мој (прид.) - колега (имн.)

Воведов кутија којашто моите колеги и јас постојано ја полневме со конструкции што би можеле да бидат употребени во фракталната геометрија.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
За да бидам поконкретен, нека го разгледаме VISIONS, проект од областа на компјутерската визија кој го водат моите колеги Ален Хенсон (Allen Hansonn) и Едвард Рајзман (Edњard Riseman).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Јас и моите колеги честопати во британските семејства го забележувавме она што Хенри го опишува како стратегија во американските училишта.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога се вративме од САД јас добив отказ од работа како и повеќето мои колеги и колешки.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Еден друг мој колега, (по пишување стихови и книжени дрсканици) секогаш кога ќе мавне чашка две-три ракија, сериозно се заслушува во песната што ечи преку кафеанските звучници.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Моите колеги и јас“ - пишува Стег - „му обрнавме внимание на валијата на опасноста поради одземање на заработувачката на луѓето што овде се занимавале со определена професија, коишто, кога ќе останат без работа во нивните села, ќе го зголемуваат бројот на четите.“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Јас и мојот колега ќе те испратиме на аеродром - ѝ рече.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не е вистина дека го воздигнував лудилото и ја идеализирав шизофренијата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ми се чини дека доволно бев, како што би рекле некои мои колеги, во првите редови.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се враќам зад кулисите и гледам како огромен диносаурус ги гмечи, џвака и черечи моите колеги – актери.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Еден од моите колеги ми го даде капутот да му го закачам и кога се свртев го слушнав како тивко ѝ кажа на една од моите колешки "Викторија ама се здебелила".
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Имаше уште долго време до ручекот, дотогаш можев да направам и други експерименти за на крајот сè да му покажам на Александар.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Имаше повеќе периоди на интезивни 94 Margina #10 [1995] | okno.mk расправи, не само со моите колеги од терапискиот тим туку и со самите пациенти.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Од другата страна на оградата, подигната околу големото градилиште, дење-ноќе стоеше толпа која нѐ набљудуваше како работиме; сигурно изгледавме како мравки обесени на пајакова мрежа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сепак, од она што го наслушав во разговорите, стекнав впечаток дека моите колеги ја прифатиле работата само поради извонредната плата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)