Ја чекал мојата повест. Ах! Мојата повест!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Мојата повест, која требаше да ѝ даде смисла на одлуката за мојата осама во Маказар, никако не напредуваше.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ме кочи мислата дека сѐ што сакам да напишам во мојата повест која упорно ми се опира, не се дава, е можеби веќе кажано, всушност скепсата дека не би кажал ништо ново што светот не го знае и не го искусил веќе.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Седнав и, место мојата повест која беше сѐ уште само моја желба, напишав текст за „Време“ под наслов „Маказар во патописите на Јохан Барт од 1858“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
За да ја прекинам таа неделотворна занесеност, занесеност што не произведуваше никаква жизнена мисла и никаква реченица што би била запишана како дел од мојата повест, станав и ги ставив во една чинија двете крилца што останаа од пилето кое го купив од домашното производство на Чанета од дуќанот кај мостот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Еднаш или двапати се качи и кај мене, во собата горе, каде сега, место хартии од мојата повест, бев распослал копии од исцртаниот проект на водоводот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)