мојот дом да не го прифатам детево, им се обраќав во мислите на милиционерите?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа, за моја среќа, видот секој ден се повеќе ми се бистреше, а јас знаев од каде тоа чудо.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Оваа чизма ќе биде од денес мој дом, - рече глувчето и влезе во чизмата.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Недалеку од мојот дом, во жолтата еднокатница со темни соби, меѓу стаорци и дрвеници, живееше мрдната вдовица со болникав син шивач.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Стравот го оставив во Бејрут, во пепелот на она што беше мој дом.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ние чекоревме како да не ја забележуваме, затоа што нејзините обиди и нејзините зборови ни станаа вообичаени - таа секојдневно се обидуваше да дојде до својот дом, своето гнездо. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Полека тргнав кон мојот дом. Чекорев бавно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бледа трага, побледа и од старечко постоење, ќе остане да стои и откако мене ќе ме нема, а потоа и таа трага ќе исчезне, заедно со ѕидот, заедно со мојот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги загледував среќните лица на луѓето по улиците; во оние лица кои имаа несреќен поглед, и спуштени усни, го препознавав своето лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со усните прилежни за испуштање на душата а не за бакнување ја бакнав таа засушена крвава трага.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Онаму е мојот дом. Онаму е моето гнездо,“ повторуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш од пештерата слушнав глас: - „Јас сум гласот и одѕунот на твојот прадедо, богобојажливиот Стефан, одамна наречен со Божје име Захариј, и ова е мојот дом и тука почиваат моите мошти.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Иване, зошто Луков сите свои акции ги подготвува во мојов дом?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Немам сила, немам храброст а знаеш љубовта е нема а јас ко чедо на амор се претворив во дух... ќе изградам куќа од зборови и во неа би те затворила со клучот на моето срце би те чувала да бидеш мое гнездо во кое слетува мала птица да бидеш мој дом со отворена мускулна врата за срцето на малата птица лекокрила, многу нежна да бидеш свежо утро но тиха вечер... светилка што искри во мракот во мојата коса, една надеж, небиднина една среќа во ѕидините на срцето што се руши ко стена да бидеш последна љубов дојди, не оди си, дојди!!!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Мојот дом е меморија е текст е приказна 43 Насловот на мојот текст, “Децентриран Дом”, е рефлексија на вашата тема (им вели волкот на прасињата фатен во сателитските микрофони на ловецот кој на своите многубројни екрани посматра...).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Застапени се текстовите на Брендан Гил “Повеќе од куќа - идеја во која живееме” - стр. 19, Флориан Броди (Мој дом е мојата меморија е мој дом - стр 21, групата Аилкно Електронска осаменост - стр. 29, Мануел де Ланда Дом - мрежа или хиерархија?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Па драги мои гости, бидејќи сте во мојава куќа, ред е да прашам зошто сте газеле толкав пат за да дојдете во мојот дом.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чудно е што во моментот на комплетирање на оваа теорија ја дофатив токму оваа негова книга која долги години само фаќаше прашина на еден од рафтовите во мојот дом.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа ќе биде мојот дом. ќе бидам создавател на нов животен век.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Зборот некажан од уста го вадиш, во срцето мое дом за навек градиш.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
За мене нејзиното однесување во мојот дом не беше вкусно.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Им велам на моите сонародници дека ваквите шеги не ми се драги, бидејќи Америка сега е мој дом, а Американците мои сограѓани.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се случуваше Мајка, додека запираше врз овие обележани пасажи, да ги чита гласно, а потем да зборува со некого, во сржта на својата самота, кога најмногу веруваше дека Татко е крај неа... XLI Мајкините доаѓања во мојот дом беа најубавите мигови во мојот живот, во животот на моето семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
се раѓам минатото утро или регенерцијата како емотивна дисциплина ... да се раскрили завесата од дождови со неколку чисти капки по лицето да се сочека светлината што ги подотвара очните капии на твоето скривалиште со остатоците од ноќната гозба (и сеедно дали во милување или убод и сеедно под кој агол колку долго се задржува врз пулсирачкиот свет зад тебе) кога беше и дете и птица во иста сенка... ... но допирајќи те светлината на сенката и облекува кожа со температура триесет и шест со седум кожа со влакненца пот гребнатинки со пори изумрени клетки брчки со реа... ...со трага од нечија плунка прст од папокот... ...од тука повторно да се започне сопственото будење денес ова нека биде мој дом моја постела моја жена... а каде се птиците или несогледливоста на визуелната комуникација
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
„Последната“ вечер тој ја мина во мојот дом.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И после толку години остарен е, а и збрчкан, злокобен е, а и чемерен погледот во моиве очи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Чашата на животот ми е полна со спомени кои вечно ќе го топлат мојот дом.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Зошто да се лишам од толку убави приказни? * Запис пронајден во стапица за глувци РЕД* Во мојот дом сè мора да се наоѓа на своето место.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Пак после, пак ме доведоха у мој дом, дека ме видиш, што ми е от свјатаго Василиа, и ме упокоиха овде и ми рекоха: „Сега ти чини памјат, санкиј служат свјатаја литургиа, заради тебе свјатиј Василиа.“
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Рекл он на жената си: „Земи, злаја жено, това копиле што си родила, иди си скоро от мој дом, иди да те не зидат мои очи, да не те убијам со мои руки.“
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
И имаше само една врата мојот дом - колку да влезам во него; и една постела покрај огништето - колку да легнам во неа: сам со својаста смрт, како со невеста – во ноќ на затруднување.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Денес е врнежливо но некоја јарка, далечна светлина ја осветлува душат и дворот на црквичката под мојот дом: цигани го послале патот и ги накитиле светците со ора, со дух, со ружани коњчиња, со јоргован...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Ви благодарам задоцнето и за ќесињата со миризливата лаванда од последната берба во Прованса кои го исполнија сиот мој дом, како и со спомени на едно друго време минато во чудесната јужна Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вкусот на колачињата кога ќе ги ставев в уста и ќе почнеа да се топат во неа, нивниот мирис на ванила, сето тоа ме потсетуваше на мојот дом, на далечината, на моето драго семејство.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Кога веќе кутијата беше празна, како да ми беше жал дека се кине некоја нитка од она што ме поврзуваше со мојот дом Носталгијата беше присатна во мене.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Еден ден седевме во мојот дом со Менаџерот и дискутиравме за моите престоечки настапи. Тој ми спомна дека во некоја мала земја Македонија во католичката црква набавиле оргули што дотогаш ги немале и бискупот преку мојот менаџер ми се обратил мене.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Мојот дом стана засолниште за елитата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа ми велеше уште веднаш да се спакувам и да одам во Кочани, во мојот дом кај родителите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)