„Браќа мои, кога пред вас нескајќи ја открив својата телесна слабост, оти заморот од долгите патувања и проповеди ме совлада, та духот ми потклекна пред слабоста на телото и гласот ме издаде додека ви зборував, со најголема загриженост за моето здравје притрчавте да ме задржите во тетеравиот чекор на моите стапала изранети од долгото одење.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
На почетокот од мојот живот беше љубовта, беше погледот на мојата мајка, беше нејзината рака на моето чело, беше нејзината грижа за моето здравје.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во часовите на работ од бессознанието, кога високата температура правеше само одвреме навреме да се освестувам, во таа полусвесност можев да ја видам мама, нејзиниот поглед во кој беше стрепетот за мојот живот, нејзините раце кои ми редеа ладни крпи на челото, кои ги соблекуваа од мене испотените алиштенца и ми облекуваа нови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)