мој (прид.) - песна (имн.)

“Му дадов на Дилан една збирка мои песни пред неколку години, непосредно откако го видов на концерт.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Му реков: Па ти си сега богат, можеш да си дозволиш себеси да ја купиш, а тој ми одговори: ДА, но ме плаќаат на секои три месеци”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
По пат Тејлор ми раскажуваше за некој млад фолк пејач со име Боб Дилан кој во тоа време веќе имаше еден или два албума, но сѐ уште не беше доволно познат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
молитва за спас Повторно Неизвесноста Темниот час И Повторно таа Песната Тивката Молитва За спас. кон песните Зошто болен Зошто тажен здив Зар ве навредив? звучно семе Слушам: Некој ги шепоти Моите песни Тивко, Распеано.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Две мои песни се наградени, но не само тоа, се зажелев да ја видам Македонија и Скопје. Одамна не сум била долу на југот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нивниот приод е космички и доколку во моите песни го има космосот, тие ќе го чујат и ќе се одгласат. ...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
ЗАПИС ЗА ТРАГИТЕ Мајсторон што си потпевнува качен на скелено - не знае, егуменкана што шета низ дворон манастирски - знае, намерникот молкум сега што одминува - не знае, старецот преплашено што гледа во залезон - не знае, јаболконо што се ниша зацрвенето во дворон - не знае, и ѕвездана што сега паѓа од небеснине длабочини не знае Каде е Таа, тајно од мене што ја наслови мојава песна и со години ме остави да чекам загледан во ветрон што ја разнесува правта на нашата прошетка по земјава, каде е?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ако за моите песни ми зборува старец – рабин, мудар од крвта, староста и пророците, јас го слушам.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И излегувам (во повеќето мои песни излегувам), и среќавам (секогаш некого среќавам): исцрпени балерини напатени (по цела ноќ ми танцуваат во сништата).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
И мојава песна по неа.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ми беше сомнителна таа градација на чувства кон моите песни кај госпоѓата, која како да сакаше да се оправда за нешто, и ја замолив да ми ја даде Луција, да се чујам со неа, да чујам од нејзина уста нешто за песните.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Заминала дома со плачење, и цела ноќ ги читала моите песни; се проверувала себеси и својата партиска совест, и во песните не нашла ништо посебно штетно за Партијата и здравиот народен дух, освен што и понатаму мисли дека тие песни биле несоодветни за приредбата во училиштето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мене очите ми светнаа, грлото ми се сушеше, дланките ми се потеа; слушав како ги чита имињата на оние кои ги беше одредила да прочитаат по една рецитација, но мене на тој список ме немаше; ја прашав дали би можел и јас да прочитам некоја своја песна, а таа рече дека не би можел; ја прашав зошто, а таа рече дека моите песни се убави, но несоодветни (токму така рече: несоодветни), и дека овојпат не се бараат љубовни, туку патриотски рецитации.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Како ти се допаѓа мојата песна? И без да дочека одговор почна да објаснува.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Доживев и јас бескрајна радост, срцето мое песна да пее, за овој празник - нашата младост ко силно солнце што во нас грее!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
НАШЕТО ЗНАМЕ Развевај црвено знаме и легенди борбени плети, веј се над нашите глави - слободата нека ни свети.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Да го завршиме, добри мои, овој разговор со една моја песна во која се сеќавам на своите учители.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Би сакал, добри мои, да го завршам овој разговор со мојата песна “Нашето знаме“
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Го носиш како заден траг на денот. О како ќе ја пренесеш до другиот брег мојата песна!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Лежерна опуштеност, питом поглед, стиховите од моите песни долго патуваат, додека стигнат до затворената порта од твојата душа, што неуморно ткае песна во немирните ноќи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А, синко, бев и многу убава, во секое време ќе му запеев и тој ќе уживаше во моите песни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Едно време низ мојата песна слушнав врева, но воопшто не помислив на лошо, туку си велев: Бездруго нечии коњи се исплашени и сè ќе испокршат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)