На листот хартија, го напишав оној мој повик: „Вода... Се врати водата!“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И јас почнав да измислувам: дека Луција дошла на мој повик; дека јас сум знаел дека ѝ е забрането да се гледа со мене, но сепак сум ја повикал; дека таа не се противела, дека со мене пиела вино и пушела цигари; дека самата ја соблекла кошулата, дека на месечината блеснале нејзините гради, како кај кучка (токму така реков, за да го излудам Фисот, кој, очигледно добро ги познаваше нејзините гради), дека јас сум ја одбил, а дека таа ми се заканувала дека ќе ме убијат од Партијата, затоа што ја одбивам; дека потем таа го слекла здолништето (ќелата на Фисот црвенееше сѐ повеќе и повеќе; жилата на вратот му се наду и мислев дека ќе пукне, дека кап срчева ќе го удри), дека потем јас сум ѝ ги слекол гаќичките, дека сум ѝ ги раширил нозете, дека таа ме молела да влезам во неа, и дека конечно, сум ја завршил работата, само заради сочувување на здравиот народен дух, и дека сум ја исчукал машки, по што таа долго ме бакнувала и ме галела на кејот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Водомаре, ме слушаш ли? Старчето сега не ми одговори, иако вториот мој повик гласно го изговорив.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Впрочем и твоето лице утринава не сакаше да се одѕве на мојот повик, одби да се појави во моето сеќавање, а твоите очи не ме погледнаа, дури не ми се ни насмевнаа, па јас не извлекував поради тоа несоответни заклучоци.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мислам дека сите овие бунила се случуваа уште додека седев во креветот и со врвоите на палците ги барав по земјениот под ремените на наламите за да ги навлечам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А го чувствував или можеби го слушав иако неизречен мојот повик, или молбата за помош.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Знам - ѝ велев со мојот возбуден шепот - навистина знам дека секому му е јасно дека не постои постапка или однесување што би можело покојникот да го охрабри или не дај боже да му напакости?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не знаеше дека пред малку всушност се наоѓала далеку, на границата што можеме само да си ја замислиме и дека оттаму во ова време ја беше вратил мојот глас, мојот повик.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Пред малку, изгледа, не забележа на каде тргна, нели? - прашав.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)