Од другата страна Ангелот Ја услишува вашата помисла За спасение За благо дарение на мајсторот На чудотворните длабочини Во кои се разнесува мојата молитва: Врати ме Боже Во деветтиот круг на стеблото Врати ме Боже Во благотворниот отров на змијата Врати ме Боже Во очниот пламен на орелот Врати ме Боже Во топлите одаи на каменот Врати ме Боже Во меките дланки на каменорезецот Врати ми го Боже Сонот за Мајка Врати ме Боже Во статуата за да бидам душа За да дишам во оваа самица.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Како гламна прегорена згасна мојата молитва душата ми остина наместо да се стопли, и јас решив: да одам, сѐ да му раскажам на Филозофот, да се покајам пред него и од него прошка да барам, кога Господ не ми ја дава.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тоа што вие го слушате како шумол од костенливо листе или како гргор од дулците на чешмите, тоа е мојата молитва, Гласот мој. А мене не ме гледате.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Зашто? - не знам и ја сам, А сега, о книги, не често отивам В црква, не тврд је мој дух, Матна је моја молитва и често ја бивам До светоста нем и глух.
„Пeсни“
од Рајко Жинзифов
(1863)