Желбата на записот е повеќе да се опише отколку да се објасни, и за мене самиот, досегашното повеќедецениско молчење, здржаноста да се доискаже во стихови мојот однос кон Рацина и кон неговото пеење, поривот но и несигурноста на моето доближување до него, почитта па отаде и стрептежот од јавно кажаниот збор на што толку мудро ни укажа Блаже Конески, дрзоста и дораснатоста на младиот поет да проговори со јазикот на песната за Рацин, за Рацин што го пробуди во нас идеалот на јазикот и убавината на поезијата.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Последниве денови, често си правам биланс на мојот однос кон животот: иако и татко ти и ти постојано зборувате како сè е онака како што јас сакам да биде, дека јас ви се наметнува, всушност јас отсекогаш сум ви се потчинувала.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Јас помнам многу од семејствата и луѓето со кои сум живеел во детството и мојот однос е можеби конзервиран на тој поглед од детството, а ти можеби Маказар го гледаш ем поотворено, ем покритички.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но сега мојот однос е променет, ја барам, упорно ја барам, но неа ја нема, ја нема засекогаш!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Нагласив дека мојот однос кон франкофонството не е осамен во Македонија и дека има повеќе генерации од разни области на науката, економијата, културата, уметноста, особено литературата, кои со децении негуваат одлични односи со француските институции.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ќе ви раскажам, во врска со ритуалното милосрдие еден настан од раното детство, што на одреден начин се има одразено во мојот однос кон религијата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во дипломатијата и во најтешките моменти отсекогаш ме спасуваше мојот однос кон вистината.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Пријателството со Махмуд Дарвиш и неговата поезија го одржуваа жив мојот однос кон палестинското прашање.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но со завршувањето на мисијата и на мојата скромна улога во неа, остануваше да живее драмата на човекот, на луѓето, кои ми станаа блиски.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тоа и беше причината веднаш да се обидам да го расчистам барем мојот однос кон нештата што ја распретуваа збунетоста.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Спомна и некоја несправедливост кон мене од нивните искажувања а веднаш потоа уследија и зборови во одбрана на нашата љубов.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Јано, Катерина е мојата почудесна половина но покрај тоа уште и најнепроценливиот рудник на доброто во мојот инаку зафркнат живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Оф, ангелот и не е толку бел“ ги повторував тие нејзини зборови во себе додека слушав како таа им раскажува на некои непознати луѓе за мојот однос кон неа, за нас, за нашиот живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ова, што го слушнавте како објаснување на моите односи со Катерина сфатете го како мала шега.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Себе: мојот однос кон фрагментот; мојата склоност кон фрагментот; мојата немоќ да гледам во целина. Валтер Бењамин зборува за “проституцијата на просторот во хашишот”.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)