Сакав да го спомнам Шефот, но се откажав кога забележав дека по лицето на Ема ѝ прошета и брзо ѝ згасна желбата за насмевка и во истиот миг таа ги собра веѓите и го спушти погледот кој дотогаш упорно ме опсипуваше обидувајќи се да го разбие мојот молк.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Друго и не ми преостануваше пред да се сокријам во мојот молк.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Да те најдам, изгубен мој
да завиваш од радост
да немеам од чудо.
од што ќе одекне мојот молк
планините да се огласат
ем да ечат, ем да квичат
да не би да се откажеме од нив!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)