мој (прид.) - кожа (имн.)

Секогаш бев свесен за своите раце... но, првата работа што на мене ќе ја забележите е мојата кожа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Луѓето често ми велат дека се свесни колку тие раце се талентирани. често ги држам прекрстени и така.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во модерните градови се преферира да се земе здраво за готово дека јас сум внатре во мојата кожа и вон твојата, а ти си внатре во твојата кожа и вон мојата!
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Јас” сум внатре во мојата кожа, но како надворешно можам да го почувствувам она што е внатре во мене, и она што е вон мене.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во мојата кожа ти ќе беше и полош. Или подобар.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Освен можеби оние вечни осуденици, спомените.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Прости ми другар Даскалов и веднаш речи ми дека не треба и не смеам да заборавам оти во животот никогаш ништо не се враќа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе ти кажам и што се случи со мене откако заврши бурата: поостарев, станав повозрасен во разбирањето на нештата, а истовремено помислив дека на мојата кожа, (ова го велам најодговорно) животот запиша уште едно правило што го заслужува нашето внимание.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги тргав од нејзината коса; некои успевав да извадам, некои се распрснуваа меѓу моите прсти, испуштајќи слузава течност која се лепеше за мојата кожа и за косата на Сара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа ја наполни раката со гасениците кои успеав да ги извадам, и рече: „Еден ден ќе се претворат во пеперутки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но мирис на млеко тече низ мојата кожа, ѓавол да го земе.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Со мојава кожа ги топлам. Пак ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Странец сум во мојата кожа. Туѓо ми е сѐ.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Бескрај Се будам под твојата ѕвезда.. срцето ме тера на растење но мојава кожа е претесна да собере сѐ...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Смолата од нивните очи ќе капе врз мојата кожа заедно со солзите на восочните свеќи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пробојноста на мојата кожа делумно ја оправдуваше инсистирачкото одбивање да запишам фармација.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ќе се исцедам низ девет кожи, Низ мојата кожа Испишана со девет судбини Во девет дена низ кои водата ја цедев од жарот На мојата последна венчавка со лебот Седнат на трпеза Сам Во самица Пред судниот час. 1.4 Така мислам и домислувам: Ќе мавтаат со шамивчиња претците Ќе мавтаат со шамивчиња потомците И оддеднаш сите ќе бидеме камења Што ќе течат и ќе јачат, Камења топли и камења студени, Камења тешки и камења сиви, Камења што молчат И камења што зборуваат.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Која Марија си ти? праша. Чу: гледај ги зелените вирови во моите очи, бакрените водопади во моите коси, треперењето во мојата кожа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ти недостасува? Мојата налудничавост? Мојата топла крв? Моите маани? Мојата кожа? Моето хистерично смеење?
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Ти веќе беше влезен под мојата кожа. Пијавица.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Ги имам сите тие движења забележано на мојата кожа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но не сум јас единствената што бележи на својата кожа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Излези од моиве мисли, избриши го секој твој здив од мојава кожа, исчезни од просторот на моето постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Заборавот нека те однесе некаде далеку за да можам барем спокојно и достоинствено да го проживеам тоа што ми остана без срце и душа, зошто се ти припаѓа тебе засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таа испушти едно бесно мјаукање и ми ги зари ноктите во стомакот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Спискав и кожата од кокошка ми падна врз чаршафот, а мојата кожа почна да крвави во четири долги и цврсти ленти, од кои средните две беа најдлабоки и најтемни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Јас заради мојата кожа ги викам, Утре ќе дојдат корофилаците, ти ќе кажеш за нив и јас отидов. За тебе да не зборувам.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Мила ми ја имаше стегнато многу силно раката и ноктите ѝ се беа зариле во мојата кожа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не смеев ни да писнам, а ме здоболе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)